Во категоријата документарни филмови главни конкуренти на нашиот претствник се „Пештера“ кој говори за лекарка која во овие воени времиња таму оперира во најтешки можни услови а згора се породува со свое бебе, како и „Ааполо 11“ кој содржи до сега необјавени видео документи од освојувањето на Месечината
„Медена земја“ ќе се натпреварува во две категории за престижното, 92-ро издание на наградите „Оскар“. Американската филмска академија соопшти дека „Медена земја“ ќе се натпреварува во категоријата документарни филмови во кои влегоа 15 од првично предложени документарци. Македонскиот филм останува и еден од десетте номинирани во категоријата Меѓународен филм или поточно филм од неанглиско говорно подрачје, бидејќи во лос Анѓелес, н пример, како свои ги сметаат и австралиските и британските филмови!
Како што многупати сме објавиле, делото „Медена земја“ и кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут веќе ја добија наградата за најдобра кинематографија на Меѓународните документарни награди во Лос Анџелес. Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ја доби и наградата „Паре Лоренц“ што овој фестивал ја доделува за „давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“.
Гласањето за номинациите почнува на 2. јануари и ќе трае до 7. јануари. 2020 година. И годинава домаќин на „Оскарите“ ќе биде „Долби театарот“ во Холивуд, церемонијата ќе се одржи на 9. февруари во Лос Ангелес.
Македонскиот филм „Медена земја“ беше прогласен за најдобар филм во 2019 година од страна на Друштвото на њујоршки филмски критичари, а „Њујорк Тајмс“ го стави на врвот на листата на најдобри филмови годинава. Њујорк тајмс пред неколку месеци оцени дека „Медена земја“ е меѓу петте документарци што моа да се видат! Како главен конкурент беше посочен еден филм од Сирија кој веќе му ја еде наградата еропски Оскар на нашиот претставник пред носот („Пештера“) и кој говори за една лекарка- хирург која среде војната работи во една пештера и во меѓувреме таму раѓа бебе. Таа е дел од екипата која функционира во рамките на воениот тим на сириските бунтовници, со „американски грб“ и кои се против официјалните власти во Дамаск.
Инаку „Медена земја“ досега освои барем три дузини признанија во Европа и светот. И самите автори признаваат дека не ги броеле…
The Academy of Motion Picture Arts and Sciences се рзбира не ја соопшти листата за сите награди на Академијата, туку само онаа во девет категории: документарен филм, документарен кус филм, интернационален филм, шминка и фризура, музика (оригинална песна), оригинална музика, кус анимиран филм, кус филм и визуелни ефекти.
Документарни филмови
За 92. награда на Академијата ќе се натпреваруват 15. документарни филмови, категорија за која беа предложени 150 филмови. Членовите на жирито избраа 15. наслови кои ќе се натпреваруваат за Оскар, а меѓу нив е и „Медена земја“ („Honeyland”).
Листата на номинирани филмови, по азбучен ред се:
“Advocate”
“American Factory”
“The Apollo”
“Apollo 11” (силен конкурент, згора и американски)
“Aquarela”
“The Biggest Little Farm”
“The Cave” (веројатно најсилен во конкурнцијта)
“The Edge of Democracy”
“For Sama”
“The Great Hack”
“Honeyland”
“Knock Down the House”
“Maiden”
“Midnight Family”
“One Child Nation”4
Членовите на академијата од сите гранки беа поканети да учествуваат во прелиминарната рунда. Тие мораа да ги гледаат доставените филмови и да исполнат минимален услов за гледање за да имаат право да гласаат во категоријата. Нивните седум избори, надополнети со три дополнителни селекции изгласани од Извршниот комитет за меѓународни награди за филм на Академијата, го претставуваат скратениот список.
Филмови од неанглкиско јазично подрачје
Филмовите номинирни како странски се наредени според азбучен редослед:
Czech Republic, “The Painted Bird”
Estonia, “Truth and Justice”
France, “Les Misérables”
Hungary, “Those Who Remained”
North Macedonia, “Honeyland”
Poland, “Corpus Christi”
Russia, “Beanpole”
Senegal, “Atlantics”
South Korea, “Parasite”
Spain, “Pain and Glory”
За номинациите гласањето почнува во четврток, 2. јануари и ќе трае до вторник, 7. јануари. 220. година.
Годинешното доделување на Оскар ќе се одржи во недела, 9. февруари во Долби театарот во Холивуд, Лос Ангелес.