Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

И ПРЕД И ПО СРЕДБАТА СО МАКРОН: ВЛАДАТА НА МИЦКОВСКИ ЗНАЕ ДЕКА СО УСТАВНИТЕ ДОПОЛНУВАЊА СЕ ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ

November 12, 2024 Filed Under: Колумни

ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Откако ни се потврди и скепсата за средба Мицкоски – Радев под покровителство на Орбан, се надевам дека на следните сугестии ќе се посвети повеќе внимание

И пред и по средбата со Макрон: (Владата на) Мицкоски знае дека со уставните дополнувања се продолжуваат преговорите. Исто како што тоа беше условот и за Владата на Ковачевски. И за следната Влада, доколку политичките лидери уште сега не се помират со фактот дека колку и да ги избегнуваат – решенијата за граѓанската рамноправност се гаранција на македонскиот народ кон сите и на сите кон македонскиот народ. И низ Преговарачка рамка за полноправно членство во ЕУ.
Откако ни се потврди и скепсата за средба Мицкоски – Радев под покровителство на Орбан, се надевам дека на следните сугестии ќе се посвети повеќе внимание.
Не затоа што сме „неопходни”, туку затоа што сме добронамерни и – засегнати, како припадници на македонскиот народ и како граѓани на Северна Македонија – надвор од ЕУ.
Пораките од Макрон се јасни за оној што сака да ги види: поддршката останува, затоа што концептот и решението во „францускиот предлог” се пакетот отстапки што ја сменија основата на 80-годишниот пристап на Бугарија кон македонскиот народ – на различност дефинирана токму низ Уставот на Северна Македонија.
Затоа беше нереално очекувањето дека Радев би се сретнал со Мицкоски за да му ја оправда предизборната кампања и актуелната владина политика.
Сега е време да се каже: Со „средбата на маргините” за повторена поддршка за преговорите согласно утврдената рамка, Макрон јасно порача дека „фиромизација на преговарачката рамка”, оваа нова „двојна формула” на скопската медиа-партиска елита – е предвидливо себеоддалечување на Скопје од Брисел.
Оттука, форматот на средбата и појаснувањето низ соопштение од Елисејската Палата е средство на Париз да се знае што е зборувано, за да нема мешетарски толкувања во Скопје.
Горчината на „јавноста” во Скопје концентрирана во потегот „Водно” – „Дебар маало” – „Илинденска” веќе покажува дека и тие ја примиле пораката.
Сега е прашање кој ќе остане доследен на националниот интерес за членство во ЕУ: Мицкоски – менувајќи ја својата политика и реторика или опозицијата – останувајќи доследна на својата интегративна политика?
Реплицирањето на играта Црвенковски – Груевски по Букурешт 2008 и ускокнување на ДУИ во форматирањето предвремени избори е сепак препредвидливо. И некорисно.

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet