Дали оваа смрт е доволна за вистински уништување на силите што некако се повторуваат во свото присуство, не е прашање што администрацијата на САД сега би сакала да го постави. Важно е Трамп да ги потенцира сопствените заслуги. Сојузниците ја поздравија акцијата, Тел Авив нагласи дека кампањата допрва почнува, Иран смета дека САД го убиле сушптеството кое сами го создале е Кремл нагласи дека нема релеватниподатоци за акцијата
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Како во вистински акционен филм, американските авиони летаа над опасните сириски територии, потоа нивните хеликоптери слетаа пред домот на водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади, а кога тој виде дека нема шанси бегство, избегал во тунел во кој се разнел експлозив. Неговите три деца исто така беа убиени во тој напад.
Ова е накусо стријата која официјално ама скржаво објаснува како загинал Ел Багдади. За оние кои се сомневаа во целата приказна, наскоро беа објавени видеа, што треба да докажат дека сè е исто како што беше објавено. Доналд Трамп, американскиот претседател, на итно сивканата прес конференција јасно објасни дека Багдади бил исплашен, дека избегал, а потоа иле фрлени камења на неговото мртво тело.
„Америка ја донесе правдата на терористот број еден во светот“, рече Трамп. „Го баравме веќе три години“.
Оваа тајна операција е спроведена во Идлиб, иво основа беше „големо изненадување“,бидеќи беше објавено претхоно дека Исламската држава не постои. Но сега Трамп одново ја затвори таа војна, објавувајќи го одново крајот на Исламската држава. Инаку, куќата во која се наоѓаше беше целосно срамнета со земја, во секој случај.
Дали оваа смрт е доволна за вистински уништување на силите што некако се повторуваатво свото присуство, не е прашање што администрацијата на САД сега би сакала да го постави. Важно е Трамп да ги потенцира сопствените заслуги, да се нарече себеси човекот кој стави крај на проблемот и со тоа да отвори простор за повлекување на трупите од Сирија. Освен што војската сепак би била под контрола на нафтените полиња (!). Уште поважно, тоа е добар адут на претстојните избори следната година.
Сојузниците на САД во светот го поздравија убиството на Абу Бакр ал-Багдади, нарекувајќи ја акцијата голем удар за Исламската држава, но, нагласуваат дека ИСИС се` уште претставува терористичка закана.
Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер напиша дека смртта на ал-Багдади е само една фаза.
„Со нашите партнери во меѓународната коалиција, борбата продолжува за да се порази оваа терористичка организација. Тоа е наш приоритет на Блискиот исток“, напиша тој.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека убиството на лидерот на Исламската држава е пресвртница во заедничката борба против тероризмот, нагласувајќи дека е убеден оти ќе се постигне мир во светот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, му честита на Трамп за, како што рече „ова достигнување е важен пробив, но, кампањата е пред нас“, изјави Нетанјаху.
Иран, пак, рече дека убиството на лидерот на Исламската држва не е голема работа, и оти САД едноставно го елиминирале суштеството што сами го создале.
Лидерот на сенатското мнозинство Мич Меконел, рече дека ова е победа за САД и нивните партнери, и оти светот сега е побезбедно место.
Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси изјави дека убиството на ал-Багдади е значајно, но, додаде дека Исламската држва и натаму постои, и оти не смее да се дозволи да ја обнови заканата кон САД.
Кремљ, пак, рече дека нема кредибилна информација за спроведената акција.
Американските војници ќе се повлечат од тој ел на Блискиот Исток, ама не и од нафтените полиња. Дали е тоа „воен плен“, се прашуваат ,многумина.
„Сакаме да обезбедиме дека ИСИЛ нема пристап до ресурси што ќе им овозможат да се вратат во регионот, да извршат напади врз Европа, врз САД“, изјавниот секретар за одбрана Еспер. САД ќе ги зголемат силитекои што се грижат за безбедноста на нафтените полиња и рафинериите во источна Сирија од Исламската држава, иако повеќето од војниците се повлечени од земјата.
„Преземаме одредени потези. Ги јакнеме позициите околу Деир ел Зоур, за да осигуриме дека ИСИЛ нема пристап до нафтените полиња“, изјави секретарот за одбрана Марк Еспер, користејќи акроним за групата. Тој зборуваше по серија средби со сојузниците на НАТО во Брисел.
„Сакаме да обезбедиме дека немаат пристап до ресурси што ќе им овозможат да се вратат во регионот, да извршат напади врз Европа, врз САД“, изјави Еспер.
Ова практично значи дека САД сепак ќе задржат 10.000 војници на специјалните армиски сили во североисточна Сирија, коишто ќе работат претежно со курдските демократски сили, како дел од напорите предводени до САД, за искоренување на Исламската држава.
Од ослободувањето на последната област која беше под контрола на ИСИЛ, САД и Сириските демократски сили се фокусирани на згаснување на изолираните терористички ќелии за да спречат ново будење на бунтовништво. Но, претходно, во октомври, американскиот претседател Трамп нареди повлекување на американските сили пред да започне турската офанзива за „чистење“ на пограничниот регион од курдските борци, кои Анкара ги смета за терористи. „Нашите војници заминаа од Сирија и се враќаат дома“, напиша претседателот Трамп на Твитер.
Последните соопштенија рефлектираат мешани пораки за американската политика во Сирија.
Во минатата средата, во време кога го поздрави Договорот зад кој застанаа и САД, со цел да запре војувањето меѓу Турција, сојузник во НАТО од една страна, и курдските сили кои им помагаа на американските за време на војувањето против Исламската држава, Трамп рече дека САД „се повлекуваат од земјата“. „Да оставиме друг да војува“, додавајќи дека „САД ги обезбедиле нафтените полиња, пред да одлучат што да се прави со нив во иднина“, рече Трамп.
Во серија твитови, Трамп ја подвлече важноста на нафтените полиња.
„Никогаш нема да им дозволиме на ИСИЛ да ја повратат контролата врз нафтените полиња. Веројатно е време Курдите сами да се грижат за нив“, изјави Трамп.
Запрашан за американската стратегија во Сирија, секретарот за одбрана Еспер рече дека е конзистентна.
„Секогаш се работеше за пораз на коалицијата на ИСИС. Се преземаа специфични мерки за намалување на нафтените полиња, но и да им се спречи пристап на ИСИЛ во тие ресурси“, изјави тој.
Исламската држава ја презема контролата врз источните сириски нафтени полиња во 2014-та, и ги држеше се до 2016-та. Аналитичарите проценуваат дека терористичката група од нив заработила околу 750 милиони од продажба.
Официјални лица и аналитичари се сомневаат дека Исламската држава, која се реорганизираше во бунтовништво, ќе ја искористи шансата и ќе ја преземе контролата врз нафтените полиња, но предупредија дека може да најдат начини да ја ги искористат.
(користени се материјали од други агенции и од неделикот НИН)