А што значи тој прост и неудобен факт кога, една политичка структура, ја постава дисциплината и покорноста на највисоко место во скалата вредности? Тоа значи дека дисциплината и покорноста се многу подобри од слободната мисла и волја; од еднаквоста – идеал за секоја политика, иако недостижен. Да, тој е – недостижен! Ама, една работа е држите до тој идеал, а сосем друго кога ќе го смените со идеалот дисциплина и покорност
kога ќе чујам дека имало „многу чесни луѓе“ во ВМРО-ДПМНЕ од устата на некои министри во владата на Заев, но и од устата од високи партиски ликови на СДСМ (сега тие две усти се една) кај мене автоматски стапува на сцена, веќе облечен во црна тога, еден строг внатрешен истражител кој почнува да прашува, небаре Фатиме Фетаи од Специјалното на Катица:
Добро бе, златен, кои ти се тие многу чесни од ВМРО-ДПМНЕ? Некој од елитата на Мицковски како оној Богојевски кој бара демократија во партија иако талка по тоа? Некој друг како Јанчев, градоначалник на Кавадрци, кој е за ЕУ и НАТО ама против „капутлантскиот“ договор со Ципрас? Некој трет како Есмеров кој е против „внатрешната и надворешна изолација“ и кој мисли дека однатре, под команда на Мицковски, ќе најде лек за таа изолација која се заканува да го растури Вемерето како дете тропалка?
Сите тие, златен, наивно веруваат дека зборовите се посилни од делата; дека убавите зборови сами ќе се втиснат во душата на послушното и покорно членство; дека потоа, тоа чесно членство ќе тргне по нивниот ум; дека ќе дојде до критичка маса која ќе ја собори деспотската власт внатре во ВМРО-ДПМНЕ; за да дојде на власт една демократска со Богојевски, Јанчев, Есмеров, замена за Христи, Николовски и Јанушев?
Нека биде толку за тоа “кои се“. Сега за тоа – “каде се“?
Сите тројца спомнати се под легална команда на Мицковски. Како? С. Ордановски тврди дека во Статутутот на ВМРО-ДПМНЕ имало клаузула која му давала право на вето на водчот; тој можел да суспендира одлука на кој било партиски орган. Или, првите луѓе на општинските и месните комитети, па преку нив членството (некои 150 000 души) се тркалца од партиска машинерија под команда на една глава и една волја со право на – вето
А што значи тој прост и неудобен факт кога, една политичка структура, ја постава дисциплината и покорноста на највисоко место во скалата вредности? Тоа значи дека дисциплината и покорноста се многу подобри од слободната мисла и волја; од еднаквоста – идеал за секоја политика, иако недостижен. Да, тој е – недостижен! Ама, една работа е држите до тој идеал, а сосем друго кога ќе го смените со идеалот дисциплина и покорност.
Каква е, по душа, една политичка партија која вредностите дисциплина, и покорност ги поставила на највисоко место од скалата животни вредности? Таа политичка партија е, по душа, воена струкура. Во име на ефикасноста од која живее, таа има елита (генерали) која командува и војска која извршува команди. Таа не е парламент во кој се поднесуваат некои 30 000 амандмани како што, еднаш направи партијата-војска на Христи Мицковски-Клекнатиот.
Зошто политичка партија прибегнува кон погодноста воена, полувоена или „султан“ партиска структура како што имаме обичај да кажеме кога зборуваме за нашата “кревка демократија“ во која се отсликува структурата на партијата на власт? Затоа што таа погодност е подобра од јалов партиски дијалог кога треба да се освои власт. не толку добра, опасна и ужасна откако ќе се освои.
Легитимна цел на секоја политичка партија, па така и на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција е да се бори за власт. Подобро лепило кое држи на купче членство од лепилото власт – нема. Во борбата за власт како и во борбата на воено поле сè е дозволено. Сè е дозволено затоа што воените операции си имаат своја логика, а цвилниот живот – своја. Логиката на војната е логика на силата како закон. Логиката на цивилниот живот е логика на законот-сила кој важи за сите: како за анонимното членство, така и за партиската елита на тоа членство.
Добро зборува дека ВМРО-ДПМНЕ е воена политичка структура она „РО“ од ВМРО кое се комбинира со „ДП“ од вториот дел на партиското лого. Една револуционерна организација во илегала каква што беше онаа на Делчев од 1893 не може да се замисли без безусловна верност кон „каузата“ за која се дава клетва пред комитска кама и пиштол. Очигледно е: една/секолја револуционерна организација не може да биде и демократска партија истовремено, каква што сака да биде сега ВМРО-ДПМНЕ. Таа може да биде, во најдобар случај, фасада (макар и од стиропор) за онаа “револуционерна“ која не може без сила. А пак силата брзо и лесно, неминовно еволури во – насилство.
Што прават оние „многу члесни луѓе“ како елита или членство? Сакаат да бидат демократи и револуционери истовремено? Тие прават едно големо ништо сè додека мислат дека е можно – тоа! А зошто мислат така? Тие гледаат дека „РО“ од ВМРО и „ДП“ од ДПМНЕ се антагонисти? Затоа што просто не сакаат да видат? Затоа што тактизираат? Затоа што се самозалажуваат? Или сите тие работи истовремено што е – најверојатно?
Ако се тие крупни работи во прашање своевидна мимикрија, ако сепак има „чесни“, не може до бескрај да го одлагаат показот и доказот за таа своја „чест.“ Честа на зборови е, исто така, бесчестие! Прва работа што треба да ја направат е да му откажат безусловна покорност на својот шеф кој им допушта чест само на зборови затоа што и нему му треба демократска фасада. Сè друго е ветер и и пржена магла. Се друго е бесчестие зад фасада – чес!
Ајде, да речеме, дека не е сè така црно со судбината на Вемерето. Дека, по некое чудо, демократите (сè уште на зборови) доаѓаат на местото од Христи, Николовски и Јанушев. Дури и да дојдат, јас не гледам дека се во состојба да направат нешто ако не го тргнат она “РО“ од ВМРО и “МНЕ“ од ДПМНЕ. Зошто? Затоа што демократијата и револуцијата не одат рака под рака. Како што не одат рака под рака политичкиот плурализам со националното единство.