Нашиот заклучок: без оглед на огромната разлика во животниот стандард и просечната плата, цените во Германија во најголем дел се поевтини. Во Македонија осетно поевтини се само солта, кафето, овошјето и зеленчукот
Анализата на германскиот Институт ВСИ за трошоците за живот во европските земји која ја објавивме минатата недела предизвика бројни полемики на социјалните мрежи. Во истата се тврдеше дека основните животни производи во Македонија се меѓу најевтините во Европа и дека таквата разлика доведува до тоа едно евро заработено во Германија да вреди двојно повеќе во Македонија.
Поведени од ваквиот заклучок тргнавме во директна анализа на цените на основните животни производи во Македонија и во Германија.
Нашата анализа укажува дека производите во Македонија не само што не се поевтини, туку се во најмала рака со иста цена или дури и поскапи од богатата Германија. Нашиот заклучок: без оглед на огромната разлика во животниот стандард и просечната плата, цените во Германија во најголем дел се поевтини. Во Македонија се поевтини солта, кафето, овошјето и зеленчукот.
Сеедно дали се работи за млеко, јајца или овошје – многу прехранбени намирници поскапеа значително во изминатите 12 месеци. Зголемувањето на цените од речиси 3 отсто, според наводи на Сојузниот завод за статистика, е речиси двојно поголемо од стапката на инфлација. Причина за тоа – времето на големите снижувања е минато.
„Борбата за што пониски цени во германската трговија со прехранбени намирници е минато“, вели Матијас Квек од групата за анализа во „Весник за прехранбени намирници“. „Во моментов ниту дисконтите, ниту супермаркетите немаат интерес да настапуваат непотребно агресивно во делот на цените.“
Ако намалувањето на цените порано беше голем настан со огласи во весниците на цели страници, денес такво нешто нема. „Снижувањата кои се прават во моментов честопати се чисто хомеопатски. Наспроти тоа, зголемувањето на цените е солидно“, вели овој познавач на браншата.
Така на пример, туната е поскапена за дури 30 отсто. Во продавниците за козметика поскапени се цели групи производи. Тоа ги спречува потрошувачите да се префрлат на друг, поевтин производ.
Експертот Квек не мора долго размислува околу причините за крајот на борбата со цените. „Тоа делумно едноставно се должи на тоа што потрошувачите се подготвени да потрошат повеќе, затоа што повеќе заработуваат.“
Дека многу потрошувачи се подготвени да потрошат повеќе покажува и актуелната студија на институтот за истражување на пазарот – ГфК. Според неа, потрошувачите во меѓувреме почесто си дозволуваат „мал луксуз“ со тоа што почесто од нормално посегнуваат по поскапи производи, сеедно дали се работи за купување храна или козметички производи. Тоа, меѓутоа, не значи дека купувачите не го регистрираат зголемувањето на цените. Според наводи на претпријатието за истражување на пазарот „Нилсен“, во меѓувреме 74 отсто од потрошувачите имаат чувство дека цените на прехранбените намирници се зголемуваат. За споредба – пред една година само 59 отсто потрошувачи имале чувство дека работите поскапуваат. Половина од купувачите тврдат дека веќе реагираат на зголемувањето на цените со тоа што чекаат специјални поевтини понуди или купуваат поевтини марки.
Квек смета дека наскоро нема да има повторно огорчена броба за што пониски цени. „Сѐ додека стапката на пораст во прехранбената трговија е висока како во моментов, претпријатијата немаат причина да ја потпалуваат конкурентската борба со пониски цени“, смета тој. Конечно, големиот пораст во трговијата со храна во Германија изминатата година, според ГфК, се должи пред сѐ на две работи – подготвеноста на потрошувачите да купуваат почесто поквалитетни производи и зголемувањето на цените.
Сепак, тоа не зачи дека се купувале и поголеми количества производи. „Побарувачката во количество стагнира веќе долго“, велат до ГфК. Оттука, доколку повторно заживее борбата со ниски цени, меѓу трговците ќе има повеќе губитници отколку добитници.
Сликата за потрошувачите е сосема поинаква. „Трговијата одамна се чука в гради дека никаде во Европа прехранбените намирници не се толку поволни за потрошувачите како што е тоа во Германија. Не сум сигурен дека тоа и навистина е така“, оценува Квек.