Нашите домашни миленичиња еднаш ја спасиле цивилизацијата, кога ги сотреле стаорците кои ја пренесувале чумата. Денес таков спас нема на повидок Министерот Филипче неодамна повторни нешто што веќе сите го знаат – да се чека вакцина или уште подобро некаков друг ефикасен, побрз лек или како втора опција – да се стекне колективна имуност кај населението. Трето засега нема
Кога во 14. век чумата завладеала со Стариот континент, ова подрачје, потенцијално и целиот свет бил спасен од – мачките. Ова се чини дека е малку познато, но кога бев помлад тинејџер, во неделните претпладнина на малите екрани одеа приказни во кои водител беше познатиот Волт Дизни. Една од тие приказни, доловувани со анимирани стории, прекинати со негови повремени монолози во камера на продуцентот Дизни, заради уверлиост тука беа неговите негувани мустаќи, истакна дека мачките во Европа масовно се убивани заради оној познат лов на вештерки во средниот век, кога биле сметани дека се миленичиња на Злото, односно на оние дами кои летаат на метла, плус имаат урокливи очи, просто дека се баксуз ако те сретнат на улица а камо ли да ти бидат в куќи! Но, во текот на седумгодишното царување на чумата (1345 – 1352), ),, било забележано дека онаму каде има мачки чумата не влегувала!
Најпрвин треба да се каже дека чумата е дојдена од Кина и тоа најпрво во Италија (дозволени се сите асоцијативни мисли во мигот) и дека клучни носители се стаорците, кои постоеле на бродот. Тие, дојдени во земји на избилство, се множеле со парадоксална брзина а така ја ширеле и болеста. Проверив и во Википедија, се потврдува тоа – чумата е резултат на бацилус (Bacillus), организам најчесто носен од глодари во нивното крзо. Стаорците, но и други глодари исто така, а кои постојано биле во контакт со кучињата, ги носеле овие болви и го инфицирале човекот и другие животни. Луѓето насекаде патувале, а со нив и овие животни, пред се кучињата, кои биле во нивен постојан физички допир: човек-куче.
За разлика од мачките, кои постојано го чистат сопственото крзно, кучињата ја немаат таа особина, па тие постојано се валкани и лесно заразени. Така што стаорците и други слични глодари, лесно ги пренесувале болвите и заразните болести, а преку кучињата болеста оделеле и во „царските дворови, каде нивните жени, принцези и кралиците ги чувале овие животни, па дури и спиеле со нив, и болвите слободно се движеле низ човекот-домаќин. Потоа болвата ја пренесува крвта од стаорецот во човекот, инфицирајќи го!“
Сега да се вратиме на мачките. Тие во тоа мноштво на стаорци на континентот гледале само „шведска маса“, па ако немало глодари, немало преносители на болеста. На луѓето измачувани долго со чумата, кои пробувале се, носеле маски на лицето (!), сметајќи дека смрадот на мртвите е клучот на разбирање на болеста, се мачкале со разни билки, поповите прскале темјан (како и сега), па луѓето спроведувале разни диети (се мислело дека рибата не треба да се јадеа) …
Најпрво се увидело дека помалку ја има болеста во зафрлените селски домаќинства (во едно такво е напишан и „Декамерон“ од бегалци кои дошле од големите градови, па така започнала ренесансата) каде немало глодари. Но, имало мачки,кои од некоја причина, главно заради толеранцијата на селаните – пстоеле. Па се „собрало два и два“.
Бидејќи ги немало тие денешни миленичиња, истите биле масовно увезувани од Египет, каде биле, вели Дизни, миленици, им било давано својство на олицетворување на некоја божица (Изида?) па потоа, лека полека, како што мачките се множеле така исчезнувале и преносителите. Денес мачките остануваат главни жртви на чумата, која и натаму опстојува кај глодарите, во нивното крзно, се разбира не масовно, туку од време на време, инцидентно а се случува да им ја пренесуваат и на сопствениците (оние сопственици на мачки кои не го знаат ова нека прочитаат упатства – како да ја препознаете чумата во вас!).
Чуму ваков увод? Па, сега нам ни е нужно да ја најдеме вистинката мачка, бидејќи немаме видлив излез од епидемијата со корона вирусот што неумоливо се шири, веќе зафати над 220 земји (сите?!) и ја мина бројката од1,2 милион заболени лица . Тоа е амо една страна на медалот, бидејќи, додека луѓето засега седат дома и се трудат да бидат што поголеми немтури и да не се дружат со никого, економијата пропаѓа па дури и кога ќе помине ова зло (има тука нели едно „дури“ и едно „ако“), ќе треба да се вратат на работните места кои во многу случаи нема да ги има!
Министерот Филипче неодамна повторни нешто што веќе сите го знаат – да се чека вакцина или уште подобро некаков друг ефикасен, побрз лек или како втора опција – да се стекне колективна имуност кај населението. Трето засега нема.
Колективен имунитет е форма на индиректна заштита од инфективни болести кој се јавува кога голем процент од населението имаат стекнато имунитет кон одредена инфекција, со што се обезбедува заштита за лицата кои не се имуни.[ Во популација во која голем дел од луѓето се имуни, се запира или забавува верижното ширење на инфекцијата. Колку е поголем бројот на имунизирани лица, толку е помала веројатноста оние кои не се имунизирани да дојдат во контакт со заразено лице.
Индивидуалниот имунитет може да биде здобиен преку стекнување на инфекцијата или преку вакцинација. Некои лица не можат да бидат вакцинирани од медицински причини и за оваа група колективниот имунитет е важен метод на заштита. Откако ќе биде достигнат одреден праг на имунизирани лица, колективниот имунитет постепено ја елиминира болеста од популацијата. Оваа елиминација, доколку се постигне на светско ниво, може да резултира со трајно намалување на бројот на заболувања на нула, што се нарекува ерадикација на болеста.
Што е со вакцинацјата?
Во интервјуто на еден од врвните луѓе во СЗО Џонатан Квик, што го пренесовме пред еден месец, тој рече дека Ариканците бргу ќе дојдат до акцина а дека Кина, од каде стигнуваат фалби – ќе задоцнат. Како и да е вакцината, заедно со пробниот период, па чекањето на разно-разни дозволи че стигнат до доцната есен. Не е многу утешно, нели.
Всушност експертите посочуваат дека во услови на пандемија и трка меѓу фармацевтските компании, развојот на вакцината нема да трае долгој. И медиумите нагласуваат дека лекот не смее да биде достапен само на привилегираните поединци или држави.
Токму затоа шпекулациите за потенцијалниот откуп на вакцината од страна на Трамп наидоа на голема осуда на глобалната јавност, а првиот човек на CureVac (германска фирма од случајот за кого пишувавме, исто така), на кого наводно му се понудени пари, изјави дека, доколку им појде од рака да ја развијат, вакцината ќе биде достапна на целиот свет. САД, Германија и КИна, тоа се земјите од каде треба да дојде спасот по овој основ.
Лекарите генерлно многу не вруваат во класичен лек за овој нов вирус. Светот се вклучува во барање на истиот во нештовго има на рафтовите на аптеките. Меѓу нив е и „remdesivir“, експериментален лек развиен во текот на епидемијата на ебола во кој светската јавност денес полага најмногу надеж.
Првото излекување со ремдесивир го објавија Италијанците, откако пациент (79) години, заразен со вирусот COVID-19, бил третиран со овој лек и потоа на двапати покажал негативен резултатна корона.
Истовремено, кинеските официјални лица тврдат дека јапонскиот лек „avipiravir” познат и како Авиган, се покажал како ефикасен во сузбивањето на короната. Овој лек против грип го има произведено Тојама Хемикал, подружница на компанијата Фуџифилм која, освен по фотоапарати, сега е позната и во фармакологијата. Здравствени и фармаколошки експерти, меѓутоа, моментално се скептични околу прашањето на однесувањето на секој од овие наведени медикаменти доколку се најдат во поширока употреба.
Значи, треба да чекам мачката сама да се врати и за тоа ќе ни треба многу трпение.