Случајот „Титаник“ низ преслушуваните разговори јасно покажува дека изборите кај нас се одржувале со монструозен инженеринг на тогаш владеечката партија
Според последната „рунда“ на случајот „Титаник“ се потврдува дека анкетите на Институтот кој го водел Владимир Божиновски биле лажни и во функција на ВМРО-ДПМНЕ. Разговори што се слушнаа во предметот „Титаник“ што се води против поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште една потврда за злоупотребите што 11 години ги правел режимот.
Во понеделникот јавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале во јавноста лажни анкети, преку кои се манипулирале граѓаните.
Анкетите на Божиновски биле нарачани по принципот „ало Миле“ што е уште потврда дека анкетите на Институтот за демократија биле лажни и единствено во функција на ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението од конкурнтската партија од македонскиот блок се тврди дека „ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и демократски услови, за нив
Од изнесено се гледа дека засега централна фигура во судењата во случајот „Титаник“ има Миле Јанакиески, чии разговори, односно „бомби“ се јасни сведоштва дека целата државна апаратура била ставена во функција на лажирање на изборните резултати, а со тоа во преден план се исфрла и тогашната министерка Гордана Јанкулоска.
Имено, телефонски разговор од 31. мај 2011. година, во кој учествувале Гордана Јанкулоска и нејзиниот колега Зоран Ставревски, потврдува дека МВР на ВМРО-ДПМНЕ му ги ставило своите ресурси на располгање, а пред се службените возила. Јанкуловска му кажува на Ставревски дека полицијата, односно возилата веќе немаат гориво и дека инспекторите на увид оделе пешки или со свои возила. Според Јанкулоска, ситуацијата била најтешка во Скопје, бидејќи тие не планирале да ги изгубат изборите во главниот град.
„Луѓе од МВР има во Струмица – бензин нема. Нмен ни коли. Бензин никаде. Сè што имавме – потрошивме“, вели Јанкулоска, а Ставревски и одговара: „Е, па, да сме живи и здрави“.
Кога е во прашање Струмица од „бомбите“ може да се слушнат и конкретни имиња на вработени во СВР Струмица, а кои и нудат на Јанкулоска по 50 лица кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, актуелниот претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, чие име во понеделникот се слушна во еден од разговорите кои што се дел од доказите во предметот „Титаник“, изјави дека тој работел во согласност со позитивните законски прописи и дека не знае точно за кој и за каков разговор станува збор, бидејќи, се уште ги нема материјалите.
„Да, слушнав и јас дека се спомнало моето име. Не сум чул, не сум преслушал, не сум видел како точно тоа било, меѓутоа, можам да ви кажам дека во изминатите години сум се слушал со многу луѓе на телефон, сум зборувал, и луѓе барале од мене нешто и секакви идеи постоеле, меѓутоа јас можам да кажам одговорно дека секогаш сум постапувал согласно позитивните законски прописи. И сигурно сум постапил и сигурно сум постапил и тогаш кога од мене се барало можеби нешто што не е во согласност со законот“, вели Оливер Дерковски и појаснува дека сето она што денеска се спомнало немало да влијае врз неговата работа во ДИК.