Во услови на мало производство на елекрична енергија од сонце, неколкумина милионерчиња лесно се богатат. Тали тука лежи тајната на нашата спорост во изградбата на фотоволтаични извори на енергија?
ЗОРАН МИТРЕСКИ
Украина и покрај неколку децениската воена и економска агонија успеаја само втолско село Германо последниве години да инсталираат цели 795,8 МWp фотонапонски системи. Додека во Македонија дали имаме или не максимум до 30 МWp и покрај неверојатните далеку поповолни метеоролошки услови отколку што ги има во Украина т.е. сончево зрачење кај нив 900 – 1.200 КWh на 1 м2 на годишно ниво, наспроти сончевото зрачење во Македонија од 1.400 – 1.600 кWh на 1 м2.
Само за неколку години успеаја да ја регулираат и постават најниската тарифа во Европа со продажна цена од 0.0442 Евра/кWh и субвенционирана цена за инсталација на овие системи по цена од 0.11 Евра/кWh, додека ние сме на 7 место (после соседните Косово, Босна и Херцеговина и Србија) со продажна цена од 0.0783 Евра/кWh и понудена несубвенционирана цена за инсталација на овие системи од 0.04 Евра/кWh. Како изгледа ние се размавтуваме со празна демагогија и продавање на празна магла, додека разликата е очигледна и огромна меѓу направивме и ќе направиме!
Кој во Македонија направи милиони евра продавајќи струја од сонце?!
Сите шест милионерчиња заедно од 2012 година до сега произвеле струја колку што цела Македонија троши во два просечни зимски дена. За тоа наплатиле 12,35 милиони евра. Пржи ли или грее струјата од сонце?!
Сонцето е извор од кој се произведува електрична енергија и не ја загадува животната средина. За стимулација на тие што вложуваат со производство на струја од сончеви извори (фотоволтаици) нашата држава согласно со политиките на ЕУ даваше солидни стимулации. За нештата да станат појасни: за еден произведен мегаватчас струја некои производители на струја од сонце наплаќаат 410 евра. За споредба тоа е десет пати повеќе од цената за произведената струја што ја наплаќа од државата најголемата домашна компанија ЕЛЕМ. Од 2011 година до сега повластената тарифа во два наврати беше снижена од 410 евра за мегаватчас на 260 евра за мегаватчас, па на сегашните 120 евра за мегаватчас електрична енергија произведена од сонце. Ги пржи ли сонцето претворено во струја џебовите на сите нас граѓани и фирми кои во крајна линија го плаќаме овој „луксуз“?
Кои фирми се милионерчиња од производство на струја од сонце?
„Мегасолар ДООЕЛ“, скопска фирма која има фарма за производство на струја во селото Гермијан, во општина Новаци, битолската околија е убедлив лидер во производство на струја од сонце во категоријата заработени пари! Од официјалните податоцо од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) фирмата „Мегасолар“ досега инкасирала 3,825 милиони евра од продажба на 9.329 мегавати струја. Таа е повластен производител кој во јули 2011 година доби привилегирана цена од 410 евра за мегаватчас струја. Оваа фирма има лиценца за продава струја по 410 евра за мегаватчас до 2031 година. Ако се земе во предвид колку пари добиле за околу 30 отсто од каренцата на лиценцата, а не знаеме колкава била инвестицијата во централата, во крај на 2031 година реално е да очекуваат приход што во најпесимистичка варијанта ќе надмине 12 милиони евра. Ако се земе во предвид дека производството на оваа соларна централа од почетокот до сега е доволно да ги задоволи потребите за струја на цела Македонија за одвај 8 часа прашање е дали вредело да се инвестира во ова? Колку школи, детски градники или болници ќе чини производството на „Мегасолар“ до 2031 година?
„Торпедо Солар“ е сончева централа лоцирана во битолското село Егри. Од декември 2012 година до сега со повластената цена од 260 евра за мегаватчас оваа сончева централа имала приход од 1,97 милиони евра. Нејзиниот инсталиран капацитет е речиси еден мегават, а досега на мрежа предала 7.577 мегаватчасови електрична енергија.
На листата милионерчиња е повторно битолска компанија – АБ Солар Битола која има две централи во демирхисарскиот регион поточно во Суводол. Двете централи имаат привилегирана цена од 260 евра за мегаватчас, а досега заедно предале 7.275 мегаватчасови струја. За тоа АБ Солар Битола наплатил вкупно 1,89 милиони евра. Овие сончеви централи работат од 2013 година.
На четврто место е уште една пелагониска централа управувана од скопска фирма. Станува збор за компанијата„Солартек“ која има производна единица со инсталиран капацитет од 1 мегават поставен во прилепското село Старо Логово. Од 2013 година до сега предале 7.265 мегавачасови електрична енергија и за тоа имаат приход од 1,889 милиони евра. Мегават струја продаваат за 260 евра.
Петтата позиција е резервирана за една централа од Штип. Фирмата е „Текома“ поставена е инсталацијата кај селото Долани, а инсталираниот капацитет е 777 киловати. Мегават струја продаваат по цена од 260 евра, работат од 2012 година, а досега произвеле и предале 5.595 мегаватчасови струја за штонаплатиле 1,455 милиони евра.
Последниот шести милионер е скопската фирма „Отворена енергија“ која има соларни панели кај селото Дуброво во близина на Неготино. Од почеток на 2014 година до сега по цена од 260 евра за мегаватчас продала 5.078 мегаватчасови електрична енергија. Нејзините приходи од привилегираната тарифа досега се 1,320 милиони евра.
Сите шест милионерчиња заедно за сите тие години произвеле струја колку што цела Македонија троши во два просечни зимски дена. За тоа наплатиле 12,35 милиони евра. Пржи ли или грее струјата од сонце?!
„Фактор“ во оваа прилика јавно се заблагодарува за соработката на надлежните лица од Регулаторната комисија за енергетика за доставените податоци. РКЕ покажува дека е лидер во транспарентност чиј пример можат да го следат и другите јавни институции.
Македонската фабрика за фотоволтаици, „Пиксел груп“ прави иновативни термални модули кои освен електрична, произведуваат и топлинска енергија
Првата македонска фабрика за фотоволтаици, „Пиксел груп“ инвестираше 200.000 евра и го зголеми производствениот капацитет на 50 мегавати. Компанијата, која стартуваше со работа пред една година, своите производи ги пласира на домашниот и на пазарите во регионот и пошироко, а во овој период нивните модули се инсталирани на 120 централи за производство на електрична енергија. Освен монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули, од неодамна во производствените погони на „Пиксел груп“ се произведуваат и хибридни фотоволтаични термални модули, иновативен производ, кој што освен електрична, произведува и топлинска енергија и кој, како новитет ќе се нуди на eвропскиот пазар.
Според првите луѓе на компанијата, Горанчо Паунов и Димитар Ковачевски, плановите за иднината се поврзани со нови инвестиции и следење на светските трендови во оваа индустрија.
„Стартувавме со производна линија од 20 магавати годишно, а целта ни беше за една година, да дојдеме до 50 мегавати, со што би одговориле на потребите на домашниот пазар, но и на регионалните пазари. Со задоволство може да кажеме дека веќе произведовме 10 магавати фотоволтаични панели и имаме повеќе реализирани проекти. Високиот квалитет на производите се потврдува и преку продажните резултати, при што во текот на една година фотоволтаичните модули на компанијата се инсталирани на 120 соларни централи со различна моќност за производство на електрична енергија. Горди сме што реномирани компании како Витаминка, Макпрогрес Винчини, Адора, Ариље Метал, Мак Тоис, Ларс, ФФМ, Агрогама и уште 108 училишта и градинки во 34 општини во Северна Македонија произведуваат електрична енергија од сонцето со помош на нашите фотоволтаични модули“, изјави директорот на „Пиксел груп“, Горанчо Паунов.
Македонскиот производ, посочува, е висококвалитетен и сертифициран со TUV SAAR, најстрогиот и нарелевантниот сертификат во оваа индустрија, како и со повеќе меѓувародни стандарди прифатени во Европа и светот, кои ги опфаќаат квалитетот на производството и на суровините. Компанијата најавува дека е подготвена за предизвикот и да биде стабилен партнер кој ќе понуди производи со врвен квалитет и во проектот за градење на капацитети на фотоволтаични централи до 200 мегавати на државна и приватна земја, што го најави Владата.
Инвестицијата во фотоволтаици од четири киловати за домаќинство е приближно 3.500 евра, а во хибридните системи до 5.000 евра. Ова, според Ковачевски, е еден од најефикасните модели за надминување на проблемите на македонските градови со високата загаденост на воздухот.
„Основните фактори кои влијаат на загадувањето се затоплувањето и производството на електрична енергија, а овие системи за двете намени ја користат чистата сончевата енергија. Треба да ги следиме и светските трендови за енергетска ефикасност, што подразбира фасади со фотоволтаични системи, која произведуваат струја, а не фасади обложенаисо стиропор“, посочува тој.
Според Ковачевски, успехот на компанијата се должи пред се на посветеноста на тимот. Во моментов има 25 вработени, машински и електро инженери и техничари, кои постојано се усовршуваат на обуки со експерти со големо искуство. Во компанијата се ангажирани и реномирани домашни и странски експерти кои работата на усовршување на постојните и иновирање на нови производи.
„Вложуваме и во заедницата, па технологијата со која располагаме ја направивме достапна на голем број средни училишта и универзитети чии ученици и студенти имаат можност своите теориски знаења практично да ги видат во нашата компанија. Среќни сме што во изминатиот период голем број студенти од електротехничкиот и машинскиот факултет својата пракса ја поминаа токму во нашата компанија. Ова е наш скромен продонес кон унапредувањето на образовниот процес и креирањето на нова генерација високо стручни кадри, но и воопшто граѓани кои преку производството на чиста енергија ќе ја унапредат нашата економија и животна средина“, посочи Ковачевски.