БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Веќе пишував дека писанието на Наум не е навреда односно не е само навреда или сексизам и мизогинија, туку пред се и над се, рапсодија на вморонскиот дух кој во оваа писание самиот себе се доживува возвишено
Пантличарата од класичните бонтонски членови на малограѓанскиот неморал, што се влече по писанието на Наум, е поодвратна од одвратноста на неговата бљувотина.
Жените побараа портпаролот да се извини, тој промумла нешто што овие го разбраа како каење и барање на прошка и ништо, животот оди понатаму. До следната жртва. Затоа што и овие што напаѓаат и овие што, кобајаги, се бранат се двете клучни фази во кои (не)пристојноста го репродуцира злото.
Веќе пишував дека писанието на Наум не е навреда односно не е само навреда или сексизам и мизогинија, туку пред се и над се, рапсодија на вморонскиот дух кој во оваа писание самиот себе се доживува возвишено. Како глуперда која мисли дека најсилно ќе го заебе целиот свет ако му се исере во Езерото. И врз таа основа тој дух, значи не Наум, туку вмро, бара лиценца за утврдување на нашиот културен модел и мандат да управува со државата.
Агресијата врз Нина не беше резултат на некаква нервоза или афективна ситуација, туку најдобар плод на сивата маса на господинот портпарол, остварен во тишината на неговиот дом или кабинет. Во својата реакција тој не се извинува туку ги напаѓа жените дека не го разбрале добро, својата простоќа им ја принесува како врвна метафорика, како Божествена комедија на глупоста, недофатна за обичните смртници, хахаха, да пукне човек, а прошката ја бара само условно, демек само ако некој се нашол повреден. Инаку, тој во тоа што го напишал не гледа причина да бара прошка или да дава извинување.
Тој и неговата партија смеат да бидат предмет на општествената комуникација само кога таа комуникацика се изразува како презир, изолација и чистење на домот и на организмот од чумата на македонизмот.