Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАКВИ ВЛОЖУВАЊА ВО ПЛАНСКИТЕ РЕГИОНИ?

July 7, 2020 Filed Under: Македонија

Реконструкација на локални патишта, изградба на пешачки патеки, набавка на комунални возила, локален турзам – со различни проекти годинава аплицираа планските региони во земјава. Одобрени се вкупно 5,2 милиони евра – средства кои општините треба да ги потрошат наменски – за реализацијата на проектите зад кои ставиле потпис. „Порталб“ ги објавува проектите и вредноста на проектите за кои се одобрени пари кај сите осум Плански региони

КИТКА Ќе се гради пешачка патека од Орешани, скопско до Таор, на влеезот во клисурата

АНЕТА ДОДЕВСКА

Во рамки на СКОПСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН,  треба да се реализираат повеќе зафати:  реконструкција на регионален пат од с.Орман, општина Ѓорче Петров, до општина Чучер Сандево, набавка на камион за миење на улиците во општина Студеничани, изградба на пешачка патека од пругата на село Орешани и село Таор до граница на село Ржаничино, општина Петровец,  изградба на пешачка патека во с.Петровец, реконструкција на пристапен пат до месност викана Аџево – за што се одбрени  вкупно 376.400 евра.

ЈУГОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН ги опфаќа следниве проекти за годинава:  изградба на мост на река Турија на локален пат с.Просениково – с.Сарај,  изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино – прва фаза, изградба на локален пат за поврзување на населените места Бориево и Колешино – втора фаза, при што за сите овие проекти вкупно издвоени се средства во износ од 580.400  илјади евра.

Во рамките на ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН одобрени се средства за создавање на услови за развој на културен туризам во Источен плански регион, потоа за реконструкција на културен дом „Тошо Арсов” во општина Виница, за збогатување на туристичката понуда на Црнодолски водопади – општина Пехчево, за подобра инфраструктура  преку креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион – за што се издвоени 504.100  илјади евра.

ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН доби виза да ги реализира следниве проекти: валоризирање на туристичките потенцијали во општините Крушево и Могила, за  зајакнување на техничките капацитети за собирање на комунален отпад во општините Прилеп, Ресен и Демир Хисар, реконструкција на патна инфраструктура во општините Долнени и Кривогаштани, унапредување на квалитетот на социјални услуги на регионално ниво –  со што за реализација на сите овие проекти годинава се одбрени 554.400 илјади евра.

РЕКОНСТРУКЦИЈА Предвидена е реконструкција на Домот на културата во Виница

ЈУГОЗАПАДЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН добива  скоро 722.000 евра за  изведба на енерегетско ефикасни  објекти и искористување на обновливи извори на енергија во јавните објекти, дигитализација на урбанистичко планска документација и креирање подземен катастар во ЈЗПР.

ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН  има одборено средства во износ од 825.500 евра за следниве пректи: одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на Јавно комуналните претпријатија во општините Лозово, Демир Капија, Неготино и Росоман,  подобрување на патната инфраструктура преку реконструкција на локални патни правци од с. Горно Врановци до регионален пат Чашка – Дреново, О. Чашка (втора фаза) како и локална улица во с.Подлес, заштита на животна средина преку финализирање на речното корито на река Луда Мара, општина Кавадарци, одобрување на квалитетот на услугите од областа на културата преку зголемување на енергетската ефикасност на Домот на Култура во општина Свети Николе, подобрување на животниот стандард на граѓаните на Вардарски плански регион преку изградба на систем за водоснабдување во село Отовица, општина Велес.

Во рамките на СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН  треба да се реализираат следниве преокти: подобрување на услови за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион – фаза 5, реконструкција на патни правци во општина Липково за подобра поврзаност на Североисточниот и Скопски регион – за што се одобрени средства в износ од 976.100 евра.

Како се врши надозорот над потрошените средства, што покажале ревизорските наоди за протокот на пари и реализацијата на проектите – во следното продолжение на Анализа на „Порталб“.

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet