Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАКО АЛТА БАНКА ВЛЕГУВА И ВО ЦРНА ГОРА

August 16, 2026 Filed Under: Свет

Владата во Подгорица најпрвин дала а потоа повлекла согласност за ставање на луксузен туристички комплекс во Тиват. Оваа противречност во потезите на ист владин состав секако е одраз на постојните разлики во неа во однос на српското „замешателство“ во црногриските стратешки позиции. Се чини обидот за влез на оваа контраверзна банка било каде не е мона без скандал! Инаку овој објект во Тиват е во сржавна сопственост

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Црноорске „Вијесгти“  деновиве јавија дека Владата на Црна Гора ја повлекла претходно дадената согласност со која на компанијата „Луштица Девелопмент“, инвеститор во луксузниот туристички комплекс Луштица Беј, ѝ било овозможено да воспостави заложно право врз државен имот како гаранција за кредит од 15 милиони евра од Алта банка Белград. За неа доста се пишуваше и кај нас заради фактот дека таа по сите применети анализи претставува дел од новооснованото транзициско богатење на политичкиот врв на Белград! Само да се потсетиме дека оваа банка, која веќе ја купи Стопанска банка – Битола во Македонија, и кај нас, по многу небични чекори ама и конечна согласност на власта на Мицкоски сега се одомаќини и кај нас.

Но шза пто се работи во Црна Гора? Спорната зделка се однесува на марината и крајбрежното шеталиште во комплексот Луштица Беј кај Тиват, изградени на државно земјиште со површина од околу 18 000 метри квадратни.

Според „Вијести“, Владата на Црна Гора на 29 јуни го прифатила барањето на „Луштица Девелопмент“ со што требало да се овозможи воспоставување заложно право во корист на Алта банка – Белград како обезбедување за враќање на кредитот од 15 милиони евра. Но, на 28 јули, само два дена откако „Вијести“ објавија информација за планираниот аранжман, владата на премиерот Милојко Спајиќ ја променила одлуката и го поништила претходниот заклучок. Со тоа практично било спречено државниот имот – марината и шеталиштето да биде ставен под залог во корист на белградската банка. Накусо проблемот во овој случај е дека заложното право нема основ во ниту една зделка на споменатата фирма. Чуму тигаш ставање под залог на една од најкрупните стопански објекти на Јадранот?

Во образложението на последната владина одлука – она „не“ после даденото „да“ – не била наведена конкретна причина за пресвртот, туку само било посочено дека настапиле „одредени правни и фактички околности“ поради кои престанала основата за постоење на заложното право. Според катастарските податоци што ги провериле „Вијести“, заложно право во корист на Алта банка воопшто не било запишано. Од „Луштица Девелопмент“ потврдиле дека во моментот немаат кредитни аранжмани со Алта банка. Компанијата, сепак, не одговорила на прашањата на „Вијести“ за тоа дали претходно имала други кредитни аранжмани со банката, во колкав износ и какви средства за обезбедување биле користени. Нема никаква реакција ниту од банката во Белград каква намера има за инвесатирање во Црна Гора, иако се говори дека таа би сакала да вложи 1т5 милиони евра во Тиват.

Од црногорското Министерство за урбанизам, просторно планирање и државен имот објасниле дека Владата првично била подготвена да го овозможи аранжманот поради значењето на продолжувањето на инвестицискиот циклус, но дека „Луштица Девелопмент“ не ги реализирала активностите што биле утврдени како услов за спроведување на согласноста. Министерството, според „Вијести“, не прецизирало кои конкретно биле тие услови.

„Вијести“ посочува и на политичките контроверзи што ја следат Алта банка во Србија. За тоа ово автоир пишувал доста во минатите години а според црногорскиот медиум, кој се повикува на мискења на српската опозиција, повеќе од јасни се врските на сопственикот на банката, бизнисменот Давор Мацура, со претседателот на Србија Александар Вучиќ, неговиот брат Андреј Вучиќ и владејачката СНС. Како што пишува новинарот Синиша Вуковиќ оваа банка се третира како „паричник“ на братоит на српскиот премиер – Андеја Вучиќ.

Токму поради ваквите тврдења, црногорскиот медиум побарал од „Луштица Девелопмент“ одговор дали соработката со Алта банка може негативно да се одрази врз деловниот имиџ на компанијата и на целиот проект Луштица Беј, но одговор не добиле.

На сајтит на Владата на црна Гора нема соопштение за оваа владина одлкука ама треба да се знае декја министер за Урбанизам и просторено планирање е член на Нова српска демократија, која е просрпска партија. Се работи за Славен Радуновиќ , што јасно укажува од каде „дувал ветерот“ при првата согласност а сега, по поништување на соглкасноста  се покажува декја засега во Подгорица сепак се знае „кој го води орото“. Се чини, спорфед црноигоирски извори дека оваа позната и во европски рамки – марина и шеталиште во Тиват ќе паднат под закрила на Министерството за туризам. Претпоставката е дека таму министерот подобри  би ги застапувал црногорските интереси.

Кај нас влезот на Алта банка преку Стоипанска банка Битола наиде на шпироки раце на актуелната политика. Во овој миг Алта банка – Белград поседува 95,1754 проценти од обичните акции со право на глас во македонската Алта банка и ги држи сите управувачки позиции. Ова преземање наиде на критики, како во експертската јавност, така и во дел одполитиката.

Filed Under: Свет

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА ИЗГУБИ МРТ АРХИВАТА!
ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА СЕ СЕЛИ НА СЕВЕР ЗАРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
АНАЛИЗА: „ДОЛЖНИЧКИ КРУГ“ ВО КОЈ СЕ ВРАЌААТ СТАРИ, НО СЕ СОЗДАВААТ НОИВИ ДОЛГОВИ
ДОГОВОРОТ ЗА ТЕСНЕЦОТ ОРМУЗ Е СЕ ПОБЛИЗУ
СТО ГОДИНИ ОД ЛИКОТ ВИНИ ПУ

Најново

  • МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА ИЗГУБИ МРТ АРХИВАТА!
  • ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА СЕ СЕЛИ НА СЕВЕР ЗАРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
  • АНАЛИЗА: „ДОЛЖНИЧКИ КРУГ“ ВО КОЈ СЕ ВРАЌААТ СТАРИ, НО СЕ СОЗДАВААТ НОИВИ ДОЛГОВИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet