Дека Ставревски бил во Финансиската полиција говорат и фотографиите кои пристигнаа до јавноста. Дали се работи за доказ дека случајот „Подарок“ оди понатаму, или пак постои брзање заради неизвесната судбина на СЈО? Во овој случај секако недостасуваат уше некои личности кои и онака се во секој бизнис воземјава. Но „Подарок“ дава одговор зошто оваа земја со својата тогашна политика инклинирала за јакнење на односите со Русија – имало сериозни валкани бизниси во заднината!
РЕДАКЦИЈА ГЛОБУС
Се реактивира ли слулајот „Подарок“, кој на 11 Октомври лани го објави за прв пат Специјалното јавно обвинителство. Несомнено дека тоа беше уште еден голем случај на екипата на Јанева, можеби според сумата со која е оштетена земјава и најголем до сега во активностите на СЈО. Во него повторно се наоѓа и врвот на политиката од времето кога делото е сторено и има секако и своја сериозна меѓународна димензија.
Повод за таа размисла секако е влезот на ексминистерот за финансии Зоран Ставревски, едне од најтаинствените од екипата на Груевски, во просториите на Финасовата полиција. Ставревски последните години беше толку невидлив и без глас во јавноста што постоеше дури и мислење дека можеби постои специјален мотив да не биде толку изложен на погледите на обвинителите.Последното појавување кое со фотографии го потврди порталот „Центар“, близок до власта, отвори муабет дека се работи за знак дека продолжува истрагата за случајот „Подарок“, за кого не слушнавме ништо после неговото отворање, иако, нема јасни или сигурни индиции дека тој слчучај е на дневен ред во зградата спротив МНР.
Да се потсетиме дека во истрагата „Подарок“ осомничени се Ставрески и Јанакиески, кои се товарат дека во периодот од јануари 2012 година до јули 2014 ја злоупотребиле службената положба и овластувањата и го оштетиле Буџетот за речиси 33 милиони евра, бидејќи прибавиле имотна корист за една руска компанија. Сае работи за пребивање на т.н. стар руски долг, од времето на СФРЈ во вредност од над 60 милиони американски долари кој требал да се пребие преку изградба на гасоводот Клечовце- Блок станица 5, за цена далеку повисока од реалната. Со една реченица, Македонија фактички со свои средства си го платила гасоводот, а дологот на Русија кон Македонија, фактички станал подарок за Русија, пишува винението на СЈО.
Практично преку овој случај министер за финансии Зоран Ставрески за првпат се појавува како осомничен во истрага на Специјалното јавно обвинителство. Во овој случај првоосомничен е и Крсте Миладинов, директор на Македонски енергетски ресурси АД Скопје. Тројцата, во периодот јануари 2012 – јули 2014 година, со умисла ја искористиле службената положба и овластување и за руската компанија ОАД Стројтрансгас од Москва прибавиле противправна имотна корист на штета на Буџетот на РМ, велат од СЈО.
„Ставрески и Јанакиески биле овластени претставници за спроведување на меѓувладината спогодба, склучена на 19 јуни 2010 година во Санкт Петерсбург меѓу Владите на РМ и Руската Федерација за регулирање на обврските на некогашниот СССР кон поранешната СФРЈ во делот на обврските кон Македонија.
Со спогодбата се регулира рускиот долг во износ од 60.560.242,44 американски долари да се затвори преку испорака на стоки, услуги и извршување на работи. Во преговорите, Ставрески и Јанакиески договориле таа сума да се затвори со изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок станица 5 за вкупна сума од 75.700.303,05 американски долари, или 55.647.292,77 евра, при што Русија учествува со 80 отсто, а Македонија со 20 отсто“.
СЈО тврди дека истото Министерство за транспорт и врски поседувало готова физибилити студија за гасоводот на истата делница, Клечовце – Штип, подолга за речиси 36 километри од делницата Клечовце- Блок станица 5. Во оваа студија пишувало дека цената на чинење на изградбата на делницата Клечовце – Штип би чинела помеѓу 30 и 35 милиони евра.
„Осомничените Ставрески и Јанакиески биле наполно свесни дека реалната цена е многу пониска од онаа договорена со руската страна. Сепак, и покрај тоа Ставрески и Јанакиески целокупниот руски долг го затвориле со обезбедување на услуга – изградба на гасовод, во изведба на компанијата од Москва.
Така, на затворена владина седница, со присуство на осомничените министри, Владата донела заклучок да се прифати понудата на руската компанија и да се потпише конечен договор. Потоа, Собранието на РМ, го прифатил владиниот предлог и во скратена постапка донело закон за изградба на гасоводот, при што од пратениците биле сокриени фактите од Физибилити студијата, според кои, реалната цена на чинење е далеку пониска, или, само 378.626,37 евра (за еден километар гасовод)“.
Според СЈО во ова учествувал и директорот на МЕР, Крсте Миладинов, кој ја прифатил нереално високата цена на услугата од договорот, иако бил запознат со Физибилити студијата, оттаму и со реалната цена на чинењето на изградбата на гасоводот, па на 9 јули 2014 во Скопје го склучил договорот со руската компанија, со што на оваа компанија ѝ е овозможена противправна имотна корист во износ од 32.664.672 евра и 11 центи, колку што е оштетен и буџетот на Република Македонија.
Со ова, постои основано сомневање дека осомничените Зоран Ставревски и Миле Јанакиески сториле по едно кривично дело злопупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. со став 3 и 1 в.в член 22 од КЗ на РМ, а осомничениот Крсте Миладинов сторил едно кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4, 3 и 1 в.в. со член 22 на РМ“.
За СЈО ова всушност значи дека Македонија фактички со свои средства си го платила гасоводот, бидејќи учествувала со 20 отсто во договорот, што отприлика е целокупната (реалната ) сума на чинење, а долгот на Русија спрема РМ, фактички останал „подарок“ за Русија
Формално во слулчајот на врвот на правната страна имаме меѓународен акт – Спогодбата меѓу Владата на РМ и Руската Федерација за затворање на рускиот клириншки долг кон Македонија, при што на руската компанија „ОАД Стројтрансгас“ од Москва ѝ била овозможена споменатат противправна имотна корист во износ од 32.664.672 евра, на штета на македонскиот буџет.
„Фактички, бркајќи зајак, СЈО открило мечка“, реплицира политички аналитичар за Дојче Веле, алудирајќи дека оваа истрага, покрај сомневањата за направена штета на македонскиот буџет, открива и друг „интересен“ аспект.
„Она што е поинтересно во овој случај, не е само битието на делото за кое постои сомневање, туку она што се открива во заднина: го лоцира периодот од кој преку вакви ‘економски’, односно коруптивни активности, всушност започнало и заднинско политичко инклирање кон држава и политика што не е стратегиски интерес на Македонија. Дополнително, уште полошо ако тоа е сторено во ‘корист’ на штетата на нашиот буџет. Резултатот е двојна нула. А, имајќи ги предвид актуелните политички предизвици пред кои сега е исправена Македонија, преку овој случај можеме уште подобро да препознаеме нечии домашни и странски силни мотиви за опструкции кон ЕУ и НАТО – интеграциите“, вели соговорникот на ДВ, иако потврдува дека и без овој случај линковите се јасни и „не се изнадувачки“ за упатената јавност.
Аналитичарите уште тога беа согласни дека компромис со правдата и правната држава, не смее да има. „Заклучоците на Советот на ЕУ од јуни 2018 година го отворија патот за почеток на преговори, но посочија дека Македонија ќе треба да покаже успех во однос на владеењето на правото, но и во борбата против корупцијата“, потенцираше Андреја Стојковски, претседател на граѓанскиот Центар за европски стратегии „Евротинк“. „Оттаму, Европската Комисија ќе цени како ќе се спроведуваат судските постапки кои се во тек, како што се онаа за 27-ми април и оние од СЈО, а ќе очекува ангажман и на ОЈО и ЈОРМ за откривање на сторителите и утврдување на вина за други кривични дела за кои постојат сознанија, или пак се водат истраги. Соодветно постапување во однос на законот за борба против корупцијата и основањето на новата Антикорупциска комисија ќе биде исто така под лупа, а ќе се гледа и каква ќе биде судбината на СЈО во иднина. Шесте нови истраги, но и оние последните отворени ова лето ќе мораат да бидат правилно процесирани и за истите ќе мора да има разрешница на суд“, вели Стојковски.
СЈО најавува дека пред финиш се уште неколку истраги
Според него, судбината на СЈО како успех на медијацијата на ЕУ во политичката криза на големото прислушување на над 20.000 граѓани, мора да биде приоритет во блиска иднина.
„Но, само продолжувањето на работата на СЈО ќе се смета за успех“, беше дециден Стојковски.
Инаку, случајот Подарок може да се споредува само со аферата Актор (автопатот кај Демир Капија) каде со помош на грчка фирма се испрани 31 милион евра, според обвинението а каде главен збор има шремиерот-бегалец Груевски.