Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ

November 4, 2025 Filed Under: Македонија

Падот на излезноста на локалните избори е евидентен и тој веројатно и не е одраз на состојбите со демографијата. Повеќе може да се рече дека обичниот граѓанин пвеќе не верува дека со својот глас може да повлијае на промените во општеството

ОЦЕНКА Силен аларм од страна на странските набљудувачи

Постојат многу начини на кои за тукушто завршените локални избори ќе се оценуваат ефектите, но и демократичноста на процесот на кој граѓаните треба да го изразат својот избор. Провладините коментатори и нивните медиумски трабанти ќе одат на собирање на градоначалничките мандати. Други ќе го гледаат ефектот во собирањето на советничките места како реален одраз на влијанието на локалните политики. Ќе има секако и мерење на падот на омиленоста на партијата. Многу помалку на изборите ќе се гледа во оценките што независните набљудувачи го утврдлиле. Куса но јасна е оценката на ОДХР која не е поволна а добро е да се прочита и извештајот на Цивил кој го донесува целосно во рубриката фељтони, заради опширноста, кој многу деали укажува дека се тоа избори со многу фаули, што допрва треба да се отворат за расправа и на нив некој треба да одговори!

Ако зборуваме за глобалниот ефект врз демократските процеси и климата која ја градат сите жители на државата во однос на проценките за состојбите на локален план, тогаш општа е оценката која ја даде еден корисник на Фејсбук – на овие избори победија оние кои не гласаа (според вториот круг тие се околу 52-53 отсто, убедливо повеќе од половината на населението. До нив треба да се пресметаат и оние кои излегоа на гласање ама пуштија неважечки ливчиња – во првиот круг речиси шест дивизии (60.000) а во вториот 19 илјади од ѓшто поголем дел во Скопје – 10.000. Ако овие последните хипотетички одеа на сметка на опозицијата вио главниот град во оние општини каде се одлучуваше во вториот круг ќе беше тешко на актуелната централна власт: можеше да го има градскиот лордмер ама да ги нема комуните (да искористиме еден постар идеолошки термин, со скриена порака).

Па и тој ибор за градоначалник на Скопје, пшто покажува изборот?

Кога пред многу години во трката за оваа позиција победи Трифун Костовски како кандидат на ВМРО ДПМНЕ, со само 96 илјади гласови во своја полза, тоа беше прогласено за срам. Со толку гласови од 450 илјади гласачи во тотал, тоа е некаква политичка минијатура од градски татко. Гласачите на ВМРО ДПМНЕ проценија дека тој не е „изворен“ вмроовец и затоа не гласаа ама гласачите на СДСМ не излегоа бидејќи го сметаа противникот Пенов за прелетувачч – веќе беше на чело на градот како кандидат на друга партија. Излезе некако дека војната се води меѓу ВМРО со ВМРО и бидејќи беше времето убаво скопјаните си заминаа во винекдиците и иззлетничките места.

Ниту гласањето на претходните локални избори за Данела Арсовска не беше премногу блескаво – таа освои 118 илјкади гласови што треба да се погледни во однос на тоталните бројки на можни гласови.

Орце одново е некаде на ниво на она што го доби Трифун Костовски. И заслужува таква оценка. Сите тие гласови се под нивото кое го доби Шилегов (141 илјада) а тој, да се спомене доби повеќе и кога изгуби од актуелчниот победник – Орце Ѓеоргиевски (90 илјади и кусур). И тоа колку во првиот, толку и во вториот круг!

При оценката секако мора да се забележи дека се покажува една зачудувачка апстиненција која кај албанскиот електорат е речиси правило, кога се работи за кандидат/кандидати кои не се од тој етницитет. Таков однос постои и кај изборот на претседател а за градоначалничка фотелја да не говориме. Отсуството на смисол за коалицирање едноставно се забележува – кај ДУИ константно а кај ВЛЕН засега бидејќи е млада партија. Добро ем кога ќе добијам гласови, ама тешко ги давам. Примери има безброј — Скопје и Куманово се највидливи по нивната навика да се исклучат, па би се рекло и како ентитет.

И во оценката што излезе на МИА се констатира дека „новиот градоначалник на Скопје е избран со едвај нешто повеќе од една третина од гласовите, а слична е состојбата и во многу други општини низ земјата каде на локалните избори излегоа рекордно мал број граѓани. Одѕивот на локалните избори за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави овие осми локални избори со најмала излезност од независноста на С. Македонија досега!

РЕЗУЛТАТИ ВО ТРКАТА ЗА СКОПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК Се гледа дека Шилегов е ненадминат а Георгиевски има послаб резултат и од оној кој Шилегов го имаше по поразот!

Според податоците на ДИК, во првиот круг за градоначалници, одѕивот е 48.30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 регистрирани избирачи во Избирачкиот список, гласале 885.085 избирачи. Според првичните неофицијални податоци на ДИК излезноста во вториот круг е 41,24%.

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски убедливо победи на изборите, но излезноста во вториот круг, изнесуваше само 35 проценти. Од вкупно 474.304 избирачи во Скопје, гласале 167.575. Најголема излезност има во Карпош – 50,52% и Центар – 47,59%, каде исто така се гласаше и за општински градоначалник во втор круг, додека најниска излезнсот има во Сарај – 12,27% и Чаир – 14,15%, каде се гласаше само за градоначалник на Град Скопје.

Во вториот круг најголема излезност има во Росоман – 79,68% и Лозово – 77,85%, додека најмала во Куманово – 35,70% и Шуто Оризари – 32,03%.

Излезноста во вториот круг на локалните избори генерално е секогаш помала, споредено со првиот круг. Најголема излесност во втор круг имало на локалните во 2013 година, што се први на кои се избираат градоначалници во 80 општини и Градо Скопје, кога изнесува 65%, по што е во постојан пад, на 52 отсто во 2017, на 50,69 проценти во 2021 и сега на 41,24%. Ова не е демографски суфицит, иако тоа го има, туку е одраз на разочараноста во политиката, во неверувањето дека тие со својот глас може да променат нешто!

На изборите не беше постигнат потребниот цензус на излезност од над една третина од запишаните избирачи во четири општини и тоа во Гостивар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше и Врапчиште. Во овие општини ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Првите локални избори во независна Македонија се одржани на 17 ноември 1996 година, на кои се избирани советници и градоначалници во 123 општини, плус Градот Скопје. Имаше вкупно 683 кандидати за градоначалници и 747 кандидатски листи за членови на општинските совети. Одѕивот на гласачите во првиот круг беше 60 проценти, а во вториот круг 51 процент. На овие избори право на глас имаа нешто над 1,4 милиони граѓани.

ОБСЕ/ОДИХР излегоа со свој став. Постои загриженост за учество на владини претставници во изборите и притисоци и купување на гласови – тоа е генерљлната оценка!

Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека вториот круг од локалните избори во земјава се одвивал уредно, а кампањата била конкурентна, иако не сите кандидати имале еднакви услови за изборна кампања. Загрижувачки остануваат притисоците врз гласачите и наводите за купување гласови.

Матео Мекачи, шеф на набљудувачката мисија, изјави дека основните слободи на изразување, здружување и собири биле почитувани и дека учесниците имале можност слободно да водат кампања.

Тој посочи дека, иако вториот круг се одвивал уредно и кампањата била конкурентна, не сите кандидати имале еднакви услови. Кампањата била повоздржана во однос на првиот круг, со поединечни случаи на лични напади меѓу кандидатите и партиските лидери.

Набљудувачите изразија загриженост поради:

– вклученоста на владини претставници во изборниот процес;

– притисоците врз гласачите и бројни обвинувања за купување гласови;

Мекачи додаде дека, иако правната рамка обезбедува техничка основа за демократски избори, сѐ уште постојат бројни недоследности и слабости, особено во однос на изборната администрација, пристапот до медиумите и системот за решавање изборни спорови.

За вториот круг на локалните избори биле акредитирани вкупно 1.622 набљудувачи – 957 домашни и 651 меѓународен, како и 14 странски новинари. Најмногу меѓународни набљудувачи – 500 – акредитирала мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Р.Г.

Filed Under: Македонија

КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА
НИКОЛА РИСТАНОВСКИ: ГНЕВОТ НЕ Е ДОВОЛЕН
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025: ГЕНЕРАЛНО МИРЕН ПРОЦЕС СО СЕРИОЗНИ СИСТЕМСКИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНИ СЛАБОСТИ

Најново

  • КАКО ЗАВРШИЈА ПОСЛЕДНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ: НИЗОК ОДЅИВ КАКО ОДРАЗ НА АПАТИЈА, СО МНОГУ НЕДОСТАТОЦИ КОНСТАТИРАНИ ОД НАБЉУДУВАЧИТЕ
  • КОЈ ЗА ШТО, ВО СДСМ ЗА ОСТАВКИ
  • ВО ПОДГОРИЦА СЕ СЛУЧУВА ФАШИСТИЧКА ЦРНА КОМЕДИЈА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet