Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАКО ИЗЛЕЗЕ ТРКАТА МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК

October 21, 2025 Filed Under: Македонија

И двете главни партии имаат примери каде можат да се фалат или да се сокриваат од јавноста. ВЛЕН имаше јасна поддршка од Мицкоски а ДУИ постојано мисли дека не му треба партнер, особено за првиот круг. За вториот веќе е доцна партнерот да се бара

ГЛЕДАЊЕ СО ЛУПА Во Гостивар че има повторување на гласањето – недостигале 0,02 отсто за да се прогласи победник во првиот круг!?

На листите за советници на изборите во неделата НАИ (ДУИ) освои 114.237 гласа, додека ВЛЕН 91.994. Тоа е респектабилна разлика – од 22.243 гласови. Во размер тоа е 1,24:1 во корист на ДУИ.

Според општините каде двете коалиции имале свои кандидатски листи НАИ победила во 23, додека ВЛЕН во само 10. Во четири општини ВЛЕН немаше свои кандидатски листи, додека ДУИ имаше.

И двете партии доживеаја намалување на гласовите од ланските парламентарни избори, меѓу другото, затоа што и излезноста беше помала. Лани ДУИ (здружена во „Европскиот фронт“) доби 137.561, а ВЛЕН 107.081 гласови. Разликата беше 30.480 гласови. Или во размер 1,28:1 за ДУИ. Соодносот за една година останал речиси ист во децимала! Ова говори само за строга, во децимали поделени гласови каде „нема мрдање“. Излегува навистина американската кампања во Чаир на Османи просто излишна!

Значи, соодносото во резултатите е речиси идентичен. И покрај тоа што тогашното главно лице на ВЛЕН, Арбен Таравари, избега од коалиција и ѝ се придружи на ДУИ, заедно со другото крило на Алијансата за Албанците.

Но оваа победа на ДУИ има многу горчлив вкус на пораз. Не што ДУИ беше поразена во Чаир, туку затоа што тоа беше направено убедливо. На советничките листи во Чаир ВЛЕН освои 13.477, а ДУИ 10.356 гласови.

ДУИ освои помалку гласови од ВЛЕН и во Скопје – во битката за градоначалник и за Советот на главниот град. Разликата е мала, но сепак е во корист на ВЛЕН. Нивниот кандидат, Башким Бакиу, беше трет, пред Каја Шукова од СДСМ, а Скендер Реџепи од НАИ петти.

На советничките листи ДУИ загуби и во Тетово со 2.000 гласа разлика, а таму за вториот круг води актуелниот градоначалник Билал Касами.

Дури и во Сарај, таа неосвоива тврдина на ДУИ сите овие години, резултатот на советничките листи е израмнет – 9.205 наспроти 9.004. Додека Мухамет Еламзи од ВЛЕН ги доби изборите за градоначалник во првиот круг. Во Сарај беше градоначалник и поранешниот министер Блерим Беџети, кој сега е координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието. Тој едно време беше во „огнената група“ што се отцепи од ДУИ, па повторно се врати под закрилата на Али Ахмети. Сега можеше да биде сведок на историскиот пораз во Сарај.

Единствената голема утеха за Али Ахмети и ДУИ е големата, убедлива победа во Гостивар, Липково, Врапчиште. Но тоа е малку за лечење на раните, како ни победите на листите за советници во Куманово, Кичево или Струга. Ова е значајно со Струга – покажува дека вмроовските „војводи“ си гласале за своите советници а за градоначалник гио бирале Ќира. Од друга страна приврзениците на Ахмети гласале два пати, за своите листи и сега се чека дмерување на силите за градоначалник каде е прашање какоќе се однесуваат гласачите – Македонци. Ахмети, испрати по некое локумче и кафе, знаеш на која адреса…

ВМРО-ДПМНЕ му помогна на Изет Меџити и да победи во првиот круг во Чаир, но ВЛЕН самостојно однесе неколку важни победи. Сега доаѓа комплицирано вереме за одлуки што треба да ги носи Али Ахмети. Со приказните за врапчињата, орлите, зајаците само му помогна на ВМРО-ДПМНЕ (иако не толку како на ланските парламентарни избори), но тоа беше неубедлив и веќе застарен наратив за Албанците.

ДИК соопшти дека во Гостивар не бил постигнат потребниот цензус на изборите да излезат една третина од запишаните гласачи. Во Гостивар излегле 33,31 отсто од гласачите, што значи дека недостигале само 0,02 проценти. Изборите ќе се повторат. Лимани освои 16,949 гласови (61,39 отсто), додека Сабаедин Даути од „Вреди“ 4.221 (15,29 отсто).

Очигледно дека голем дел од нив сакаат Али Ахмети да почне да се повлекува од политиката, а неговите аѓутанти во ДУИ да престанат да се однесуваат кон него како спрема култ или жив бог и да се свртат кон гласачите и да разберат како Иџет Меџити (кој се етаблираше како лидер на ВЛЕН) успеа да го понесе ореолот на победник во клучната битка меѓу Албанците на овие локални избори, стои воведен текст во „Независен“.

Нема да биде изненадување и ако Националната алијанса за интеграција почне да се крши на делови. Двете крила на Алијансата за Албанците се претопија во оваа коалиција и ја загубија автентичноста и влијанието меѓу гласачите. И Арбен Таравари и Зијадин Села речиси да ги немаше во оваа кампања. Пратеничката група е со низок квалитет, со личности кои имаат многу ограничено влијание во политичките процеси. Веќе е време Али Ахмети да си го поставува прашањето – каде згрешив?

– констатира коментаторот од „Независен“.

Filed Under: Македонија

ПО ПРВИОТ КРУГ: ВМРО-ДПМНЕ ГО ГУБИ ГЛАСАЧКОТО ТЕЛО АМА ПАК ПОБЕДУВА
КАКО ИЗЛЕЗЕ ТРКАТА МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК
ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА ОДАТ ПОНАТАМУ
MАКЕДОНСКИТЕ ФИЛМАЏИИ ЖНЕАТ НАГРАДИ ПО СВЕТОТ
УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН И СОСТОЈБАТА СО МЕДИУМИТЕ НА БАЛКАНОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ЛИДЕРИ?

Најново

  • ПО ПРВИОТ КРУГ: ВМРО-ДПМНЕ ГО ГУБИ ГЛАСАЧКОТО ТЕЛО АМА ПАК ПОБЕДУВА
  • КАКО ИЗЛЕЗЕ ТРКАТА МЕЃУ ФАВОРИТИТЕ ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК
  • ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА ОДАТ ПОНАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet