Отворањето на посебен депанданс во стара Градска за лекување на изгореници беше голем чекор напред во нашето здравство на почетокот на векот. Опремата била како во софиската „Пирогов“ а и обуката на кадрите била таму. А кадри се изградени и во некогашна Воена болница и одеднаш „пу, не важи“!

Од 2016 година во државава не функционира Центарот за изгореници. Иако тој сѐ уште фигурира на официјалната веб страница на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во пракса, не постои. Беше претворен во нешто како магацин, колку што се сеќавам. Имаше посебен влез, од кај улицата која има најчесто менувани имиња (најдолго позната по она „Моша Пијаде“) и колку што се сеќавам навистина беше пречекана со голема радост. Имаше посебен влез, за брзата помош со која би биле носени пациентите не би заглавувала во тесниот проток на сообраќајот околу објјектот што го знаеме како Стара Градска, беше познато дека опремата со која сме почестени е јапонска (како и многу апарати во нашето здравство). Просто се доби впечаток дека тогаш, на почетокот на 21 век во овој сектор се отишло – напред.
Прим. д-р Добрила Андоновска, која работела во овој Центар, во објава на Фејсбук во детали објаснува дека Центарот функционирал како посебен оддел на Одделението за пластична и реконструктивна хирургија. „Центарот беше опремен со најсовремена опрема од јапонската влада – Интензивна нега со два Клинитронови системи од француско потекло, какви што постоеја во регионов единствено во ‘Пирогов’ – Софија (околу 40 – 50 на број). Овие компјутеризирани системи овозможуваа специјални микроклиматски услови: аерација, температура, влажност и пациентите лежеа како во бестежински простор на ‘кади’ исполнети со силиконски песок кој ‘врие’ поради проток на воздух. Центарот располагаше со посебна операциона сала за изгореници каде шесте специјалисти по пластична хирургија, тимски со врвните анестезиолози, вршеа оперативни зафати и преврски во општа анестезија. Центарот беше опремен и со респиратор донација од ‘Макстил’. Освен интензивната нега постоеше и болничка соба со два кревети, што значи дека капацитетот беше за 4 пациенти со екстензивни изгореници, а со нивно подобрување се префрла, по потреба, на одделението за Пластика со 15 кревети. Беше формирана и Банка на амнионски мембрани (во соработка со Гинекологија – Чаир) по пример на ‘Пирогов’ и други центри, појаснува Андоновска.
За период од петнаесет години и пет месеци во Центарот се лекувале 1.316 пациенти со екстензивни изгореници, просечно 84 пациенти годишно со екстензивни, живото-загрозувачки изгореници, голем број од нив со политраума. Дополнително, околу 20 –-30 пациенти годишно со друга тежина на изгореници се лекуваа на одделенијата за Пластична хирургија и за Детска хирургија
„Во Центарот се лекуваа и странски државјани како приватни пациенти и имаше тенденција да прерасне во регионален Центар“, вели Андоновска во објавата.
Во нејзиниот теркст нема објаснување, како и зошто овој такаа подготвен и функционален дел од денешен „Свети Наум Охридски“ престанал со работа. Па и кој да ја донел таа одлука ама според годината јасно е дека тоа се случило во време на последната целосна година на владеење на премиерот Груевски!

Земјата инаку имала искуство за лекување на изгореници. Првиот официјален центар за изгореници во земјава е формиран во рамки на Воената болница во Скопје (денешна Градска болница „8 септември“) под раководство на полковник д-р. Крсте Митановски . Центарот е затворен за да се ослободи простор за приватната Кардиохирургија „Жан Митрев”. Практично се исфрлени, сосем скапоцената опрема најзначајните сектори – Центарот за изгореници и Центарот за нулеарна медицина.
Барем во тој случај е јасно кој е виновникот, односно двата клучни актери во таа „трансакција“ – покрај докторот Митрев важен е пред се покојниот премиер Никола Груевски, во тој миг (2000 година) бил министер за одбрана.
Тоа одделение или каков и да имала статус требала да си го продолжи работењето а ЈНА, своевремено во секоја клиника мораше да има вакви обучени и опремени центри, со оглед дека се претпоставуваше дека во секоја евентуална војна најкарактеристични рани кај ранетите војнициќе бидат од овој тип – изгореници. Нашата тогашна Воена болница беше наменета за целата Трета армиска област (Македонија, Јужна Србија, Косово) а сегашните воени болници во Белград и во Ниш каде се заминати македонските пациенти од несреќата во Кочани се некогашни центри на посебни воени области.
Излегува дека виновниците треба да се бараат во кругот на исто семејство, во една поширока смисла, во кое е и експремиерот Груевски и штипјанецот Кљусев!
По трагичната несреќа во Кочани, најголем дел од повредените се пренесени на лекување во соседството и држави во Европа.
Од земја подготвена да се справи барем со првиот бран на повреди од пожарот во клубот за забава во Кочани, ние дојдовме до тоа да мораме да бараме надворешна помош во голем број земји. Една убава слика за тоа како штетно се владеело во земјава и тоа во периоди кога владеела една иста партија. (Љ.К.)