Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАКО ЛЕСНО СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД КВАЛИТЕТНИТЕ КАДРИ

August 28, 2024 Filed Under: Ревија

Наташа Поповиќ поднесе неотповиклива оставка на функцијата директор на „Охридско лето“

ПОПОВИЌ Не јасно дали новиот министер за култура се обидел да ја одврати од оставката?

Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, неодамна до Министерството за култура и туризам достави неотповиклива оставка. Во оставката што му беше врачена лично на министерот Зоран Љутков се наведува дека одлуката ја донела поради лични причини.

Поповиќ раководеше со најзначајната музичко-сценска манифестација изминативе шест години во кои се реализира квалитетна уметничка програма со светски и домашни уметници кои оставија белег во богатата фестивалска програма.

Во нејзин мандат Фестивалот „Охридско лето“ одбележа значаен јубилеј-60 години од постоењето во време на пандемијата со коронавирусот. Се реализира квалитетна програма со учество на домашни и странски уметници, но и со почитување на мерките и препораките за заштита на публиката и учесниците кога сите културни манифестации беа откажани.

Поповиќ пред оставката кажа дека е горда на сработеното, на квалитетната програма богата со бројни звучни имиња. Заблагодарувајќи се на вработените кажа дека е горда што имала прилика да работи со посветен и професионален тим кој се справува со сите предизвици.

-Посебно сум горда за високиот квалитет на програмата и успешните шест фестивалски изданија кои се позитивно оценети од стручната критика, од делегатите на Европската асоцијација на фестивали (ЕФА) кои  беа тука на свечените отварања на Фестивалот, но и од нашата верна публика. Ми беше огромна чест и задоволство да работам на оваа функција со еден прекрасен тим којшто многу ми помогна за да бидам успешен директор и менаџер, тим кој е за пример и почит, не само во Охрид, туку и пошироко во државата, но и со селекторките на музичката и на драмската програма на фестивалот, Бисера Чадловска и Сања Арсовска, вели Поповиќ.

Таа најави дека професионалната кариера ќе ја продолжи во културата, во уметноста која е и нејзина професија.

Поповиќ пред оставката кажа дека е горда на сработеното, на квалитетната програма богата со бројни звучни имиња. Заблагодарувајќи се на вработените кажа дека е горда што имала прилика да работи со посветен и професионален тим кој се справува со сите предизвици.

 

Таа најави дека професионалната кариера ќе ја продолжи во културата, во уметноста која е и нејзина професија.

Filed Under: Ревија

ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ
ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА
ДВЕ МАРИИ, ТРИ АНИ, ТРИ МАРИИ … КАКО ДЕЛ ОД НАСЛЕДСТВОТО НА СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
НАЈНЕПОПУЛАРНАТА ВОЈНА ВО САД

Најново

  • ТИЕ ДОБИЈА НЕ САМО БИТКА, ТУКУ И ВОЈНА ЗА ОСКАРОТ
  • ФАТМИР БИТИЌИ ЗА НОВИОТ ЦЕНОВЕН УДАР И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
  • ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА: НАМАЛЕТО ГО ЛУКСУЗОТ И ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet