Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАКО МОЖЕ ВО „ТРАНСМЕТ“ ДА СЕ СОБЕРЕ ТОЛКАВ ИМОТ?

July 22, 2019 Filed Under: Македонија

Асани: Се изготвуваат решенија за преземање на одземениот имот на Сеад Кочан

НЕМА ТОЛКАВ СКЛАД На Асани ќе му се одземат 204 возила – нема каде да се соберат

Минатата недела во Агенцијата за управување со одземен имот стаса правосилна пресуда во врска со одземениот имот на Трансмет и Сеад Кочан. Изготвени се 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на Агенцијата. Од нив 23 имоти се чисти, а три се под залог. Исто така, има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог, изјави денеска Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани.

Тој рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.

– Неофицијално можам да ви кажам бројки. Изготвени се 26 решенија за префрлање на недвижности, станови, земјиште, деловен простор… од име на Трансмет односно Сеад Кочан на Агенцијата. Од нив три се во залог, а другите 23 се чисти и во соработка со државниот катастар ќе бидат препишани на име на Агенцијата за управување со одземен имот, рече Асани, одговарајќи на новинарско прашање по донацијата на конфискувана стока на 26 институции.

ФАТОН АСАНИ До сега беа одземени имоти во вредност од 1,4 милиони евра

Тој информира дека покрај ова има и 204 возила за кои побарале од Централен регистар да провери дали се дадени под залог, бидејќи, како што рече, имаат сознанија односно документи дека 24 возила кои се со повисока парична вредност се заложени во неколку банки.

Бизнисменот Кочан требаше вчера да се пријави на издржување на казната затвор за „Труст“ од 4 години и 8 месеци, но нема да оди додека нема одлука од судија за извршување санкции по неговото барање за одложување.

Според Законот за извршување санкции неговото заминување во затвор се пролонгира.

НЕ Е ВО ЗАТВОР Кочан за време на читање на пресудата – се уште не е во Идирзово

Кривичниот суд на 12 јули ја потврди одлуката која судијата ја донесе на 5 јули со која му се одбива барањето на Кочан за одлагање на издржување на казната.

Кочан во меѓувреме поднел друго барање за одложување на издржување на казната поради болест. Но, од  Кривичниот суд се уште нема одлука. Од судот најавија дека одлуката ќе се донесе откако ќе биде прегледана целата документација што ја доставил.

Затворската казна која треба да ја одлежи бизнисменот е поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан, кој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна од 4 години и 8 месеци затвор, откако Апелација во март годинава му ја намали првостепената казна од 6 години на која беше осуден за злоупотреба на јавна набавка во јули 2018.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet