Што е изменето за време на средбата на највисоко ниво на НАТО членките во Мадрид? Која е разлчиката меѓу првиот и изменетиот француски предлог? Претседателот Пендаровски проговори за овие прашања во интервјуто дадено на Борјан Јовановски на ТВ 21
Разгледувањето на деталите за изменетиот француски предлог за отпочнување на преговорите меѓу земјава и источниот сосед се одвива во мигот на два начини – едниот низ улични протести што го водат проруските лидери со своите силеџиски чети на улиците, со многубројни повреди на чуварите на редот и со насилство кое не е видено кај нас до сега а второто е она што треба да биде меѓу интелектуалните елити кои како се’ уште да „пливаат“ во недоволно разјаснетите детали, што често само ги компликува општите, генерални сознанија. Интервјуто што претседателот на државата Стево Пендаровски го даде за ТВ 21 на оваа тема секако фрла повеќе светлина на многу од дилемите кои постојат во јавноста.
Прва дилема што треба да се расветли е – каква е рзликата меѓу првиот француски предлог што беше неприфатлив за нашето раководство и овој изменетиот?
Претходниот француски предлог не го содржеше изразот – отворање на претоворите, вели Пендаровски. Се велело дека се почнува со симболичка меѓудржавна конференција, но немаше збор дека со тоа се отвораат преговорите. Се велеше – кога ќе го промените Уставот, тогаш ќе ги отвориме преговорите. Сегашниот францууски предлог вели – сега ќе ги отворите преговорите а ќе продолжите откако ќе го промените Уставот.
Вториот елемент се надоврзува со првиот. Не се предвидувал скриниог, како дел од отворање на преговорите. Модификуваниот предлог вели – се отвора првата фаза и веднаш почнува скриниг. Во скринингот не се чепка во елементите за кои ние сме многу засегнати (јазикот и слично).
Некои официјални лица во Бугарија, нам познати велеа, тврди Пендаровски, во првиот предлог, дека отворање на кластерите ќе има дури по третата меѓудржавна средба. Сега не е така.
Како дошло до промените?
На самитот на НАТО во Мадрид, Макрон го запршал претседателот Пендаровски од што не се задиволни во Северна Македонија. а Пендаровски го истакнал најнапред обидот се’ да заполчне со промена на Уставот. Макрон рекол има во предлогот – прва средба, ама претседателот на РСМ потсетил дека е тоа многу формална и дека е практично „само за сликање“. Потоа мора да се опди кон промена на Уставот, што во мигот е тешко да се оствари. И второт момкент на кој се инсистирало во Мадрид е веднаш потоа, по првата средба, да се оди на скриниг, кој може да трае од 12 до 14 месеци.
Макрон не бил запознаен со деталите од тој тип и продолжила комуникација меѓу Османи и шефот на кабинетот на Макрон. Тоа се случувало во текот на првиот ден од самитот во Мадрид.
Кога се вклучил германскиот канцелар?
Вториот ден Пендаровски имал две вонредни средби со канцеларот Шулц. Тоа се средби надвор од предвидените со протоколот! Канцеларот се интересирал што значат тие „детаљи“ за Македонија, веќе очевидно брифиран за продолжување на преговорите, и дали тие би довеле до старт на преговорите. Ги добил одговорите.
Решението со изменетиот предлог дошло дури 30 минути пред изјавата на Макрон со која се затворал Самитот!
Што одлучило за промената на документот?
Запрашан каков е геостратешкиот мотив во ЕУ за оваа промена, претседателот Пендаровски рече дека тој може да говори за своите мотиви а за мотивите кај членките на Унијата е невозможно, може само да претспотавува. Така, тој рече дека во Брисел веројатно им е срам што како земја која пред 17 години станала аспирант за влез во Унијата се уште е надвор. Во меѓувреме го сменуила дури и името. Имала и референдумскио прашање врзано за промена на името со цел – влез во НАТО и ЕУ. НАТО го испорачал ветеното, но ЕУ – не! И сето тоа се случува пред бугарското вето да се појави – во 2017 година Макрон излегува со т.н. промени на платформата за влез во Унијата и тоа се „квачела“ многу долго, па постои само како идеја на некој начин и сега! Земјите во Унијата се’ уште не почнале да функционираат по некоја нова методологија и практично земјите кои претходно започнаа преговори (Србија и Црна Гора) стојат во место. Како сега на нашиот обичен граѓанин да му објасниме дека зад оваа нема некоја покрупна геостратешка цел – се прашува и Пендаровски!
И второ нешто – се прима како аспирант земја која е во војна, како Украина! Со тоа се изигруваат базичните принципи на проширувањето. Дали може да се задржи како принцип она – ако испорачаш реформи, ќе напредуваш. Може ли тоа да го вети Украина во овој час!?
И така – земја која е нападната, која ја изгубила до сега 20 отсто од територијата, треба да напредува а ние кои сме во спор со само една земја, додека 26 други земји не гледаат конфликт со нас треба да – чека! Тоа мислам дека направи ситуација која отвора некаков комплекс кај нив, вели Пендаровски.
Шефот на државата ека порано имало Агенда 2000, во која ние не влеговме и која претпоставуваше дека земјите-кандидатки беа планирано примени за седум години. Сега никој не знае што понатаму, нема план. Словенија нуди Агенда 2030 со која шесте балкански земји би влегле до тој датум во ЕУ, ама одговориле само десеттина земји, дека вреди да се размисли или се „за“, додека дургите велат не треба да се врзуваме со датум после негативните искуства со Бугарија и Романија! Значи ја имнаме старата европска реторика, резигнирано тврди тој
Пендаровски потсетува дека навистина постои идеја да исчезне она постојно вето од само една држава во однос на прифаќање на нова држава-членка. Во пракса тоа треба да значи дека една или две држави не можат да поставуваат такви бариери, како што Бугарија ни ги поставува нам. Но, за тие измени да се усвојат треба да гласаат сите сегашни членки, што нема да се случи – резигнирано тврди шефот на државата.