Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАКО ОД САД ГИ ГЛЕДААТ РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНСКОТО НОВИНАРСТВО

November 12, 2019 Filed Under: Македонија

Срамота е само девет студенти да сакаат да студираат новинарство во Северна Македонија, изјави таа во интервју за Гласот на Америка

ПОРАКА Платете ги новинарите и заштитете ги од напади, порача професорката Кокран од Вашингтон

Срамота е да нема млади луѓе што сакаат да студираат новинарство во Северна Македонија, вели професорката Барбара Кокран од Школата за новинасртво во Мисури, коментирајќи го фактот дека само девет студенти биле заинтересирани да се запишат на овие студии во 2018 година.

„Новинарството е основен столб на демократијата. Ако нема новинарство граѓаните ќе немаат начин како да добијат независно проверени информации, кои ќе ги искористат за да направат одлуки за нивната демократија“, вели Кокран во интервју за Гласот на Америка.

Според неа, сопствениците на медиумите мора да размислат како да го направат новинарството кариера во која ќе може да се остане цел живот.

„Платете ги доволно, обезбедите им услови за работа на начин на кој ќе им дозволите да одморат кога ќе работат напорно. Заштитете ги од напади и притисоци. Платете ги новинарите колку што заслужуваат“, вели таа.

Кокран смета дека Фејсбук и другите социјални медиуми играат проблематична улога, бидејќи ги намалуваат професионалните стандарди во новинарство.

ПОРАКА Платете ги новинарите и заштитете ги од напади, порача професорката Кокран од Вашингтон

„Многу е важно да се има слобода на говор, но, сепак треба да има стандарди и вреднување на вистината“, рече таа.

И Тара Пења од организацијата „ИРЕКС“ во Вашингтон, вели дека неточните вести на Твитер се шират шестпати побрзо од точните, што е една од причните за губење интерес кај младите луѓе да студираат новинарство.

Ако политичарите ги зголемуваат вербалните напади врз новинарите и ако има физички напади, сето тоа е причина за намалување на интересот за новинарство“, смета таа, нагласувајќи дека тоа сериозно ќе влијае врз демократијата на државата.

„Ви требаат новинари да ја повикуваат владата на одговорност, да осигураат дека нема корупција, да информираат ако е таму, да известуваат за тоа дали владата бележи напредок или не“, вели Пења.

Еден начин, како да се врати интересот кај младите е медиумите да бидат во тек со технолошките промени.

„Новинарството не треба да се изгуби на социјалните медиуми, но мора да бидете и внимателни и иновативни да го користите вистинскиот јазик, за да допрете до младите“, рече таа.

Потребно е, заклучија тие, традиционалните медиуми да ги прифатат дигиталните иновации, но, сепак да се осигура дека онлајн медиумите се базирани на новинарски стандарди и квалитет.

 

Filed Under: Македонија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet