Убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година беше спроведено со цел да се воведе Србија во руската орбита, и тоа го сторија злосторници и криминалци. Победата на Борис Тадиќ на претседателските избори од 2004 година беше компромис помеѓу потребата за Србија да влезе во ЕУ и галопот на путинизацијата
НИКОЛА САМАРЏИЌ
По три месеци на протести против владата, но пред се кон Александар Вучиќ, демонстрантите влегоа во нова фаза на опаѓање на бројот на демонстрантите а што резултираше и со упад во зградата на државната телевизија. РТС покажа дека не дозволува пристап на пратениците од опозицијата како и секое друго мислење што не му припаѓа на монополот на власта, дури и кога се размислува исто. Иако несомнено една од главните функции на јавниот сервис е секако равноправно учество на сите пратеници пред камеритер!
РТС е стара пропагандна машинерија што ги предизвика првите сериозни демонстрации против режимот на Милошевиќ на 9 март, 1991 година. Тогаш ЈНА за прв пат политички се ијасни и кога во името на Милошевиќ донесе тенкови на улиците и тогаш веќе се шпекулираше дека војната која започнала од Белград за да заврши во Белград. ЈНА стана држава во држава, виртуелна федералнаа единица од Уставот на 1974 година кога улогата на ЈНА требаше да биде компензација за федерализација на Република Србија. Зад агресија против Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора стоеше одлука на ЈНА да го окупира просторот како форма на одбивање да се признае реалноста на падот на комунизмот во Источна Европа и намерите на поранешните репшублики да воспостават целосна независност. Веќе во текот на интервенцијата на НАТО во 1999 година, а особено по појавата на Путин на власт по падот на злосторничкиот режим на 5 октомври 2000 година, остатоци од војската се приклучија на политиката што ја пренесе пораката дека местото на Србија не е во политичката независност во Европа, туку во новата руска заедница.
Убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година беше спроведено со цел да се воведе Србија во руската орбита, и тоа го сторија злосторници и криминалци. Победата на Борис Тадиќ на претседателските избори од 2004 година беше компромис помеѓу потребата за Србија да влезе во ЕУ, и галопот на путинизацијата. Тадиќ влезе во соживот со Воислав Коштуница, му го препушти судството и полицијата, и ое одлучи да води надворешна политика наслонета на „четири столбови” (ЕУ, САД, Русија, Кина).
Новите избори во 2008 година беа проследено со договор за асоцијација со ЕУ, како и со продавањето на Нафтената индустрија на Србија за симболична цена на руската државна компанија Гаспром. Тадиќ формираше нова влада со социјалистите на Дачиќ. Притисоците врз судот, обвинителството и полицијата запреа секоја иницијатива за дознавање на политичка задина на атентатот врз Ѓинѓиќ. Трагите наводно воделе до администрација предводена од режимот на Милошевиќ, чиј натамошен извршител бил Коштуница. Со „историското помирување” на Демократската партија и Социјалистичката партија на Србија практично се врати на претходниот криминален поредок.
Подигнувањето на Српската напредна партија на Вучиќ се појави од потребата на Тадиќ и Дачиќ за создавање свештеничко националистички групи за спречување на радикалите на Шешељ за време на честите и насилни немири (соработка со Хашкиот трибунал, независноста на Црна Гора и Косово како гордост). Секој од инцидентите беше повторлива трупец – револуција од раните деведесетти. Ова ја создаде идејата за создавање на нова, но умерена радикална партија.
Вучиќ ја презеде власта во 2012 година во коалиција со веќе вечните социјалисти, благодарение на победата на Томислав Николиќ на претседателските избори. Делумната поддршка од демократската јавност се обиде да ја обезбеди низ комуникација со Мило Ѓукановиќ и пораките што би значеле внатрешна и надворешна консолидација. Се чинеше ќе ги поврати добрососедските односи, кои Тадиќ го прекрши со инаетење со Хрватска, во БиХ ги поддржувшеа разделувањатавети дека ќе ги споре обидите за присилна промена на власта во Црна Гора. Тој вети политика на буџетски заштеди, фискална консолидација и стабилни финансии. Белград и Приштина потпишаа Бриселски договор за нормализирање на односите во 2013 година, кој требаше да го следи патот на взаемно признавање и помирување.
Од 2008 година, Србија тоне во парадигмата на глобалните и регионалните нарушувања:со влезот на економските мигранти, се ширеше и растеше популизмот, се уништуваа институциите, преку руските и кинеските агентури и руската агресија против Украина. Вучиќ уште еднаш одигра на картата на падот на либералната демократија, и почна да се губи: како што Милошевиќ ја посакуваше обновата на ладната војна ама таа не се повтори, барем не се обнова на источноевропскиот воен пакт.
Вучиќ исто така, ја погреши инвестициската политика. Не успеа да го активира домашниот капитал. Финансиските институции останаа недоволно развиени и несразмерни. Медиумите спаднаа во кошмарот на жестоката пропаганда на подбуцнување на теории на заговор. Тој ја внесе руската агентура во институциите и јавноста. Им обезбеди на Кинезите пристап до патната мрежа и комуникациската инфраструктура. Тој ги забрза односите со Косово додека опозицијата го обвинува за предавство. Со Ѓукановиќ ги прекина односите, ги врати старите апетити во Босна, што кулминирашр во неуспешни обиди за напад на владите во Подгорица и Скопје.
Хрватска има инвестирано речиси една милијарда евра во Србија и е двојно побогата. Хрватска е единствената можна географска, институционална и стратешка насока и првата станица на Србија кон европската цивилизација. Во контекст на стратешките насоки кон руската стратегија на игра со кибритчиња, Вучиќ немаше сила за поддршка на договорот меѓу Грција и Македонија. Упорно не дава да се спомене дека сите православни соседи се поврзани со ЕУ и НАТО. Неговите соработници и кадри го опустошија градскиот Белград. Во градовите во внатрешноста на Србија го врати азијатскиот примитивизам и ориенталниот деспотизам.
Во однос на прозападната опозиција, Вучиќе една третина ја вовлече во себе, една третина ја маргнализира а последната третина ја изложува на силен притисок. Речиси целосно се девастирани Демократската партија и Либерално-демократската партија. Регионалните и малцинските партии се во сенка на општата политичка радикализација. Така, единствената опозиција е онаа која е порадикална од Вучиќ. На Вучиќ тргнааполитички поддржувачи, без идеи и понуди за алтернативи, лица лишени од талент, харизма и моќ.
Во коалицијата против Милошевиќ, Коштуница не беше семоќен. Коалицијата која е против Вучиќ нема такви поединци кои после 5 октомври оставиле траен белег. Нема таков кмеѓу нив кој јасно ќе каже дека ни треба независно Косово, со кое ќе почнеме да ги бришеме границите место да се вкопуваме и натаму. Со Црна Гора да не дели само количесвото на взаемна љубов. На Хрватска и на Србија им е потребна целосна Босна. Без Хрватска, Србија или Босна нема да преживеат. Интеграција во ЕУ и НАТО. Силни и длабоки финансиски институции. Европски слободи. Уредена инфраструктура. Функционално образование. Итн. Од недела до недела, здодевни, прзни говори, излитени фрази и општи сставови, мотивација низ омраза и страв наместо автентична политичка инспирација.
Некои демонстранти бараат од Вучиќ повеќе Косово, што повеќе шешељевизација, веројатно повеќе Русија и помалку Европа. Тие не ја разбираат Европа. Европските слабости не ги земаат предвид како дел од придобивките од демократијата, слободата и процедурите. опозиција „Лидерите како Јеремиќ Стефановиќ или Лутовац се дел од номенклатурата на Тадиќ (во суштина на претходната, на Милошевиќ), исто така, се поврзуваат со Министерството за надворешни работи, друга партија со една од канцеларијата на политичкото крило на ЈНА и со руските агенции, длабоко вовлечени во спроведувањето на квислиншки услуги на нарушување на односите со Брисел и Вашингтон. Додека само кај Драган Ѓилас може да се препознае одредено растојание во однос на режимот на Милошевиќ, ѕвездата на протестот, единствениот лидер со харизма, со функционални интелигенција и смисол за акција е Бошко Обрадовиќ, „љотичевец“ кого дури и Вучиќ, го нарече – фашист!
Така се случи и власта и опозицијата да ја искористат 20-годишнината од интервенцијата на НАТО, со цел да испратат непријателски пораки кон западниот свет и ја повикуваа Русија, која, за среќа, ниту ја брани Србија, ниту пак била против бомбардирањето.
(Никола Самарџиќ е професор по модерна историја на САД и колумнист во весникот Данас. Бил член на Демократската партија и на Либерално-демократската партија).