Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАКО СЕ ПОЛНЕЛ И ПРАЗНЕЛ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД

April 10, 2019 Filed Under: Македонија

Освен во општините Кисела Вода и во Арачиново, ревизија е направаена за финасиското работење и на општините Боговиње и Македонски Брод Во фокусот се општинските буџети и начинот на кој се полнела и празнела касата, јавните набавки, вработувањата, тендерските постапки

АНЕТА ДОДЕВСКА

БРОД Доста работа за ревизорите на општинскиот буџет

Неостварени приходи и расходи, отстапувања кај ставката „други неданочни приходи“ и кај „капиталните расходи“, Буџет за 2017 година без развоен дел, користење на службени возила без налози, отсуство на правилник за делење и користење на репрезентации, ова се само дел од наодите при ревизорската контрола во општина Македонски Брод. Извештајот за финансиското работење на општината се однесува на 2017 година а финансиските извештаи се одговорност на градоначалниците Милосим Војновски кој ја раководел општината од април 2005 та година до крајот на октомври 2017 година и на Живко Силјановски во период од почетокот на ноември до денот на извршување на ревизијата.

Според ревизорите, при носење на Буџетот запазени се роковите и воспоставен е систем на внатрешна контрола, но лоцирани се серија на слабости при планирање на приходите и расходите во општинската каса.

„Досега воспоставената пракса била планирањето на капиталните трансфери да се врши врз основа на усмени напатствија за доделување средства од други нивоа на власт. Слабостите во планирањето на приходите и расходите во процесот на буџетирање придонесуваат за значително отстапување на планираните од реализираните приходи и расходи“ – наведува ревизорот и лоцира слабости при евиденција на даноците.

„За утврдување и наплата на даноци во општината се користи програмот ЛТАС кој е во примена од 2006 година но истиот не се одржува и надоградува од страна на стручни лица поради тоа што нема склучено договор за одржување. Ова упатува на ризик од губење на целата база на податоци за сите даноци“ – се наведува во извештајот.

АНАЛИЗА Поголем дел од анализираниот период воп Брод се однесува на градоначалникот Милосим Војновски

Во 2017 година, приходите во општинската каса се остварени со 56,2% а расходите со 53,8% пришто на расходната страна најголемо потфрлување има кај капиталните расходи, со стапка на реализација од 46,9 отсто. Во 2017 година општината работи без Програма за уредување на градежно земјиште.

„Недонесувањето на годишната Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РМ, влијае врз самото менаџирање со градежното земјиште“ – посочуваат ревизорите.

Општина Македонски Брод се јавува како тужена страна по различни основи во 37 поведени судски постапки во кои од оптината се бараат скоро 423 000 евра.

„До денот на ревизијата конечниот исход од судските постапки не е познат поради што постои неизвесност од дополнително оптоварување на проценетиот износ со камати и судски трошоци“ – наведуваат ревизорите.

АНАЛИЗА Поголем дел од анализираниот период воп Брод се однесува на градоначалникот Милосим Војновски

И во оваа општина се откриваат недоследности при користење на службени возила.

„На ревизијата не и се презентирани документи од кои може да се согледа оправданоста на трошењето на набавеното гориво за службени возила во вкупен износ од 254 илјади денари ( 4 130 евра). Дел од сметките се однесуваат на исплата на средства за гориво за користење на возила кои не се во сопственост на општината“ – се наведува во извештајот.

(Текстот е објавен во Порталб.мк, со кого Глобус има договор за меѓусебна соработка. Опремата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet