Просветните власти се сомневаат дека Универзиетот на Мерко е „пералница за дипломи“. Во меѓувреме финансиската состојба на општината е катастрофална
Минатата недела на повеќе медиуми беа пуштени сликите за просветните инспектори на кои не им е дозволено да извршат увид во состојбите на Меѓународниот универзитет во Струга, попознат како Универзитетот на Мерко во населбата Езерски лозја. Просветните инспектори биле вербално нападнати и избркани од оваа установа. Тие дошле во проверка заради фактот дека стотици студенти и професори на Универзитетот се без нострифицирани дипломи.
Формално Мерко на Универзитетот е само доцент и професор а со установата раководи и е рекотор Армен Кадриу, кој им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови, што потврдуваат и од полицијата.
Инаку ова е постар случај. За него има динесено решение од Просветниот инспекторат, бидејќи е утврдено дека на Универзитетот се вработени професори чии дипломи не биле нострифицирани. Од таму се сомневаат дека станува збор за место кое функционира како пералница на дипломи.
– Откако инспекторатот донел решение, Универзитет го обжалил, а Вишиот управен суд го поништил, но и наредил повторен надзор, па затоа инспектори вчера повторно го посетија Универзитетот – вели директорот на ДПИ, Томе Спировски. Да се потсетиме дек Спиовски е дојден на таа функција со одлука на влада од јуни 2017 година, на местото на Надица Николоска, на која тогаш и беше истечен мандатот.
Според инспекторите меѓу професорите без валидна диплома е најнапред градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој наводно има докторска диплома добиена на Државниот универзитет во Нови пазар, но иако истата не е нострифицирана, тој си дал на себе научно звање доцент и вонреден професор.
Поради попречување во работата на инспекторите Министерството за внатрешни работи може да поведе постапка против Универзитетот.
Од Инспекторатот велат дека за случајот со Меѓународниот Универзитет во Струга треба да се заинтересира и Финансова полиција и Министерството за труд и социјална политика. Се сомневаат дека се работи за организиран криминал.
Во заднината на овој инцидент инау е еден далеку поголем проблем – Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, како што јавува порталот Нова, иако имал законска обврска, не донел одлука за прогласување на финансиска нестабилност на општината, ниту пак ги известил општинскиот совет, Министерството за финансии, Министереството за локална самоуправа и Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) дека виси на конец опстанокот на туристичкиот центар на Охридското езеро. Во последниот извештај на ревизорите е заклучено дека Струга нема финансиска кондиција затоа што сметката е блокирана подолго од шест месеци и затоа што во период од шест месеци, континуирано секој месец, вкупниот износ на неизмирените обврски над 60 дена, надминува 80 отсто од реализираните приходи на основниот буџет на општината во претходната година.
За да биде ризикот уште поголем, општината продолжила со несвојствени активности за финансискиот колапс во кој е западната. Имено, финансира нови капитални проекти и инвестиции кои секоја година се зголемуваат, редовно спроведува постапки за јавни набавки со кои се зголемуваат финансиските обврски, пишува „Нова“ и сето тоа во време кога ниту еден градоначалник или совет не донеле мерки за надминување на финансиската нестабилност која се провлекува со години.
Во тоа што го нотирале ревизорите за Струга практично се крие одговорот зошто општината полека тоне. Едноставно, постојат милионски суми што општината, доколку е екипирана, способна и функционира законски, може да ги наплати, но тоа не го прави. Во 2018 година во буџетот на општината се уплатени само 45.000 евра на име краткотраен закуп на градежно земјиште во државна сопственост, наменето за плажи. Од 2011 година на општина Струга и е пренесено правото за располагање со државно градежно земјиште, а со тоа таа ги наследила сите договори што ги имало склучено Министерството за транспорт и врски со закупците на плажите.
Во врска со ова, ревизијата утврдила дека од вкупно 11 плажи, осум склучиле договори во 2010 година, додека другите три склучиле во 2011 година. По истекот на договорите, шестмина од закупците во 2012 година не доставиле барање за потпишување анекс на договор поради што не им се продолжени договорите. Со оглед дека договорите се сметаат истечени, треба да се организира јавно наддавање. Од 2012 година наваму, општина Струга не објавила ниту еден јавен повик за користење на овие плажи, што создава можност плажите да се користат од страна на дотогашните или нови закупци, без регулирани права и обврски, што придонесува да не се остваруваат приходи во општината.
Петмина закупци склучиле анекс на договори, но кога нивните договори истекле во 2014, односно, 2015 година, и за овие плажи не се организирани јавни наддавања. За ова биле известени надлежните инспекции, но ниту една не презела потребни дејствија. Во 2016 година против закупците поднесени се тужби. Со седум закупци на плажите тужителот и тужениот решиле да направат порамнување и заостанатите долгови да ги платат на рати, но само двајца од нив го исплатиле долгот.
За уште поголем срам или поголема неодговорност може да се зборува во врска со наплатата на туристичката такса. Во последните две години општината прибира по околу 80.000 евра од туристите, што е минимална сума за туристички центар. А, како и би можела општината да наплати повеќе кога нема точни податоци за бројот на објекти кои нудат сместување и услуги за туристи кои би биле предмет на инспекциски надзор. Дополнително, овој надзор го врши само еден инспектор.
Тоа отсуство на контрола и неорганизираност на општинските власти им овозможува на многу туристички работници да премолчуваат за вистинската бројка на гости. Инаку, средствата од оваа ставка се користат за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите. И затоа овие пари се користат според посебно донесени програми. Со увид во програмата на општина Струга е утврдено дека во 2018 година, како и годината пред неа, биле планирани по 17 активности за развој на туризмот што не се реализирани во целост, туку парите биле пренаменети за други цели што пак ја отвора дилемата за негрижа кон туризмот.
Парите од јавната чистота и паркинзите не завршуваат во општината
Мозаикот од несобирање приходи е поголем. Општината губи пари и од таксата за јавна чистота и од наплатата на паркинг. Имено, според програмата на општината за одржување на јавна чистота, предвидено е тоа да го прават четири јавни претпријатија, со што се покрива и околната рурална средина. Наплатата на надоместокот се врши од страна на јавните претпријатија и не се пренесуваат средства на сметка на општината.
Истата незаконска процедура се применува и при наплата на паркинг, што значи дека Општина Струга не остварува приход по основ на комунална такса за користење на простор за паркирање. Општината располага со паркинзи со кои стопанисува јавно претпријатие. Јавното претпријатие има донесено одлука за регулирање на паркирањето, начинот, условите, времетраењето, но и наплатата на услугата, и иако има обврска да ја наплаќа комуналната такса и да ја пренесува на сметка на општината, сепак не постапува според закон. И ова е така неколку години.
Со увид во аналитичката евиденција на побарувањата по основ на надомест за утврдување правен статус на бесправно правни објекти, од страна на ревизорите е утврдено дека во четири случаи, со вкупен износ од 30.000 евра, ненавремено или не се преземени мерки за наплата на побарувањата. Ваквиот начин на работење не е во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објект од страна каде што е јасно прецизирано дека овој надоместок може да се плати во рок од десет работни дена или одложено на 12 рати за што е неопходен договор.
Не постои целосна наплата на данокот на имот
Постои нецелосна наплата и на данокот на имот затоа што не е извршена поделба на надлежностите и одговорностите кај вработените што придонесува контролите да не функционираат. Не е спроведена обука на вработените за користење на софтверот за даноци на имот, нецелосно воспоставените интерни контроли не се во согласност со Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и тоа влијае за нецелосна наплата. Со увид во сметководствената и даночната евиденција е констатирано дека не е извршено целосно ажурирање на регистарот на недвижен имот, што значи при промената на сопственоста на имотот се уште има имоти кои не е евидентирани.
Понатаму, за најголем дел од легализираните градби имотот не е евидентиран во даночни евиденции, изготвени се решенија кои не се евидентирани, по извршените купопродажби на имоти за некои од даночните обврзници не се врши поднесување на даночна пријава со денот на стекнување на имотот, не се даваат редовно опомени до сите даночни обврзници за побарување за данок на имот и досега не се преземени мерки за присилна наплата. Наведените состојби имаат влијание на целосната наплата на даночните приходи кои се значаен извор на приходи. Ова не е во согласност со поголем број на членови од Законот за даноци на имот и има ефект со нецелосно
и нереално утврдување на даноците и доведување во повластена положба на одредени даночни обврзници и остварување помали приходи во општината.
Не се запишуваат нови обврзници за комунална такса. При оценка на системот на внатрешни контроли кај процесот на утврдување и наплата на приходи по основ на комунална такса за фирми утврдено е дека постои ризик од нецелосно и неточно утвдување на приходот поради тоа што во процедурите не се јасно дефинирани одговороностите при утврдувањето, наплатата, контролата и доставата на решенијата на комуналната такса за
истакнување фирма. Понатаму, запишале ревизорите, не е спроведена обука за користење на софтверот за комунални такси, за 2018 година не е извршено целосно усогласување на регистарот на обврзници за комунална такса со податоците од Централен регистар, односно, направена е одјава на правни лица, но не се внесени новите обврзници. Истото не е направено ниту во 2019 година.
На два пати, во 2014 година и во 2018 година, општината испратила опомени, но потоа не се преземени мерки за присилна наплата поради неажурирани податоци во регистарот на
општината. И тоа нешто што се плаќа како комунална такса за фирма не се евидентира навремено со што не постои реален приказ на состојбата околу наплатата. Ревизорите забележале дека овие состојби имаат влијание на висината на приходите на општината по основ на комунални такси.
Има ли спас и дали ќе има одговорност? Сметката на општина Струга е блокирана од 2010 година со судска пресуда од Основен суд Струга по одобрен кредит од 2000 година на ЈП „Проаква Струга“ во износ од 3,7 милиони евра. На крајот од 2018 година, според извештај од Министерството за финансии, постојат неизмирени обврски од 5,5 милиони евра од страна на општината. Од друга страна пак, до крајот на 2018 година општина
Струга има побарувања во вкупен износ од 6,3 милиони евра. Но, овие побарувања не се наплаќаат навремено, дури некои се со неизвесна наплата. Општината, што е надвор од правилата, не води посебна евидеција за да може да се види до кога се роковите за наплата, за кои побарувања е поведена судска постапка и дали има евиденција на побарувања кои не може да се наплатат.
Со вакво темпо Рамиз Мерко ја носи Струга кон банкрот и на јавноста, посебно на стружани, им должи низа одговори поврзани со нивните пари – како се трошат во отсуство на реални и конкретни буџетски програми и зошто општината за две децении не успеала да изгради ефикасен систем за наплата на таксите и даноците за да може полесно да ја одржува финансиската кондиција. Згора на се, ниту има изгледи дека нешто наскоро ќе се промени затоа што во ревизорското мислење на крајот од нивниот запис се наведува дека финансиските извештаи на
општината не се вистинито преставени, дека активностите, трансакциите и информациите прикажани во извештаите не се согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Ниту пак владината интервенција со исплата на дел од долговите на општините не ја менува лошата состојба.
Препораките на ревизорите, а ги има безброј, се насочени во голема мера кон градоначалникот од владејачката партија ДУИ. Едноставно неопходни се коренити промени во целата поставеност и функционирањето на локалната самоуправа во Струга, зајакнување на кадровскиот потенцијал, воспоставување на ред и контрола, реално планирање на парите, ажурирање на регистрите и уште
многу, многу други обврски му се зададени на Мерко. Тешко е да се поверува дека тој ќе има знаење и сила да ја закрепне општината затоа што домаќин на кого му тоне домот не купува возила од 110.000 евра, колку што вреди новиот возен парк на општината.
А дали некогаш ќе има одговорни за нерационалното трошење и за неодговорното однесување со јавните пари? – Во случајот, само ако Јавното обвинителство пронајде елементи за гонење. Познавајќи ги, речиси никогаш не ги читаат извештатите на ревизорите.
Со вакво темпо Рамиз Мерко ја носи Струга кон банкрот и на јавноста, посебно на стружани, им должи низа одговори поврзани со нивните пари – како се трошат во отсуство на реални и конкретни буџетски програми и зошто општината за две децении не успеала да изгради ефикасен систем за наплата на таксите и даноците за да може полесно да ја одржува финансиската кондиција. Згора на се, ниту има изгледи дека нешто наскоро ќе се промени затоа што во ревизорското мислење на крајот од нивниот запис се наведува дека финансиските извештаи на
општината не се вистинито преставени, дека активностите, трансакциите и информациите прикажани во извештаите не се согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Ниту пак владината интервенција со исплата на дел од долговите на општините не ја менува лошата состојба.
Препораките на ревизорите, а ги има безброј, се насочени во голема мера кон градоначалникот од владејачката партија ДУИ. Едноставно неопходни се коренити промени во целата поставеност и функционирањето на локалната самоуправа во Струга, зајакнување на кадровскиот потенцијал, воспоставување на ред и контрола, реално планирање на парите, ажурирање на регистрите и уште
многу, многу други обврски му се зададени на Мерко. Тешко е да се поверува дека тој ќе има знаење и сила да ја закрепне општината затоа што домаќин на кого му тоне домот не купува возила од 110.000 евра, колку што вреди новиот возен парк на општината.
А дали некогаш ќе има одговорни за нерационалното трошење и за неодговорното однесување со јавните пари? – Во случајот, само ако Јавното обвинителство пронајде елементи за гонење. Познавајќи ги, речиси никогаш не ги читаат извештатите на ревизорите.
Нури Бајрами член на Антикорупциската комисија кој го истражувал работењето на Мерко по написите во јавноста дека блокираната општина троши на автомобили, рече дека во писмената изјава што ја испратил градоначалникот Мерко навел дека новиот автомобил му бил потребен затоа што се воздржувал од патувања на многу важни состаноци оти му било срам да каже дека општина како Струга нема возило за патување со високи перформанси кои ќе ја гарантираа безбедноста на градоначланикот. Исто така, градоначалникот во писмениот допис навел и дека возилата во општината биле застарени, а Аудиото што тој го нарачал но во претходниот мандат, било од 2010 година и требало ново. Токму таа 2010 година на општина Струга и ја блокираат сметката.
Буџетот на општината бил изгласан на седница на Советот на 28 декември 2017 година и ниту еден член на Советот немал забелешки за купување на возилата. Буџетот бил изгласан со 14 гласови „за“, ниту еден „против“ и 10 воздржани.
Во истиот тој буџет, советниците изгласале да се купат два „пајаци“ за општината, но половни кои чинеле колку луксузното возило на Мерко.
„Со парите за аудито можел да купи два пајаци – половни“, рече Бајрами.
Црно ауди со кожен волан, автоматик…
Огласот за купување на Аудито бил објавен на 26. февруари 2018 и во него биле наведени следниве спецификации: да има кожен волан, боја црна, сензор за дожд, автоматско затемнување на внатрешниот ретровизор, алуминуимски тркала, фабрички вграден навигациски систем. Се барала и опција за безжично поврзување со мобилен телефон, автоматска паркинг-сопирачка, клима уред со одделни температурни зони на задните седишта, лед предни светла, автоматски менувач и да биде со најмалку 140 киловати.
На огласот не стигнала ниту една пријава и тој бил поништен. Огласот по вторпат е објавен на 15 октомври 2018 и склучен е на 28 ноември 2018 година. Инаку општината веќе располагала со седум други возила за кои во преходните години биле исплатени 200 000 евра.
Од Антикорупциската комисија во пријавата се повикуваат и на податоците од Центарот за граѓански комуникации – дека општината има застарени противпожарни возила – две од нив се стари половина век, а најновото е произведено од 1992 година.
Судот во Струга за три пати му го зголемил буџетот на Мерко
Сметката на општина Струга е блокирана во вториот мандат на Мерко, во август 2010, во врска со враќање на кредитот на ЕБОР земен преку Министерството за финансии. Оттогаш надлежниот Суд во Струга носи решенија за утврдување на минималните средства кои треба да ги добие месечно општината за да може функционира во интерес на стружани. Овој износ седум години по ред бил непроменет и изнесувал околу 270 000 евра месечно, а врз основа на решение и пресуда од Судот во Струга дека општината има висок долг кој мора да го врати на државата.
Но, Мерко на 16 ноември 2017 година бара овој минимален износ да се зголеми и претседателот на Судот носи ново решение со кое овој износ се зголемува на 800 000 евра, што на годишно ниво е поголемо и од самиот буџет на општината. Со ова, забележува ревизорот во својот Извештај за работењето на локалната власт „општината непречно функционира, прави нови долгови, а не ги враќа старите, со што и го зголемува долгот за камати“.
Судот во решението за зголемување на месечниот износ навел дека овие пари и се потребни за општината за се справи со депонијата и загадувањето на животната средина, но како што произлегува од Извештајот на Државниот завод за ревизија, проблемот со депонијата и заштитата на животната средина се уште не е решен.
Од Антикорупциската комисија велат дека е несфатлива ваквата промена на ставот на истиот претседател на струшкиот суд и се сомневаат дека се работи за политичко влијание. Бајрами од Антикорупциската комисија најави дека тие како Комисија ќе поднесат претставка до Судскиот совет и ќе побраат од нив да испитаат зошто Судот во Струга му дал трипати зголемен буџет на Мерко кога знаел дека сметката е блокирана, а долговите не се враќаат.
Мерко е третпат градоначалник на Струга. Тој беше градонаначаник на Струга од 2005 до 2009, а потоа и од 2009 до 2013.