Еден од споменуваните „модели“ за некакво навидум чесно извлекување на Русија од живата кал во која западна нејзината војска е секако создавање на ситуација во која би се одржала сверченост со која би се обележал Денот на победата – 9 мај. Во овие услови на фронтот што го отвори Путин тоа би било заокружување на некакво територијално проширување во Доњецк, со акцент на цеклосно заземање на Мариопољ
Според порталот Мондо, Русија планира да одржи воена парада во Мариупол за Денот на победата на 9 мај, изјави во Телеграма советникот на градоначалникот Петро Андриушченко.
Андриушченко објави дека на Константин Ивашченко, кој Русите го назначиле да управува со делови од Мариупол под нивна контрола, му наредиле да исчисти дел од центарот на градот од урнатини и трупови за да одржи воена парада на 9 мај. Како што рече Андриушченко:
– Добрата вест е што нема возила во градот или луѓе кои можат да го направат проблем.
Според низа информации и податоци, окупаторите планираат да одржат „карневал на победата“ во Мариупол во случај нивната „специјална воена операција“ да биде успешна. Добрата вест е што во градот нема возила или луѓе кои можат да ја завршат работата. Во наредните недели на руски авторкат Путин очајнички му треба некаква ситуацијата на боиштетио за на Денот на победата може да соопшти дека сето она што го направи со нападот на Украина имало макар малку објаснување, во воена, политичка или било која смисла.
Што би се славело во комплетно разрушениот град? Дали можеби смртта на осмиот генерал на руската армија – Владимир Петрович Фролов, чиј погреб се случил викендов во Санкт Петерсбург. Не се работи само за мизансценот на воениот пекол, туку ете и за сцена каде погинал и комендниот цвет на армијата-агресор. Во ист момент е погребан и 34-иот полковник Мираз башаков кој командувал со тенковска единица. Како крвав пир за да се задоволи нечија болна фантазија?!
Загрепски Глобус прави пресек на последната недела од жестоката војна, со многу цивилни жртви и откритија на вистински злосторства
Руската армија бега од големите градови на северот на Украина кон Белорусија, со исклучок на Харкив, додека идните цели, сега се гледа се насочени кон источна Украина, На цивилите од тоа подрачје им било порачано „веднаш да бегаат“. Апелот доаѓа од украинска страна, со оглед дека тука се готви нешто како финален бој. Сергеј Гајдар, гувернерот на Луганск, рече дека Русија „собира сили за офанзива“, дека гранатирањето е засилено и тој е оној кој им порача на жителите „веднаш да бегаат“.
Западните власти велат дека Русија организира нова воена команда за операции во Украина, со генерал со борбено искуство од Сирија, наводно, веќе задолжен. Анонимен извор изјави за Би-Би-Си дека командантот на јужната руска област, генерал Александар Дворников, сега е задолжен за операцијата. „Тој командант има искуство со руските операции во Сирија. Затоа, очекуваме да се подобри целокупната команда и контрола“, рече изворот. Целта на смената е обид за координација меѓу различни единици, имајќи предвид дека руските трупи досега беа организирани одделно, рече претставникот
Во меѓувреме пристигнаа првите видео снимки од Чернобил. Руските сили во првите денови на војната ја окупираа поранешната нуклеарна централа Чернобил во северна Украина, но таа, откако регрутите на руската армија секако „доволно“ се озрачија па се повлекоа одново е во украински раце.
Новинарката на Би-Би-Си, Јогита Лимаје, беше една од првите што виде како изгледа објектот по заминувањето на Русите. Вработените во Чернобил сакале да ја задржат контролата врз одржувањето на објектот. Електраната не е во функција, но радиоактивен отпад сè уште се отстранува на местото на најголемата нуклеарна несреќа во светот.
Кога три дена снемало струја во станицата, Валериј вели дека се мачел да најде гориво за да продолжи да работи генераторот, па дури и дека им украл гориво на Русите.
„Ако изгубиме струја, тоа ќе биде катастрофа“, објасни Олександар Лобада, надзорник за радијациона безбедност во станицата. „Можеби имало ослободување на радиоактивен материјал. Можете сами да замислите колкав е тоа. Не се плашев за мојот живот. Се плашев што ќе се случи ако не бев таму за да ги надгледувам работите во централата. Според неименуван функционер, тактиката на Русија е спречена од интелигентните и изненадувачки акции на помалите украински единици.
„Доколку Русија не ја промени својата тактика, многу е тешко да се замисли како ќе може да ги постигне дури и овие намалени цели што сега си ги поставија“, рече функционерот.
Што се случува на борбените линии?
Украинските сили со у свои 300 – 400 војници сè уште го држат делои од Мариупол, според најновите информации на Институтот за воени студии, кој ги документира промените на борбените линии од почетокот на војната. Украинските војници напредуваа и ги вратија териториите во западен Херсон, окупиран град во близина на Крим, и сега претставуваат закана за руските трупи.
Руската армија што се повлекува и Харков оставаат мински полиња зад себе, очекувајќи контранапад на украинските сили. Нападите на Изим продолжуваат, но Русија во петокот не окупираше повеќе територија во таа област.
Сè поголем број руски борбени единици кои се враќаат од фронтот одбиваат повторно да одат на боиштата. Во меѓувреме Кремљ признава „значителни загуби на војниците“. Портпаролот на претседателот Владимир Путин изјави дека Русија претрпела „значителни загуби во војниците“. Портпаролот Дмитриј Песков на Скај њуз беше прашан дали војната е „понижување“, имајќи предвид дека Русија се повлече од главниот град, загуби илјадници војници и дека украинскиот претседател Владимир Зеленски се уште е на власт. Тој одговори дека ова е „неразбирање“ за тоа што се случува. Но, повторно на прашањето дали Русија изгубила илјадници војници, тој рече: „Да, имаме значителни загуби во трупите и тоа е огромна трагедија за нас“.
Тој потоа додаде дека повлекувањето од регионот на Киев и северниот град Чернихив е „чин на добра волја“ со цел да се намалат тензиите за време на мировните преговори.
Русија претходно објави дека загинале 1.351 војник. Не е познат точниот број на загинати, но американските медиуми цитираат официјален претставник на НАТО дека загинале меѓу 7.000 и 15.000 руски војници.
Украина тврди дека тој број е околу 20.500.На дна дебата во Н!, загрепска редакција, словенечки воен стручњак, кој рече дека има колеги од Москва со кои комуницира, му рекле дека московските болници се преполни со ранети војници и дека тоа просто не може да се сокрива од народот. Зеленски рече дека тие имаат 3.500 загинати војници..
(во следниот број: како потона крстосувачот „Москва“)