Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени исто така е тешко обвинение … Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење односно застарување на делото после 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. – вели професорот по кривична постапка
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/02/kalajdiev.jpg)
Судиската одлука и објаснувањето зошто Даравелски ќе добие ново судење логичната дилема како судот оценил дека осудениот сите изминати години не знаел дека треба да оди во затвор според правосилна пресуда од 2008 година. Но, она што е јасно е дека со можноста за ново судење, поранешниот директор на Царинската управа ќе стане слободен човек бидејќи за делото за кое се бараше има апсолутна застареност, па на првото рочиште од новото судење извесно е дека тоа само ќе се констатира
Универзитетскиот професор по кривично право, Гордан Калајџиев, смета дека судската одлука поранешниот директор на Царинската управа да добие ново судење е чудна и мириса на изигрување на законот.
„Одлуката е во најмала рака чудна. Да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот, некој вид на злоупотреба. Од кои мотиви не знам. Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени исто така е тешко обвинение … Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење односно застарување на делото после 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. Станува смешно, да не речам трагично“, вели за ТВ Телма професорот Калајџиев.
Даравелски во 2008 година правосилно беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања во периодот од 1999 до 2002 година. Судењето против него се одвиваше во отсуство бидејќи тој избега во Србија.
За него беа испратени четири барања за екстрадиција (2004, 2013, 2016 и 2020 година), два пати беше апсен во Белград (2004 и 2016 година) врз основа на потерница распишана од македонските власти, но никогаш не ѝ испорачан на државата. На 10 јануари годинава само се појави на граничниот премин „Табановце“, веднаш беше приведен и спроведен во затворот „Идризово“.
По 35 дена поминати во ќелија, тој денеска излезе на слобода, бидејќи вчера од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека му го одобриле барањето за ново судење со оглед дека претходното било во неговото отсуство. На одлуката на Кривичен се жалело скопското обвинителство, но Апелација не ја прифатило жалбата и го целост застанала зад ставот на првостепениот суд. Од првостепениот суд, пак, во објаснувањето наведоа дека за да се донесе ваква одлука биле ценети ставот 2 од членот 3 во Вториот дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, како и одредбата од ставот 1 од членот 424 од Законот за кривична постапка во која се наведува дека ако некој е осуден во отсуство, ќе добие можност за ново судење во негово присуство ако не поминало повеќе од една година откако дознал за пресудата.
Ова ја наметна логичната дилема како судот оценил дека Даравелски сите изминати години не знаел дека треба да оди во затвор според правосилна пресуда од 2008 година.
Но, она што е јасно е дека со можноста за ново судење, поранешниот директор на Царинската управа ќе стане слободен човек бидејќи за делото за кое се бараше има апсолутна застареност, па на првото рочиште од неговото судење извесно е дека тоа само ќе се констатира.
Од Кривичниот суд велат дека ја ценеле законската одредба која вели дека ако некој е осуден во отсуство, може да добие ново судење доколку се поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство
Логична се чини претпоставката дека Даравелски и формално бил информиран дека е правосилно осуден во Македонија, кога во март 2016 г. беше уапсен во Србија врз основа на потерница која била распишана од страна на македонските судови
Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, најверојатно, наскоро ќе биде слободен човек откако Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд му го одобрија барањето да добие ново судење. Тој во отсуство во 2008 година правосилно беше осуден за делото злоупотреба на службената положба и овластувања, за кое е речиси извесно дека настапила застареност, па на стартот на новиот судски процес тоа веројатно само ќе се констатира.
Официјално, од Кривичен велат дека постапката против Даравелски не е запрена.
„Заради појаснување, известуваме дека кривичната постапка против обвинетиот Драган Даравелски не е запрена односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување“,
велат од Судот.
Меѓутоа, откако новиот предмет ќе биде распореден кај нов судија, како што брифираат упатени во проблематиката, судијата може сам да констатира застареност или за тоа да поднесе барање неговиот адвокат.
Апсолутна застареност за Даравелски има со оглед на тоа што активностите за делото за кое се гони (злоупотреба на службена положба и овластувања) биле во периодот од 1999 до 2002 година. Соодветно на ова, доколку е предвидена максимална казна од 10 години, со завршувањето на 2022 година настапила апсолутна застареност бидејќи поминало двојно повеќе време (во случајот 20 години) од предвидената максимална затворска казна.
Инаку, Кривичен и Апелација се едногласни, ОЈО Скопје негодувало
Дека Даравелски треба да добие ново судење, едногласни биле и Основниот кривичен суд и Апелацискиот суд Скопје.
Имено, неговото барање првично било одобрено од кривичен совет во првостепениот суд. Со ова не се согласило Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје кое поднело жалба. Апелација одлучила и денеска во првостепениот суд стигнала нејзината одлука дека во целост се потврдува решението на Кривичен дека на Даравелски треба да му се суди одново.
Тој ќе го добие решението денеска во затворот „Идризово“ каде се наоѓа нешто повеќе од еден месец откако по 20 години бегство во Србија самиот се појави на граничниот премин „Табановце“ каде веднаш беше приведен од македонската полиција. По пристигнувањето на решението тој ќе биде пуштен на слобода.
Како Даравелски не дознал за пресудата
Даравелски се „предаде“ на 10 јануари годинава, а веќе наредниот ден преку адвокатот Душан Шарановиќ поднесе барање за ново судење.
При одлучувањето за неговото барање од Основниот кривичен суд велат дека советот што одлучува ги ценел ставот 2 од членот 3 во Вториот дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, но и одредбата од ставот 1 од членот 424 од Законот за кривична постапка. Оваа одредба од ЗКП во пракса значи дека Даравелски, всушност, сите изминати години не знаел дека е правосилно осуден односно дека за тоа дознал пред не повеќе од една година.
„Во конкретниот случај, советот го ценел член 3 став 2 од Втор дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција како и одредбата од член 424 став 1 од ЗКП, според која кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“,
пишува во објаснувањето од Кривичен за одлуката.
Дилемата што логично се наметнува е како поранешниот директор на Царинската управа не знаел за пресудата од седум години затвор која е правосилна од 2008 година.
Македонските власти бараа негова екстрадиција од Србија во четири наврати: 2004, 2013, 2016 и 2020 година. Ова значи дека трите последни барања се испратени откако пресудата веќе била правосилна.
Логична се чини претпоставката дека Даравелски и формално бил информиран дека е правосилно осуден во Македонија, кога во март 2016 г. беше уапсен во Србија врз основа на потерница која била распишана од страна на македонските судови.
Тој и во 2004 година беше уапсен во Србија, му беше определен екстрадициски притвор, но никогаш не беше испорачан.