Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање – смета Камбовски
Никој не смее да ги организира граѓаните да не се спроведе референдумот на 30 септември, зашто тоа ќе се смета за кривично дело организирање на отпор за извршување на донесена законска одлука, вели за СДК академик Владо Камбовски.
Тој вели дека одлуката за референдумското изјаснување за членство во НАТО и ЕУ со признавање на Договорот со Грција ја донесе Собранието, е законита, што значи мора да се спроведе.
Според академик Камбовски, секој може јавно да го каже своето мислење дали е „за“ или „против“ поставеното референдумско прашање или е за бојкот на референдумот, но никако не смее да ги организира граѓаните да не излезат да гласаат. Секој граѓанин, политичар, движење, партија, носител на јавна функција, секој индивидуалец во овој процес треба да биде внимателен, препорачува Камбовски.
– Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита. Тоа е како судот да донел одлука (пресуда), а некој да ги организира граѓаните таа законска одлука да не се спроведе – споредува Камбовски.
Никој не смее да ги организира граѓаните да не се спроведе референдумот на 30 септември, зашто тоа ќе се смета за кривично дело организирање на отпор за извршување на донесена законска одлука, вели академик Владо Камбовски. Тој вели дека одлуката за референдумското изјаснување за членство во НАТО и ЕУ со признавање на Договорот со Грција ја донесе Собранието, таа е законита, што значи мора да се спроведе.
Според академик Камбовски, секој може јавно да го каже своето мислење дали е „за“ или „против“ поставеното референдумско прашање или е за бојкот на референдумот, но никако не смее да ги организира граѓаните да не излезат да гласаат. Секој граѓанин, политичар, движење, партија, носител на јавна функција, секој индивидуалец во овој процес треба да биде внимателен, препорачува Камбовски.
„Никој не смее да ги организира граѓаните да не се изјаснат. Политичките партии треба да се тргнат од таа работа. Не е ни етички ни морално да агитирате, да делите материјали, да одржувате собири или протести со цел да ги убедувате граѓаните да го бојкотираат изјаснувањето „за“ или „против“ референдумското прашање. Референдумското прашање е изгласано и референдумот е закажан со одлука на Собранието. Таа одлука е законита. Тоа е како судот да донел одлука (пресуда), а некој да ги организира граѓаните таа законска одлука да не се спроведе“, споредува Камбовски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на 24 август ги известил пратениците дека до 29 август треба да се изјаснат дали се „за“, „против“ или за „бојкот“ на референдумот, за потоа пропорционално на пратеничките групи или на пратениците од сите три опции Собранието да им го плати комерцијалното претставување на кампањите во медиумите. Владата ќе му префрли 1,3 милиони евра на Собранието за каппања за референдумот. Засега само пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го известил спикерот Џафери дека се определува за бојкот на референдумот и побара пари за кампања.
Кривичниот законик е прецизен и во членот 387: „Организирање на отпор“, стои:
„(1) Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години“.
Според Кривичниот законик, за организирање отпор кон законита одлука може да се добие затворска казна и до три години, но членот е уште поригиден ако дошло до проблеми или тешкотии за спроведувањето на таа одлука, па пропишува казна и до 5 години затвор за евентуална таква последица.
Но по оваа подолга изјава за „Нова“ академик Владо Камбовски предизвика и реакции кај оние кои несомнено се зад таквите антирефеендумски активности! Предизвика бурна поддршка, но и негативни реакции, напади и лични навреди. Тој потоа во нова изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК укажа на членот 387 од Кривичниот законик кој забранува организирање на граѓаните да се попречи спроведување на законита одлука, каква што е одлуката на Собранието за референдум на 30 септември, за членство во ЕУ и НАТО со признавање на Договорот со Грција.
Вчера на изјавата на Камбовски, на Фејсбук реагираше пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој прв меѓу пратениците се изјасни пред Собранието дека ќе го бојкотира референдумот и побара државни пари за медиумска поддршка на неговата кампања. Тој вели дека за Камбовски е спорно што „народот ќе бојкотира и ќе се организира“, а „погазен е Уставот, референдумот е незаконски, Македонија е ставена во потчинета положба, а Владата дека прави кривично дело со тоа што троши народни пари за кампања за референдумот“. Тој го нарече Камбовски „слугата Јернеј“ на многу властодршци.
Професорката Билјана Ванковска на Фејсбук напиша дека укажувањето на Камбовски на член 387 кој пропишува и затворска казна до 5 години за спречување на законита одлука донесена од државен орган, е облик на притисок и заплашување на граѓаните.
Камбовски одговара на реакциите, обвинувајќи дека вчерашната хајка против него е „оркестрирана од тенок слој во општеството, кој свесно лаже“, воден од план како што вели, „за распад на државата“.
„За разлика од огромен број читатели, на кои им е сосема јасна содржината на мојата изјава во врска со бојкотот на референдумот, доаѓа фуриозна реакција на одреден тенок слој на ‘јавачи на Апокалипсата’, протагонисти на планот за распад на државата како единствен спас за нивните водачи и за одредени од нив, од соочувањето со казнената правда, којашто воопшто не ме изненадува. Особено кога доаѓа од некојси пратеник и (за голема жал за оваа држава!) поранешен министер за надворешни работи, кој си го присвоил правото дури и клучната фигура на нашата епоха, Блаже Конески, да го прекрсти во ‘џуџето од Небрегово’, а камоли мене да ме крсти со бесрамни дисквалификации. Разочаруваат по малку таквите ад хоминем напади од професори-колеги, кои би требало да се срамат од нив зашто ја демонстрираат нивната неукост: требало, имено, да знаат дека не само во правото, туку и воопшто во секоја сфера на човечки односи таквите ‘аргументи’ се најслаби и не може да поддржат никаква сериозна теза. Но тешко може да се очекува нешто друго од таквите ‘уставобранители’, меѓу кои влегуваат и поттикнувачи на обидот за државен удар изведен со терористичкиот напад врз Собранието на Република Македонија“, вели Камбовски.
Тој вели дека начинот на хорски диригираната реакција на неговата изјава е симптоматичен, дури и опасен.
„Извртувајќи ја изјавата, да му се стави во уста на тој што ја дал нешто што не кажал, значи да се рекомпонира во лага, а потоа од таквата лажна основа да се изведуваат бескрајно апсурдни импутирани ставови. Тоа е, за жал, најпримитивното рамниште на кое е спуштен нашиот јавен дискурс за вакви значајни, да не речам судбоносни теми за нашето општество и неговата иднина, како што е Договорот од Преспа и референдумот кој треба да го изрази мислењето на граѓаните околу неговата поддршка како инструмент кој ги отвора патиштата за безалтернативните евро-атлантски интеграции на Република Македонија“, вели Камбовски.
Тој пак повторува: „Уставно загарантираната слобода на граѓанинот да не гласа или да гласа и за што да гласа на референдум никој не може да ја ограничи со каква и да е забранувачка, најмалку кривично-правна забрана. Загарантирана е, се разбира и слободата секој јавно и без страв од секаква закана да го соопшти својот став во врска со референдумот – дали ќе се воздржи од гласање или ќе гласа и како ќе гласа. Загарантирана е и слободата да се даваат објаснувања и изнесуваат аргументи и повици за излегување или неизлегување на гласање, или за гласање ‘за’ или ‘против’. Но никаде не е загарантирано правото на партии или групи луѓе да ги организираат, регрутираат, потплатуваат, застрашуваат, попречуваат или манипулираат со граѓаните со кампања на омраза и ширење страв заради бојкотирање на референдумот, распишан со легална и легитимна одлука на Собранието на Република Македонија. Организираниот притисок врз граѓаните за бојкот на гласањето е противправен, затоа што не е во прилог на инвидидуалната слобода и право на поединецот да гласа и е против референдумот како значајна демократска вредност на македонското општество што се стреми да се приклучи во европскиот цивилизациски круг“.
Камбовски вели дека е убеден оти огромното мнозинство граѓани не подлегнуваат на манипулациите на оваа „група десперадоси“, како што ги нарекува.
„Убеден сум дека граѓаните го препознаваат значењето на Договорот од Преспа и дека слободно и по своја сопствена совест ќе гласаат на претстојниот референдум, водејќи се при својата одлука како ќе гласаат, не од поттикнувањето на организаторите на бојкотот, туку од претпоставениот интерес на своите деца“, вели академик Камбовски.
Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници или 71 пратеник се изјаснија дека се „за“ на референдумското прашање и го информирале претседателот на Собранието Талат Џафери дека нивните пратеници ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот за името. Освен Милошоски кој се изјасни за бојкот, ВМРО-ДПМНЕ уште нема доставено известување, а според најавите тоа ќе го стори в среда.
Владата одвои 1,3 милиони евра за Собранието за кампања за референдумот, но од Парламентот денеска потенцираа дека пратениците нема да добиваат пари, туку Собранието ќе закупи медиумски простор и истиот, според изјаснувањето, ќе биде пропорционално поделен.