Ова е слика која се добива со читање на резултатите на последната анкета објавена на Телма. Поголема е динамичноста кај кампот за „не“ односно „бојкот“, додека кај оние што се „за“ има одредена статичност, па и неинвентивност во користење на податоци кои доаѓаат преку Викиликс или слично. Наслонувањето само на радио и тв станиците укажува и на еден конзервативен приод во целата кампања, што би се рекло „видлив и од авион“
Во услови на голема напнатост која владее во земјава за излезноста на гласачите на референдумот, закажан за 30 септември, резултатите на анкетата која минатата недела беше објавена на Телевизијата Телма бше добредојдена, барем како ориентир. Може значи да биде од корист за сите заинтересирани, а пред се за оние кои настојуваат реферндумот да има голема (доволна) излезност, како и политичките опоненти кои одат на тоа гласањето да нема доволна излезност, залагајќи се на терен за бојкот.
Анкета за Телма покажа дека 57,8 отсто од граѓаните ќе излезат на референдумот, што само по себе значи дека истиот ќе има успешност. При тоа мниозинсвото од излезените – 40,9 отсто од граѓаните ќе гласаат „за“, „против“ би биле 8,6 отсто, неопределени се 6,3 отсто, од анкетираните, додека два проценти од анкетираните одбиле да одговорат. Речиси една третина или 28,8 отсто нема да излезат на референдум, 11,2 отсто не знаат и 2,2 отсто одбиле да одговорат
Тие исто така укажуваат дека има прелевање на гласачите (анкетираните) – оние што истакнале дека се против во претходно изјаснување кон – бојкотирам, што е секако резултат на притисокот на машинеријата на ВМРО ДПМНЕ.Затоа имаме и пад на бројот на оние кои ќе излезат! Така, во однос на првата анкета, се бележи пад на можната излезност на гласањето (од 66,6% на 57,8% или намалување од 8,8 процентни поени (пп)), која е практично езултат на „тумбањето“ на ставовите во ДПМНЕ. А од друга страна пораст на бројот на испитаници кои се веќе определени да не излезат на гласање на 30 септември (од 19,8% на 28,8% или разлика од точно 9 процентни поени). Со оглед на тоа што бројот на неопределени лица и тие што не одговориле на прашањето е незначително различен од првата анкета (0,4 процентни поенип), промената на определбата е речиси во целост од тие што претходно се изјасниле дека ќе излезат на гласање, а сега велат дека сепак нема да гласаат
Ова го покажала најновата анкета што за телевизија Телма ја изработиле Инситутот за демократија-Социетас цивилис и Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС, а ја спроведе компанијата М-проспект.
Анкетата е теренска и е правена лице в лице од 7 до 25 август годинава на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Анкетата го проектира и цензусот на референдумот, а вкрстува и податоци за етничката припадност на анкетираните. Анкетата е спроведена на македонски и албански јазик.
Анкетата правена врз примерок на испитаници кој е повеќестепен стратификуван, репрезентативен според регион, пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, при што покажа дека 52,4 отсто од Македонците и големо мнозинство етнички Албанци (70,6 отсто) се определени да излезат на гласање. Од Македонците „за“ ќе гласаат 61,7 отсто и од етничките Албанци – 88,8 отсто.
Кај неодлучните изведувачите забележале дека постојат три групи. Една која се уште се мисли, втора која е целосно аполитична и трета која по правило не гласа никогаш. Очевидно дека на една третина се уште може да се дејствува преку прогандата на едниот или вториот табор.
Анкетираните се полнолетни лица, граѓани на Македонија и сите резултати се урамнотежени според официјални демографски статистички податоци од Државниот завод за статистика и Проценките за население за 2017 година. Таа покажа очекувано големо мнозинство на референдум да излезат симпатизерите на СДСМ – 93,8 отсто и на ДУИ – 78,3 отсто, додека интересни се бројките за приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Во опозицискиот табор мнозински е ставот да не се излезе на референдумот – 57,7 отсто, додека 29,8 отсто од симпатизарите на опозициската партија сепак би излегле да гласаат.
Клучната причина поради која оние кои на референдумот ќе гласате „за“ ја навеле дека Договорот ќе помогне за влез во ЕУ и НАТО – 62,3 отсто. За 26,7 отсто причина е дека Договорот е добро решение на долгогодишниот спор, а 5,2 отсто рекле дека немаме друг избор.
Сите резултати во анкетата се подложни на статистичка грешка од ±3,1 отсто со прифатливо ниво доверба: 95,0 отсто.
Многу е интересно да се види сигурноста на анкетираните во нивните ставови, веројатно и поважна за партиите отколку она шпто е заокружено„
Вообичаено за ваков тип опции за одговор, има концентрација на краевите (во случајов оценките 1 и 10). Највисока е определеноста за сигурно излегување (34,1%) а нешто помалку изразена е крајната одлучност да не се излезе, која е присутна кај 22,7% од испитаниците. Од искуствата со поранешни анкети, реално може да се смета на излезност која е збир од трите последни одговори (10, 9 и деумно 8), односно до 47%. Овој наод е дополнително потврден со проекција на одговорите кои укажуваат дека испитаникот ќе излезе на референдум и претходно гласање во 2016-тата година на парламентарните избори. Вкрстените определби помеѓу референдумското изјаснување и претходно гласање беа проектирани на фактичките гласови добиени во 2016-тата година. Така, на пример, гласовите за СДСМ во 2016 г. се поделени според тоа вкрстување на оние што ќе излезат и ќе се изјаснат за, против или се сè уште неопределени, наспроти оние што нема да излезат или се неодлучни дали воопшто да излезат. За сите партии и на оние неопределени во 2016 г. беа калкулирани вакви проекции и изведени збирови. На крајот, збирот на гласови за страната која ќе излезе изнесува 46,4%. Оваа проекција треба да се гледа во интервал на грешка од ±3,1%..
За оние кои се зантересирани во општеството за успех на референдумот, амно да се изразува задоволтво. Анкетарите, заклучувата дека реалната излезност засега, заради незаокруженот на списокот со реално отсустните од земјава е под цензусот од 50 отсто плус еден глас и би се движела помеѓу 43% и 49%, имајќи ги предвид маргините на статистичка грешка од ±3,1%. Оттука, излезноста се приближува до потребниот цензус, но е неизвесно дали ќе се достигне, имајќи ја предвид активната кампања која повикува за бојкот.
Според истражувањето, кампот „За“ е поголем од оние што се изјаснуваат против и оние што активно нема да гласаат, односно ќе бојкотираат. Сепак, на оние што ќе бојкотираат им се придодаваат политички незаинтересираните граѓани и оние што од други причини ќе бидат спречени да се изјаснат на референдумот.
Во десетте ставови поврзани со референдумот за кои беа прашани граѓаните, има релативно голема поларизираност меѓу граѓаните. На сите прашања согласноста (целосна или делумна) или несогласноста е поголема од 35%, а помала од 60%. За повеќето (7 од 10) сепак има мнозинска (иако) мала поддршка, но 4 од нив се во прилог на „кампот“ за поддршка на референдумот (вклучувајќи ја и постапката по која е распишан и се спроведува), додека 3 не се. Најподелени се мислењата во однос на тоа дали може да се добие подобар договор со Грција во иднина, како и за тоа дали да се продолжи постапката во Собранието ако не се постигне цензусот на референдумот. Накратко, може да се сумира дека граѓаните очекуваат мнозинството гласачи да излезат на референдумот и да гласаат, а потоа да се почитува волјата на мнозинството кои гласале (за или против), но дека ако не се постигне цензусот – постапката да запре тука, односно да не се продолжи во Собранието со уставните промени.
Индикативно е дека анкетата засега не се коментираше од двата табори, што знали дека нема задоволство кај ниту едниот од нив, иако фудбалски речено односот е 4:3 во однос на оние што се „за“. Има простор за дејствување кој секако ќе биде насочуван од страна на политичките противници. Во кампот „за“ засега се дејствува и со тешката артилерија на високите политичари однадвор, кои недвосмислено даваат поддршка за референдумско изјаснување и очекуваат Македонија да стане член на нивните клубови.Не е јасно зошто нивните штабови не ја искористија предноста која има ја дадоа некои „подароци“ како што се двата извешти на американската амбасада, сервирани преку Викиликс! И најавата на претседателот на Собранието дека парите за пропаганда ќе се дадат само на радио и тв станиците, значи еден крајно конзервативен поглед кон оваа материја, бидејќи теренот на социјалните мрежи е целосно оставен на противникот!
Другата страна засега игра двојно – партискиот врв на ВМРО ДПМНЕ наводно се упте не донел дефинитивна оценка, заради актот дека нема одобение од оние над нив во реалната хиерархија, при што претседателот на државата е решително против.
(Р.Г.)