Камчев заврши како кусур за бугарското вето: Тој испланира „совршено убиство” на власта, но не знаеше кога да скокне од бродот кој тоне – гласи коментарот во емисијата „Во центар“. Нешто од мизансценот на империјата на Камчев се разоткрива. За почеток тој ја минимизираше својата улога во аферата „Рекет“, за жал на големата т.н. „кики-фрики“ менажерија
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Откако најбогатиот човек во земјава, според вагата на опозицијата – Орце (Јордан) Камчев е во притвор, не престанува клддбата за тоа што ќе се дознае од неговото присуство зад решетките. Облечен „цакум-пакум“ тој минатата недела дојде во Кривичниот суд како сведок и веќе со своето сведоштво донесе битна новина за позицијата на шоуменот Бојан Јовановски и неговата мрежа во општеството. Допрва ќе се откриваат многу детали од собата со валкани чаршави на домашната сцена, каде тој има многу своја „постелнина“. Но едно е сигурно – Камчев вели дека дал м алку пари а истите ги зел основачот на сега бившата телевизија 1ТВ, која влезе во стечај на 30 јануари лани. Оној кој секако засега е целосно надвор од аферата „Рекет“ а требаше него да го урне – Зоран Заев јасно, со сведочењето на Камчев е надвор од кругот: пари имало малку од страна на тајкунот а сите си ги зел Јовановски. Ова не го амнестира Камчев од сите случаи во кои тој несомнено игра голема улога, но затоа другите актери целосно се дават во своите измисли!
На виделина исплива она што јавноста многу добро го знае, спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, осомничено лице сега во притвор, Орце Камчев, се вели во партиското соопштение на СДСМ.
-Тоа што Мицкоски рипна да го одбрани Камчев, покажува дека очигледно големи се неговите хипотеки кон Орце. Му го додели Тони Менконоски, близок соработник на Мицкоски и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство. За целиот тој процес, Мицкоски, Менкиновски и ВМРО-ДПМНЕ правеа сѐ за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот, велат од СДСМ.
Според нив, велат во владеачката партија, Мицкоски во една јавно објавена снимка потврди дека е единствен којшто се бори против случајот Империја и против Законот за Јавно обвинителство.
– И покрај тоа што Камчев е осомничен во предмет каде што пари од касата на ВМРО-ДПМНЕ се одлевале за Никола Груевски да купи плацеви на Водно, Мицкоски упорно го брани. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, не си ги бара парите (1,3 милиони евра), наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија, очигледно поважен и е Орце Камчев отколку сопствените финансии. Докажаниот губитник Мицкоски, не успеа да го спречи носењето на Законот за јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови. Правдата е тука, секој што го прекршил законот, мора да одговара и одговара пред законите, велат од партијата.
Во меѓувреме Камчев дојде како сведок во аферата „Меѓународен сојуз“ во Кривичниот суд на едно од рочиштата. Од сведочењето – тоа е сосема јасно – највеќе и олесни на обвинетата Ременски. „Иако скоро сите присутни во судницата вчера ги слушнаа двата јасни искази од сведокот Јордан Камчев дека, ’Фросина Ременски ниту ја познавам, ниту сум ја видел’, сакам да кажам зошто овој исказ за мене е важен: Со овој исказ кој се совпаѓа со сето тоа што повеќе од година ипол го зборувам јавно, а тоа е дека ’Ниту јас, ниту мојот сопруг, ниту членови на моето семејство го познаваме семејството Камчеви’ и дека, ’Не сме биле во некаква комуникација’. овој исказ ги негира сите претходни манипулации кои во континуитет, свесно и за пропагандни цели повеќе од две години се плетае околу моето име и името на мојот сопруг за некаква наша вмешаност во ’Рекет’, Катица и Камчеви. вој исказ од вчера е спротивен на сите навивачки и обвинувачки тези кои беа изнесени во деновите на моја жалост дека, Камчев е приведен за да не сведочи во Меѓународен сојуз и дека мојот сопруг Јовче Ременски напишал и наредил негово приведување и притворање.
Одбележувањето на Прочка, денот на апсењето на Камчев и неговото придружување на Мијалков во Шутка беа предмет на многу духовити шеги .Се бараа врски меѓу двете апсења, особено низ фактот дека Камчеви, како соседи на Мијалкови, го криеле ексшефот на ДБ во оние 40 часдови на неговата „болест“, пред тој, после чудотворниот амалгам да се појави пред камерите на ТВ 24!
Интересни се оние коментари според кои Камчев е олигархот кој само отворено, пред камери го прави она шро го прават другите тајкуни во земјава. Не е имун на камерите ниту Мијалков, тоа го видовме скоро, само што тој нив ги користи во рамки на своите нарцисоидни испади и одржување на сопствениот мачо стил, кој оди паралелно со сокриеното движење на неговите пари.
Авторот на емисијата „Во Центар“ смета дека на Камчем му дошол крајот кога односите со соседна Бугарија се расипале. Софија, со тамошниот негов спонзор Борисов, не моеже да бидат штит. „Заев не прифати Камчев да биде почесен конзул на Бугарија во Македонија. Не прифати да ја продаде ниту Комерцијална банка ниту Телекомот на Бугарите, иако луѓето на Камчев даваа гаранции во Софија дека тоа ќе биде завршено. Се до конфликтот меѓу Заев и Камчев, Македонија немаше проблеми со Бугарија. По конфликтот меѓу Заев и Камчев, Бугарите почнаа да ја радикализираат состојбата која на крајот заврши со бугарското вето. Бугарскиот ракопис се гледа од Рекет до сите други турлитави во кои беше влезен Камчев, вклучително и патронатот врз лидерството на опозицијата“ -заклучува во емисијата „Во Центар“ авроеот Васко Ефтов, кој на аферите со Камчев им дава и силна меѓународна димензија. И додава дека „по бугарското вето се намали употребната вредност на Камчев“. При тоа авторот, кој е познат по своите лесно поставени комбинаторикипоаочува кон а амбасадата на Калето и укажува дека неодамна имало средба на американската амбасадорка Брнс и премиерот на владата Заев. По овој настан тој гледа директно влијание врз настаните во земјата, апсењата на двата најмоќни луѓе од земјава, соседи на Водно и партнери во некои настани. По два дена Камчев заврши во притвор, потсетува Ефтов.
Јасно е дека ВМРО ДПМНЕ не може да опди до крај во бранењето ниту на Мијалков (го исклучи од партија и го смета како творец на Мериот коалицијата), кој требаше да раководи во заднината на смената на Мицковски. Но затоа тргањето на Камчев силно ги здоболе.
Впрочем вториот не беше само „колекционер“ туку и дарител, умееше да создава империја: многу од неговите медиумски поддржувачи се познати во јавноста, политичките алки беа видлив и невидливи а се отворија и онаму каде се наоѓаат т.н. чувари на правната држава, ама се изгледа алчни и едноставно требаше да ја враќаат – така да речеме – довербата во нив. Не е јасно како судијката која требаше да одреди мерка притвор на Камчев се иззеде од случајот! Впрочем, таа шаренолика екипа на милијардерот денес се јавува како антички хор кој го најавува дејствието кое за нив е класична грчка трагедија. И дека во неа тие како во секој трагедија, од малото прозорче на судбината ќе гледаат кон пристаништето од каде заминува нивната лоша среѓа: треба да бидат удавени стотици субјекти. А и многу објекти, за почеток оние на Водно.
„Ненадејната“ средба на министерот за надворешни работи Османи со Бојко Борисов веројатно не го содржела Камчев, несудениот конзул во предметиот на разговор. На Борисов му е јасно дека и преку Македонија тој добива сериозни ударуи од западната страна. Унијата успеа да ја амортизира, но затоа не и промената на кормилото во Вашингтон, каде замерките кон Софија се многубројни – наметнатиот конфликт кон Македонија е само додатен товар за ГЕРБ. Кој ќе му мисли сега за Камчев.