БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Не бегајте отука, обратно инвестирајте, декар земја во Македонија ќе вреди колку еден брод злато, еден кладенец со вода ќе вреди колку три танкери со нафта, таква ни е климатската зона, можеби се во право оние кои велат дека Македонија е библиска земја, сакам да кажам, не се глупурајте, успехот на референдумот е најволшебната нвестиција во вашите животи!
Метеоролошките извештаи велат дека нивото на Сан Лоренцо во 1991 година стигнало до три метри над максималната кота, поради плачните депресии во кои потонале Македонците по најавите за промена на уставното име на нивната татковина, од Социјалистичка Република Македонија, во Република Македонија.
И во стравот дека таа промена ќе ги остави без национален идентитет. Не се знае дали и Солза тогаш плачела со нив, но факт е дека реката била надојдена затоа што без уставното име на Македонија, некои луѓе што ги прифатила најубавата држава во светот, се претвориле во машина за плачење. Хахаха.
Малку е необично што сега се острат повторно да плачат по истата работа. Некој треба да ги потсети да не се секираат за идентитетот, врзано со промената на уставното име во Северна Македонија, затоа што ако промената од тој вид предизвикува такви ефекти, тие веќе еднаш го имаат загубено идентитетот, а ако не е така, тогаш, уште помалку треба да се секираат.
Освен тоа, таа плачипичеста поза е навредлива за ние што сме тука. Од каде ви е идејата дека ние немаме друга работа освен таа за која ви приповедала Сузана – да ја продаваме и предаваме државата. Тоа е како јас да организирам пикник во Орешани на кој ќе зборуваме дека вие сте ја предале кога сте се иселиле. Не е така, зарем не. Би било добро да пробате со некој друг дискурс, овој со предавствата е – булшит.
Јас ви препорачувам да и купите на Сузана убави перки и црно одело против напади на ајкули и да ја пуштите да си доплива дома. И да не дозволувате да бидете или некој да ве прави, заостанати национални, политички и културни фосили од мезозокот на животот. Во Канада живеете, срамота е.
Македонците ќе ги преживеат климатските промени
Футуролозите, метеоролизите, астролозите и другите загледаници во иднината, велат дека планетата е исправена пред две извесности. Правата е пораст на средните температури за 5-6 степени, а втората ќе биде големото проретчување на хомо сапиенсот при што како последица на тие промени, ќе преживеат најмногу милијарда луѓе.
Е, сега, главната вест: Сите граѓани на Македонија кои нема да умрат на породување, од сепса при некоја банална операција, од телевизиските тортури на дебатните емисии, од медиумската парада на криминалците пред Кривилниот суд, од вмро-дпмне, читајки ги соопштенијата на опозицијата, чекајки го Мицко да смисли нешто глупо и Хорхе да избега пред некој нато генерал, од срам, на референдумот или на пршачки премин, ќе се најдат меѓу тие милијарда луѓе.
Препорака: Не бегајте отука, обратно инвестирајте, декар земја во Македонија ќе вреди колку еден брод злато, еден кладенец со вода ќе вреди колку три танкери со нафта, таква ни е климатската зона, можеби се во право оние кои велат дека Македонија е библиска земја, сакам да кажам, не се глупурајте, успехот на референдумот е најволшебната нвестиција во вашите животи!
Не се заебавам!