Кенје Вест е постојан кандидат за претседател на САД ама сеедно, во Австралија може да влезе само ако е вакциниран а тој тоа не е . Нема попуст му порачаа, исто кaко и за Новак Ѓоковиќ
Музичката ѕвезда Канје Вест ќе треба целосно да се вакцинира доколку сака да настапи во Австралија, изјави премиерот на таа земја Скот Морисон.
Така, австралискиот премиер реагираше на медиумските најави дека изведувачот планира мартовска музичка турнеја во таа земја.
„Правилото е дека мора да бидете целосно имунизирани. Тоа се однесува на сè, како што неодамна видовте. Не е важно кој си – тоа се правилата. Ако ги следите – добредојдени сте. Ако не ги почитувате, не ги почитувате“, рече Морисон.
Тој го издаде предупредувањето две недели откако на светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кој не беше вакциниран, му беше укината австралиската виза – поради што не можеше да ја одбрани титулата на Австралија Опен.
Претставниците на Канје Вест, кој објави нов албум во јули, не беа достапни за коментар за Ројтерс.
Не се знае дали музичарот бил вакциниран против Ковид 19.
Во интервју на социјалните мрежи во 2021 година, Вест изјави дека примил наводно една доза од вакцината, додека, од друга страна, во интервју за бизнис магазинот Форбс од 2020 година, тој ја означи вакцинацијата како, како што рече тогаш, знак на ѕверот.
Австралија, земја со висок процент на вакцинација на нејзините граѓани, во изминатиот месец беше погодена од значителен бран на омикронска инфекција со Ковид 19. Пријавени се околу 2.000.000 нови случаи.
До тој период, од почетокот на пандемијата пред две години, ги имало само 400.000.
Американскиот рапер Канје Вест на Твитер објави дека има намера да се кандидира за претседател на САД.
„Мораме да го исполниме ветувањето на Америка со вера во Бога, обединување на визијата и градење на иднината. Се кандидирам за претседател на САД“, напиша раперот со хаштагот #2020VISION.
Сепак, не се знае дали Вест навистина ќе влезе во трката меѓу екс-републиканскиот и демократскиот кандидат во идната изборна трка.
Канје Вест беше голем поддржувач на Трамп, тоа често го искажува на социјалните мрежи, па дури а еднаш и се сретна со него во Белата куќа.
Ев ентуалната кандидатура на вест би се базирала на парите на неговиот пријател, милијардерот Илон Маск.
„Ја имате мојата целосна поддршка“, му напиша Маск.