Актуелната и сега идна ректорка Ангелова победи благодарејќи на системот на гласање во кој инстиутите се помоќни а секако зад себе ја имаше и власта. Таа не доби поддршка од своите колеги

Според објавените резултати пд гласањето за следниот мансдат за ректор на УКИМ, за оваа функција Ангелова освоила 2924.,25 поени, додека нејзиниот противкандидат Дарко Данев освоил 2675,875 поени. Тоа значи дека со разлика од околу 300 поени Ангелова победи од вкупниот број гласови од сите 28 единици на УКИМ
Освоените резултати на двајцата кандидати покажуваат дека Данев освоил повеќе гласови од Ангелова на техничките факултети, како и на Медицинскиот, Правниот и Економскиот факултет, додека Ангелова ја обезбеди поддршката од институтите, но и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Земјоделскиот факултет, како и од Архитектонскиот, Стоматолошкиот и Технолошко-металуршкиот факултет
Професорот Дарко Данев, по завршувањето на изборниот процес за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ѝ го честита реизборот на проф. д-р Биљана Ангелова, посакувајќи ѝ успешен мандат на чело на најстарата и најзначајна високообразовна институција во државата.
Во својата реакција по изборите, Данев изрази очекување Ангелова во наредниот период да придонесе кон подобрување на функционирањето на Универзитетот, со фокус на унапредување на студентското искуство и подобрување на условите за работа на професорите. Упати благодарност и до колегите што му ја дале довербата во изборниот процес, нагласувајќи дека за него е особено значајна поддршката што ја добил од 16 од вкупно 23 факултети на Универзитетот.

„Особено значајно за мене е што поддршката дојде дури од 16 од вкупно 23 факултети на Универзитетот, што претставува силен поттик да продолжам со истата посветеност и интегритет“,
кажа Данев.
Професорот во објавата на Инстаграм се заблагодарува и до своето семејство, пријателите и тимот што биле дел од неговата кандидатура, оценувајќи дека нивната поддршка била значајна во текот на целиот процес.
Професорката но и ценет опсервер на на настаните во земјава – Емилија Целакоска објави реверзна реверзна математика од изборниот список, од поените по кандидат и заклучи дека:
– Дарко Данев освоил вкупно 666 гласови, а
Биљана Ангелов освоила вкупно 561 глас.
Дарко Данев има 105 гласа повеќе од Биљана Ангелова на ниво на целиот Универзитет, но тој изгуби на изборите бидејќи неговата поддршка беше концентрирана во најголемите факултети каде гласовите имаат најмала поенска тежина.
Ангелова победи бидејќи победи во помалите факултети и институтите, каде еден глас вреди математички многу повеќе во крајниот збир на поени.
Малцинството владее над мнозинството – заклучи таа.
Индикативно е дека мнозинството од нејзините колеги на Економскиот факултет гласаше за кандидатот Данев!




