Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАНТРИМЕН: ДО ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР ЗА САМО 27 ДОЛАРИ

April 22, 2019 Filed Under: Македонија

Вака, на шега, поранешниот вршител на должност државен потсекретар на САД за меѓународни безбедносни прашања Томас Кантримен го поздрави Преспанскиот договор со кој Македонија се придвижи поблиску кон НАТО и ЕУ, Нимиц земаше плата од 1 долар годишно!

АНЕТА ШИЈАКОВА

ДИМИТАР БЕЧЕВ Сега е важно Македониј да го надомести пропуштеното време

На трибина во Вашингтон за Македонија и нејзините меѓународни перспективи по решавањето на спорот со името, организаторот, Форум за демократска Македонија, ги покани Томас Кантримен, поранешен претставник на Стејт департментот и Димитар Бечев, од универзитетот на Северна Каролина.

За 27 долари Обединетите Нации го постигнаа историскиот договор со кој се реши спорот со името на Македонија.

Тој алудираше на „платата“ на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите Нации, Метју Нимиц, кој 27 години работел за еден долар годишно.

​Кантримен инаку зборуваше на панел дискусија на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, посветена на Македонија.

На нашето прашање да посочи што, според него, треба да биде фокусот на државата во непосредна иднина, Кантримен рече: „Патот кон НАТО сега е чист од пречки и веќе е време да се размислува за следната цел, а тоа е спроведување на реформите неопходни за Македонија да биде сериозен кандидат за членство во Европската Унија. Договорот помеѓу Грција и Северна Македонија сам по себе не е доволен. Има уште работа. Но, јас сум оптимист. Мислам дека актуелната влада е посветена на спроведување на потребните реформи и гледам, не утре, не следната година, но во иднина, многу светла европска иднина за државата,“ рече поранешниот претставник на американскиот Стејт Департмент, Томас Кантримен.

КАНТРИМЕН Има уште работа ама јас сум оптимист

Организатор на трибината беше Форумот за демократска Македонија. Нивниот претставник и учесник во дискусијата, Кристијан Фидановски, ни рече дека целта била да се истакнат натамошните приоритетни чекори низ академска и професионална анализа.

„Во овој период се организираа неколку настани во Вашингтон со кои што се славеше дипломатскиот успех со промената на името, но ние, иако како Форум за демократска Македонија го охрабруваме напредокот на Македонија во евроатланските интеграции се надеваме со големо познавање на нашите говорници да посветиме внимание на проблемите во реформските процеси,“ рече Фидановски.

Димитар Бечев, од Центарот за словенски, евроазиски и источно европски студии при Универзитетот на Северна Каролина, смета дека за Македонија е важно да го надомести загубеното време.

КРИСТИЈАН ФИДАНОВСКИ Од името на Форумот за демократск Македонија говореше Кристијан Фидановски

„Сега Македонија буквално е веќе во НАТО. Се надевам дека во јуни на самитот на Европската Унија ќе добие датум за преговори за членство, бидејќи тоа е можеби уште поважно за Македонија. За ова ќе треба треба многу реформи, најмногу во областа на законите и судските реформи. Тука има многу дефицити и многу изгубено време и мислам дека Македонија треба многу да направи. Сегашните членки на ЕУ ќе обрнат многу внимание на тоа. И од изјавата на Макрон може да се види дека ќе го набљудуваат напредокот на Македонија,“ рече Бечев.

Панелистите се согласија дека приоритет треба да биде обезбедување на владеење на правото и борбата против корупцијата.

Filed Under: Македонија

KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?
МАЛА РЕЧИЦА: ЛОКАЛЦИТЕ СЕ ПРЕТСОБЈЕ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НАПРОЛЕТ
ОСТАВЕНИ СМЕ НА СВОЈАТА СУДБИНА

Најново

  • KАРАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВМРО-ДПМНЕ НЕ ИСПОРАЧА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ, ЖИВОТНИОТ СТАНДАРДОТ ПАДНА ЗА 20 ОТСТО
  • КОЈ ЈА ПРИЗНАВА ДРЖАВАТА ПАЛЕСТИНА И ЗОШТО НИЕ НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ
  • СВЕДОШТВА : КОЈ ЈА ИСПРАТИ ПРВАТА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОТРЕСОТ?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet