Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВЛАСТА САКА ДА ГО РАЗНЕБИТИ СДСМ

March 24, 2026 Filed Under: Македонија

Целта на овој напор е да се направи дефокус од реалните проблеми во државата

ОГРОМЕН БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ На државата постојано и фалат околу две милијарди евра за да ги решава тековните потреби и бара дефокус – вели потпретседатеката на СДСМ

Власта прави еден страшен дефокус од проблемите кои им се случуваат и на граѓаните и на државата во овие тешки моменти на повторна економска криза и нови ценовни шокови по војната на Блискиот Исток, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашната емисија „Само интервју“ на телевизија Канал 5, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Каранфилова Пановска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ свесно се обидува да ја дефокусира јавноста и да предизвика внатрешни поделби во СДСМ. Во тој контекст, Каранфилова Пановска нагласи случајот со Шилегов, е еден од начините преку кои се поттикнуваат такви поделби, наместо да се зборува за реалните проблеми на граѓаните.

– Значи, не станува збор за различно мислење, не станува збор за поинакво поимање на политиките, затоа што не слушнавме ништо, ниту што СДСМ треба да прави или не треба да прави, конкретно на ниво на политика. Уште помалку слушнавме нешто против власта, така што очигледно е дека тоа не оди во полза на СДСМ. Тоа е одработување за ВМРО-ДПМНЕ. Посредно или непосредно, тоа е одработување за  ДПМНЕ работи на разнебитување на опозицијата – рече Каранфилова Пановска

Таа додаде дека владата, наместо да ги решава проблемите и предизвиците со кои е соочена државата, се занимава со СДСМ.

– Не може да се троши толку време на тоа што се случува во опозицијата, а да не зборува никој за тоа што не работи актуелната власт. ВМРО-ДПМНЕ е речиси две години на власт во Македонија. Дали една политика која што е од интерес за граѓаните и за државата успеаја да ја сработат? Дали еден проект, освен започнатите што ги затекнаа од владата на СДСМ, успеаја да започнат или да завршат? Владата на ДПМНЕ и Мицкоски не мрдна со мал прст да направат нешто за да го заштитат стандардот на граѓаните и изминативе две години, во континуитет, а особено сега при ваков нов ценовен шок, кој што се должи на порастот на цената на енергенсите, што, се разбира, повлекува спирала и пораст на цените во маркетите – рече Каранфилова Пановска.

Дополнително, како што посочи Каранфилова Пановска, за овие две години владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не знае да менаџира со јавните финансии.

– Факт е дека државниот буџет и кондицијата на оваа влада некако издишува. Ние имаме дупка во буџетот од скоро 2 милијарди евра. Буџетот не е ликвиден да ги сервисира дневните потреби, уште помалку е ликвиден да го сервисира стопанството. Се доцни со поврат на ДДВ кон компаниите. Крајот на 2025 година, оваа влада ја заврши со тоа што имаше 8% помалку реализирани приходи. Паралелно на тоа имаме ново задолжување од 1 милијарда, внатрешно, имаме дополнително задолжување од 300 милиони евра. Тоа се тие 2 милијарди кои што се реален буџет. Не знам каде отидоа парите од првото задолжување, од првата милијарда евра од унгарскиот кредит – рече Каранфилова Пановска.

Filed Under: Македонија

ЈОВАНОВИЌ: МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ИМПОТЕНТНИ
КАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВЛАСТА САКА ДА ГО РАЗНЕБИТИ СДСМ
САД: ОСТАВКА ШТО ГО РАЗГОРЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН
ХOЛАНЃАНКАТА АНЕКЕ БРАСИНГА Е ГОДИНЕШЕН ДОБИТНИК НА „ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ“
ВОЗДУШНИОТ КОРИДОР ЗА ДОСТАВА НА МУНИЦИЈА ФУНКЦИОНИРАШЕ ВО ВРЕМЕТО НА ЗАБРАНАТА ЗА ИЗВОЗ

Најново

  • ЈОВАНОВИЌ: МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ИМПОТЕНТНИ
  • КАНФИЛОВА ПАНОВСКА: ВЛАСТА САКА ДА ГО РАЗНЕБИТИ СДСМ
  • САД: ОСТАВКА ШТО ГО РАЗГОРЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet