Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАРАНТИНОТ СЕ ВРАЌА ШИРУМ СВЕТОТ

July 12, 2020 Filed Under: Свет

Генералниот директор Тедрос Гебрејесус, вели дека е клучно пронаоѓањето на вакцина, која мора да биде достапна за сите, а не само за оние што ќе можат да платат за неа

КОРОНА Контролата на дојденците е редовна процедура секаде

Светската здравствена организација (СЗО) покренува независна истрага за глобалното справување со панедмијата, откако некои држави се покажаа дека подобро се справиле со вирусот за разлика од други.

„Ова е време за преиспитување, да го погледнеме светот во кој живееме и да најдеме начини да ја зацврстиме нашата соработка, и да ја ставиме пандемијата под контрола“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус, додавајќи дека пандемијата, која го погоди речиси секој во светот, заслужува опсежна евалуација.

СЗО Ова е време за преиспитување, да најдеме начини да ја зацврстиме нашата соработка, и да ја ставиме пандемијата под контрола

Според него, глобалниот одговор е клучен во справување со пандемијата, вклучувајќи ја и работата на пронаоѓање вакцина, која мора да биде достапна за сите, а не само за оние што ќе можат да платат.

СЗО, исто така, официјално кажа дека вирусот би можел да се пренесе преку воздушен пат, особено во специфични затворени простории.

Гебрејесус се согласува со некои научници, кои велат дека дури и луѓето без симптоми, можат да го пренесат вирусот по воздушен пат.

Многу држави во светот го враќаат карантинот, како и другите рестриктивни мерки, како што бројот на заразени на глобално ниво достигна над 12 милиони, и 553.000 смртни случаи, заклучно со вчера.

БЕШЕ НЕКОГАШ Плажите во Рио ќе ја чекаат вакцината!

Привремената претседателка на Боливија Жанин Ањес, изјави дека е позитивна на КОВИД-19.

„Се чувствувам добро. Ќе продолжам да работам од изолација“, напиша таа на Твитер.

И бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој долго време велеше дека луѓето не треба да се грижат за вирусот, е тестиран како позитивен на КОВИД-19. Градоначалникот на Рио де Женеиро, пак, рече дека градските плажи, едни од најпознатите во светот, официјално нема да бидат отворени додека не се најде вакцина.

Во мигот во Бразил умреле повеќе од 70 илјади заразени од ковид-19 . Во САД починале на 9 јули е забележан рекорден број на заразени во еден ден – 58 илјади. Вкупниот број зарзени е 3,3 милиони лица.Австралиската држава Викторија, вторта по големина

Хрватска, која прогласи победа над вирусот, сега бележи по 50-60 случаи на новоаразенио на дневна основа.

 

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet