Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАТАСТРОФАТА НА „СТРУМА“: КОЈ СЕ ОБИДУВА ДА ЈА ПОЛИТИЗИРА ТРАГЕДИЈАТА?

November 30, 2021 Filed Under: Колумни

ПЕТАР ЧОЛАКОВ

Главниот обвинител Гешев си останува моќна фигура во правосудниот систем. Гешев се смета за близок до ГЕРБ и ДПС, а личноста и прерогативите му се објект на многу критики од страна на партиите на протестот, кои се на пат да ја преземат власта во државата. Од тие причини, тие тешко можат да сметаат на негова попустливост во изјаснувањето за случајот „Струма“

Тоа беше очекувано: беа потребни само неколку часа за да започне политизирањето на трагедијата на автопатот „Струма“. Од ГЕРБ веднаш изјавија дека одговорни за лошата состојба на патот се бившите министри на БСП, Паскалев и Гагаузов, а службениот кабинет на Стефан Јанев ги игнорирал сигналите дека магистрала итно треба да се санира. Од партијата на Борисов споменаа дека неколку министри во неговата влада поднесоа оставки во 2018 година по инцидентот крај Своге и побараа реципрочни промени и во техничката влада.

Од Институтот за безбедност на патиштата (ИПБ) соопштија дека, според нивната анализа, основната причина за инцидентот е човечка грешка, но лошата состојба на патот, на кој се случуваа и други катастрофи со жртви, во најмала рака придонела за оваа нова трагедија. Од Институтот велат дека неколку пати алармирале до владата дека претстои „второ Своге“, но „никој не знае точно каде“.

Не е исклучено партијата на Борисов да се обиде да го возврати ударот или да бара реванш. Додека беше на власт, ГЕРБ во повеќе наврати беше критикувана од ривалите за десетици корупциски скандали при изградбата на патишта и магистрали. Непосредно пред изборите на 14 ноември, министерот за внатрешни работи Рашков пред медиумите изнесе нова жешка порција откритија пред медиумите.

Иако политичкото расположение годинава се сврте обратно од желбите на ГЕРБ, главниот обвинител Гешев си останува моќна фигура во правосудниот систем. Гешев се смета за близок до ГЕРБ и ДПС, а личноста и прерогативите му се објект на многу критики од страна на партиите на протестот, кои се на пат да ја преземат власта во државата. Од тие причини, тие тешко можат да сметаат на негова попустливост во изјаснувањето за случајот „Струма“.

Во интерес како на Бугарија, така и на Северна Македонија е вистината, каква и да е таа, да биде утврдена што побрзо. Добро е политичарите, од било која страна, да се придржуваат строго кон фактите, а не да си поигруваат со смртта во обидот да извлечат корист.

Бугарија беше покосена и од друга трагедија, Ден претходно, на 22 ноември, пожар во домот за стари лица во село Ројак го однесе животот на девет луѓе. Зоран Заев веќе изрази сочувство за инцидентот. Тој и бугарскиот премиер се согласија дека нашите два народи треба заеднички да одбележат денови на жалост за жртвите.

Солидарноста, изразена од Заев и Јанев, дава зрак надеж дека Скопје и Софија можат да извлечат поуки од трагедијата и да ги надминат недоразбирањата, да излезат помудри од предизвикот. Со оглед на преовладувачкото расположение во Бугарија, како и во соседството, сепак не очекувам наскоро некој да направи отстапки.

Фрагментацијата на политичкиот систем кај нас го прави секој глас уште поважен за политичарите. Од БСП, кои преговараат за учество во новата влада, веќе недвосмислено порачаа дека нема да дозволат компромиси кон Северна Македонија и „бугарскиот национален интерес“. Тешко дека и било која од другите партии би преземала ризик да тргне против општествените ставови.

Сосема е можно политичките лидери во Софија и Скопје да ги пропуштат поуките и од оваа сурова лекција која им ја донесе ноември на нашите два народи. А таа лекција е недвосмислена: историјата си е историја, но пред смртта сите се еднакви. Заеднички да ги почитуваме мртвите, но да се погрижиме и за живите и за нивната заедничка иднина.

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet