Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КАЈ МОБИЛНАТА ТЕЛЕФОНИЈА ВО ЗЕМЈАВА ПОСТОИ КЛАСИЧЕН ДУОПОЛ

February 18, 2020 Filed Under: Македонија

Презентиран Петтиот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК. Ништо од реформите во оваа сфера

ААВМУ Со повеќе пари за годинава и со стар состав

Реформите  во медиумската сфера не мрднаа од мртва точка и неизвесно е кога и дали воопшто ќе се случуваат и во која форма, беше истакнато на презентацијата на Петтиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

За септември и декември 2019 година од аспект на работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) се наведува дека и покрај препораките и барањата на експертската и граѓанската јавност, изборот на нови членови на програмскиот Совет на МРТ од страна на Собранието останале целосно закочени, како и дека најверојатно тоа  нема да се промени до одржување на предвремените парламентарни избори и формирање нов парламентарен состав.

Во презентирањето на извештајот Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар, рече дека во овој период АВМУ ги има усвоено годишните програми и планови за 2019 година. Додаде дека Агенцијата планира за годинава поголеми приходи од лани за речиси два процента, односно над 138 милиони денари.

„Најголема приходна ставка е државниот буџет, а ќе бидат пренесени и вишок средства од минатите години во висина од над 12 милиони денари. Според финансискиот план, највисоки расходни ставки во 2020 година ќе бидат платите кои зафаќаат 40 проценти од буџетот и интелектуалните и другите услуги 19 проценти, или вкупно 59 проценти од буџетот на Агенцијата. Споредено со минатата година, ставката за плати е зголемена за 19 проценти, додека ставката за надоместоци за членовите на Советот е намалено за 50 проценти“, изјави Бејкова.

Во 2020 година, рече таа, АВМУ покрај другите законски надлежности планира да продолжи со своите активности во насока на поттикнување на медиумската писменост и слободата на изразување, социјалната инклузија, како и јакнењето на редакциската култура и независноста на уредувачката политика и свесноста за важноста од почитување на професионалните стандарди кај медиумските професионалци.

БИЛЈАНА БЕЈКОВА Платите земаат 40 отсто од буџетот на ААВМУ а тие се зголемени за 18 отсто

Мониторингот покажува дека Комисијата на  АЕК, како што информира Горан Лазаров, проектен менаџер во ЕвроТинк – Центар за европски стратегии, одржала осум состаноци, биле спроведени 13 јавни набавки, организирани шест јавни расправи и објавени 20 соопштенија, но бил одржан и вториот јавен состанок на Агенцијата.

Во однос на перформансите, според финансискиот план за работа за 2020 година, предвидени се приходи и расходи со еднаква сума од 504.600 денари да се потрошат, а надоместоците за користење на радиофраквенција околу 80 проценти од вкупниот приход на Агенцијата предвидени се да доаѓаат од таа ставка.

„Можеме да констатираме на нивната страна најголем дел од документите и податоците кои што АЕК требаше да ги објави беа објавени. Освен новиот дизајн, не можеме да видиме некоја клучна промена во поглед на опширноста на информациите кои што се поставени таму. Во овој квартал можеме да посочиме дека записниците од состаноците на Комисија на АЕК се недетални и содржат значително помалку информации отколку во претходниот период. Во поглед на ефективноста и независноста, АЕК ги објави извештаите за развој на пазарот на електронските комуникации за третиот и четвртиот квартал и за цекокупната 2019 година“, рече Лазаров.

ГОРАН ЛАЗАРОВ Записниците од состаноците на Комисија на АЕК се недетални

Според измените во финансискиот план за 2019 година, дополни, беше предвидено 6 милиони и 150 илјади денари, повторно беше крената ставката за донации, нешто што во минатото беше спорно бидејќи милионски суми беа вложени во работи кои што не беа поврзани со електронските комуникации и што е најважно транспарентноста на објавувањето на тие податоци не беше на највисоко ниво.

Лазаров посочи дека до Комисијата на АЕК од шест пристигнати барања за донации биле одобрени три барања за Универзитетот на Југоисточна Европа, Меѓународниот балкански универзитет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Додаде дека во записниците од состаноците не се наведени никакви информации за намената на овие донации, ниту пак, колку средства ќе бидат доделени.

Тој потенцираше и дека А1 Македонија со 49,33 отсто и Македонски Телеком со 48,16 отсто од вкупниот број корисници се уште претставуваат дуопол на пазарот на мобилната технологија.

МОБИЛНИ Кај на смобилната телефонија е во рацете н амо две компании

 

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet