Актерот Кевин Спејси тврдеше на судот дека е невин за обвинението за сексуално вознемирување
Спејси не ќе мора да се појави на следното рочиште на 4 март, но судијата Томас Барет истакна дека тој ќе мора да биде на располагање на телефонот во тоа време и бил предупреден да се држат настрана од семејството на младиот човек кој го обвини.
Американскиот актер Кевин Спејси се изјасни со „невин” по обвиненијата за сексуална злоупотреба на малолетни лица во 2016 година на неговото прво појавување пред Окружниот суд во Нантакет во Масачусетс, според „Гардијан“. Неколку часа откако го напуштил судот, тој бил сопрен од сообраќаен полицаец заради пребрзо возење, на пат надвор од Вашингтон, но добил само предупредување. Инаку Спејс сакал да стигне навреме на националниот аеродром Реган. Објаснувањето полиаецот го прифатил, како што потврдила полицијата за „USA тудеј“.
Како што напоменавме, судијата Томас Барет подробно му набројал на актерот што не смее да прави до новото судење – освен што не смее да биде виден близу домот на семејството на обвинителот – младиот човек, тој ќе мора да дежура на телефонот и да биде достапен на правосудните органи. Тоа е една мерка на претпзливост која мора да ја почитува. Не смее по телефон исто така да се јавува на поднесувачот на обвинението, ниту на сведоците, лица кои се битни во оние шест месеци на настаните кои го прават Спејси да биде обвинет за сексуално вознемирување.
Спејси дојде на судењето облечен во сив, неупадлив костум, морнарички елек, вратоврска со туфни, не зборуваше ништо во текот на сослушувањето, се му остави на адвокатот. Не говореше ниту кога се упати да излезе од судницата и ги одби новинарите да им даде изјава. Како што рече адвокатот на Спејси пред поротата, обвинението е лажно и рече дека немало сведоци да потврдат дека имало сексуално вознемирување. Оштетениот во тој миг имал 18 години (малоетен во САД) и се наоѓал во еден бар во Нантакет, а настанот бил пред речиси три години. Како што е наведено, ова момче лажело за годините, го прифатило пијалок од Спејси и отишло со аактерот надвор од барот за заедно да испушат цигара, а потоа муго дал својот телефонски број, што може да се опише, според одбраната како „заедничко флертување, ништо повеќе.”
Ако судот го прогласи за виновен, Спејси може да биде осуден на казна затвор до пет години. Американскиот актер е еден од десетиците мажи во филмската индустрија, кои се послдната година обвинети за сексуален напад од страна на движењето #MeToo. Пред судот, голем број камери го чекаа, а медиумите тврдеа дека изгледа уморно и воопшто и не се насмеал. Единственото што го рече по завршувањето на сослушувањето е „Ви благодарам”.