БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Македонија е како Квазимодо во креација на Кристијан Лакроа. Таа слика се добива кога демократската конституција ќе покаже дека не е во состојба да совлада вакво ниво на деформитети, отпори, злоби и самоуништувачки инстинкти
Македонија е како Квазимодо во креација на Кристијан Лакроа.
Таа слика се добива кога демократската конституција ќе покаже дека не е во состојба да совлада вакво ниво на деформитети, отпори, злоби и самоуништувачки инстинкти.
Во себе.
Моделот не е без маани, се разбира, но кој можел да предвиди дека тој, сепак,светски формат, ќе се соочи со кинетичката маса на вакви внатрешни непријатели, ебиветри, говњари, грамзивци, лопужи, прдли…
И дека, обратно, деформитетите така успешно ќе ја користат демократската форма за да се развиваат и шират како риби кои во благо радиоактивна вода од мрени се претвораат во ајкули.
Ние сме нација која живее од невозможното.
Од невозможното совладување на невозможното!
Не како идеалистичка занесеност или аспирација, туку како своевидна заробеност.
Како алиби за мрзата, неталентираноста и некултурата.
Нашиот напредок е колатерала на (не)успесите на тој план.
Хахаха.
Независноста ја претворивме во парада на југословенската инерција и во демонстрација на апсолутната декапацитираност за опстој во рамките на тоа саморазбирање, демократијата ја деформиравме како амбиент за размав на тоталната самодеструкција, преку доминација на умислени аматери, парадери, пљачкаши и, особено, преку концептуализацијата на митовите за вмро и другите историски срања.
Време во кое уставниот поредок го претворивме во правна рамка на исчезнувањето.
Сите ретроспекции и проекции не покажаа пред светот како будали: Од антиквизацијата во режија на тикварот од Будимпешта, до тоа дека со моралната супериорност на немоќта и жртвата, ќе го победиме светот.
Македонија ја експлоатира коалиција меѓу адвокати, судии, обвинители, политичари, тајкуни и таканаречени новинари. Во некаков избор на таканаречената длабока држава. Тие не го кршат уставот и законите, тие ги бранат уставот и нормативните акти вршејки ја својата злосторничка дејност.
Тоа е централниот проблем на Северна Македонија.
Да се потсетиме на трите најнови демонстрации на ваквите состојби.
Новата власт се повикуваше на законски ограничувања во спроведувањето на своите политики при кадровските промени, секаде, а особено во медиумите, во администрацијата и во судскообвинителската област.
Формално тоа е почитување на правната држава, но проблемот е во тоа што правната држава не беше и не е правна, односно вие имате правно наследство на еден криминален режим. Почитувајки го неговото право, вие влегувате во зоната на криминалот и кривичната одговорност, а не само во невозможноста да ја спроведувате својата политика.
Собраниската конфигурација може да биде изговор во однос на капацитетите за промени, но проблемот е во тоа што самата таа конфигурација е дел од проблемот.
Важен дел од проблемот.
Вмронот може да биде националист или патриот, макар што и за двете квалификации имам најспрдачен однос, но вмро- не може, вмро и дпмне и кое било друго вмро е антимакедонска инсталација ако под Македонија разбираме национална, државна реализација на Македонците.
Тој тип на феномени не е предиведен во уставната и демократска конституција на независна Македонија затоа што тој мит беше мит што во геномот на Македонците го вградија комунистите.
Така се случи злото на вмро во условите на демократијата и така се случува работни групи на злотворите кои се дел од горе споменатата конфигурација, да преговараат со власта како да се конституира јавно обвинителство кое нема да ги гони. И суд што нема да ги суди. И затвор што нема да ги прими. Као Геринг да преговарал со Американците и со Русите за составот на трибуналот во Нирнберг и за затворот во….
Тоа е особено компромитирачка позиција.
Која покажува дека без совладување на вмро и на идејата за вмро, значи не само на партијата дпмне, ние не можеме да одиме напред. Тоа не значи дека тешки срања нема и кај сдсм. И тие треба да се ринат, се разбира, но ова со вмро ја има таа онтолошка димензија. Тие не се кочница во возот која некоја будала, Мицковски, да речеме, ја вклучува, тие се кочница по дефиниција.
Еве, да го земеме за пример заминувањето на вршителот на должноста претседател во пензија. Имаме закон кој на тој лудак му овозможува буџет од околу 170.000 евра годишно, со шофер, советници, апартмани. Можеби е тоа вообичаена пракса во некои развиени земји, но кој кур би правел во Македонија еден бивш претседател со толку пари и со толкав персонал ако е познато дека како претседател има направено милион штети и ништо друго. Што има направено Бранко Црвенковски во својството на бивш претседател откако успеа да не неправи ништо како актуелен претседател. Колку предавања има одржано во Единбург, во Стокхолм, во Кампала, во Капо Верде, во Њујорк. Колку семинари, трибини, каква издавачка дејност е забележана, кажал ли нешто во јавноста неговиот службеник. Главен. Шефот демек на кабинетот. Да му го начукам у кабинетот.
Што може да се очекува од една ординарна будал, психосоциоапатот, наречен Хорхе, на тој план.
Зошто нацијата толку цврсто решила да се прави луда. Не можеле законите да се менуваат во смисла на ретроактивното важење, не можеле да се одземаат остварени права!?
Како ако се покаже дека носителот на правата е монструм, лудак, будала човек со одземена способност, штетник, злотвор.
Како на таткото му се одземаат децата.
Понекогаш и на мајката!?
Како се одзема имот!?
Основната идеја не е вулгаризацијата на правната држава туку правно регулирање на хармонизираната со себе и со светот држава.
Тоа е.
Државата мора да најде начин да излезе од својата невозможност.