Партијата на Палевски „Десно“, формирана пред речиси една година не мислела само на политиката туку и на собирање на пари по пат на рекет. Основачот и самиот, според уапсените ја извршил егзекувијата на малолетната Вања Ѓорчевска и на старецот од Велес Панче Жежовски а соучесниците и една од жртвите биле облечени во исти патиски дресови!
Заедничка прес-конференција на на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот во ОЈО- Скопје, Гаврил Бубевски.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција информираше дека девојчето Вања Ѓорчевска е киднапирана пред влезот на нејзиниот дом откако претходно нејзиниот татко споделил информација со организаторот за времето на нејзиното излегување.
– Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кое понатаму сите инволвирани би имале материјална корист, посочи Спасовски на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Таткото на Ѓорчевска е приведен, со него е извршен распит и ќе се преземат мерки по насока на Јавното обвинителство.
Убиството на 74-годишниот жител од Велес, како што посочи Спасовски, нема никаква врска со убиството на девојчето, но имал нерасчитени односи со еден од осомничените. Неговото возило „ситроен“ е искористено за извршување на киндапирањето на девојчето.
– Со тоа возило е одземена малолентичката и тоа во влезот од зградата каде живееле отако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзинот излегување, рече Спасовски.
Министерот изрази сочуство до семејствата на убиените и најави дека лицето кое е во бегство, а го има извршено убиството на Вања, ќе биде изведено пред лицето на правдата.
Првосомничениот според објавите на медиумите е Љупчо Палчевски – Палчо, а денеска на прес-конференцијата Спасовски рече дека тој заедно со неговиот адвокат со возило пребегнале во Белград, а потоа во Бугарија. По него се трага, а скопскиот обвинител Гаврил Бубевски нагласи дека против него ќе биде издадена меѓународна потерница.
Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференцијата во врска со двојното убиство, кажа дека лицето во бегство е убиецот на Вања Ѓорчевска, а информациите кога оди сама на училиште ги добил од нејзиниот татко.
„Во координација и водство на ЈО во текот на изминатата ноќ беа пронајдени телата на двете лица. Иако завршницата не беше како што сакавме, да ги пронајдеме живи. Телата беа закопани, едното во околината на Скопје, другото во околината на Велес. По преземените мерки на полицијата, приведени се, и собрани се материјални докази.
Приведени се петтмина, три лица се во притвор, приведен е и таткото на Вања, а едно лице е во бегство. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со член на семејството го организирал кривичното дело се со цел да се изнудат пари од мајката. Токму со тоа возило е земена малолетничката пред влезот од живеалиштето- информира Спасовски. Според него таткото на Вања споделил информација со Палевски за денот и времето на излегување на неговата ќерка.
Тој објасни дека повозрасното лице од Велес нема никаква врска со малолетничката, но поради негови врски со еден од осомничените неговото возило е земено и со тоа била земена малолетничката од влезот на живеалиштето откако претходно таткото споделил информација за времето на нејзиното излежување сама од дома.
„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11.2023 некаде околу 11 часот ја усмртил малолетничката исплашен со доказите до кои може да дојде МВР, го сторил тоа кривично дело. Ќе сторам се овој монструм на кој му ја следиме трагата штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.
Спасовски рече дека лицето во бегство пребегнал во Белград на 30-ти ноември со возило на неговиот адвокат, од кадешто заминал за Бугарија.
Како и девојчето така и старецот од велес е убиен веднаш по киднапирањето, закопан близу автопатот Велес – Скопје а возилото му е одземено и со него е извршено следното кривично дело.