Пекинг сака да го наметне јуанот како светска валута и ги користи сегашните зависности на Москва од кинеските динансии
Кинеските банки и обезбедија на Русија милијарди во месеците од почетокот на војната во Украина. Повеќето европски кредитори беа принудени да ја напуштат земјата.
Според податоците од Киевската школа за економија, сумирани за Фајненшл Тајмс, изложеноста на Кина кон рускиот банкарски сектор се зголемила во 14-те месеци од почетокот на руската агресија.
Изложеноста на четири банки – Industrial and Commercial Bank of China, Bank of China, China Construction Bank и Agricultural Bank of China – се зголеми од 2,2 милијарди долари на 9,7 милијарди долари, покажуваат податоците на Руската централна банка.
Дали има некои европски банки кои сè уште се активни во Русија?Кинеските кредитори го заземаат местото на западните банки кои беа под притисок од меѓународните санкции да излезат од Русија.Сепак, таму се уште се активни некои банки од Европа. На пример, австрискиот Рајфајзен. Странската банка со најголема изложеност кон Русија ја зголеми својата актива за повеќе од 40% до 29,2 милијарди долари на крајот на март оваа година. Оттогаш банката повторно ги намали своите средства на 25,5 милијарди долари и вели дека моментално бара начини да се повлече од земјата.Кина се обидува да го наметне јуанот, но доминираат доларот и еврото„Заемите што кинеските банки ги даваат на руските банки и кредитни институции, каде што јуанот во голема мера го зазема местото на доларот и еврото, покажуваат дека санкциите имаат ефект“, рече Андриј Оноприенко од Киевската школа за економија. Пекинг се обидува да го наметне јуанот како алтернативна меѓународна валута на доларот, пишува Financial Times. Но, според системот SWIFT, само околу 2,5% од меѓународните плаќања се вршат во јуани. За споредба, учеството на доларот е 39,4%, а на еврото – 35,8%.Трговската размена меѓу Русија и Кина минатата година достигна рекордни 185 милијарди долари. Околу 16% од тоа се одвива во јуани. Според податоците на руската централна банка, пред почетокот на војната во Украина, повеќе од 60% од извозот се плаќал во валути кои сега властите во земјата ги сметаат за „токсични“. Меѓу нив се доларот и еврото. Јуанот, пак, изнесуваше помалку од еден процент.