Но не произведуваме повеќе. Што мисли за акетуелната политика поранешниот ВМРО-ски министер за финансии и претходно главен пазарен инспектор за растотѕ на БДП со кој се фали владата на Мицковски

БДП и вистинскиот раст: Што ни треба за достоинствен живот? – е прашува најрвин Кирил Миноски во својата објава на Фејсбук.
Во јавноста често зборуваме за раст на БДП, но ретко прашуваме од што доаѓа тој раст. Не секој раст создава вредност – има раст што ја подобрува реалността, и раст што само ја подобрува статистиката.
Од каде доаѓа растот во Македонија?
- Зголемена потрошувачка – кредити за станови, автомобили, техника; повисоки плати во јавен сектор; дознаки од странство.
- Градежништво – станови, патишта и инфраструктура што сами по себе додаваат 1–2% раст.
- Извоз од ТИРЗ – ниска додадена вредност, но висок обем.
Зошто тогаш не го чувствуваме тој раст?
- Инфлацијата го крева номиналниот БДП, без реален напредок.
- Трошиме туѓи пари и кредити, а не произведуваме повеќе.
- Градежништвото ја напумпува статистиката, но не остава долгорочен развоен ефект.
Имаме раст без развој – економија на згради и бетон, кредити и странски пари. Статистиката вели „раст“, а реалноста – стагнација.
Вистинскиот, одржлив раст доаѓа од:
- продуктивни инвестиции,
- повисока ефикасност,
- извоз и иновации,
- поквалитетни работни места.
Овој раст го крева животниот стандард, ги зголемува платите и создава можности.
Треба секако да ги потсетиме читатели кој беше Миноски.

Миноски (64) кога влезе во политиката беше магистер по економија и кандидат за доктор на науки – на тема Флексибилност на пазарот на трудот. Го наследи жешкото министерско столче во ресорот финансии. Дојде на местото на Зоран Ставрески. Во јавноста имаше штури информациите за него. Неекспониран претерано, веројатно поради фактот што Ставрески десет години царуваше со секторот финансии. Од директор на Државниот пазарен иснпекторат преку УЈП до министер за финансии Кирил Миноски на јавноста и стана познат откако беше назначен за директор на Државниот пазарен инспекторат, каде останува околу година и пол (од мај 2014 до ноември 2015). Од пазарната иснпекција, Миновски преминува на челната позиција во Управата за јавни приходи, наследувајќи го Горан Трајковски. Во УЈП, Миноски остана нецела година. Поседува 13-годишно искуство во работењето на една од водечките светски консултантски компании Booz Allen Hamilton во имплементација на повеќе донаторски проекти на УСАИД во делот на градење/развој на институциите на Република Македонија во економската сфера и создавање поволно деловно опкружување. Пред искуството во државните институции, Миноски бил ангажиран како менаџер на компоненeнти во рамките на УСАИД, како и повеќе други проекти од оваа организација, поврзани со подобрување на конкурентноста, извозот, банкарскиот сектор. Управител на одделението за извоз во Орка Холдинг Кирил Миноски, своевремено бил и консултант во Светска банка во периодот 2007-2008 година, каде работеше и неговиот претходник Ставревски, откако ја напушти Народната банка. Во периодот од 1997 до 1999 година, тој работел и како управител на одделението за извоз во Орка Холдинг, конпанија во сопственост на бизнисменот Орце Камчев, кој сам не ја крие блискоста со поранешниот шеф на тајната полиција и прв братучед на екс-премиерот Груевски, Сашо Мијалков!
Па ако и економски стручњак со ваква биографија изразува лошо мислење за „резултатите“ на актуелната влада тогаш е се јасно.




