Балканската историја е обликувана од територијалните амбиции и спорови од последните сто години, со што станала ситуација на нулта сума („zero sum game“ – поим од теоријата на игри што подразбира дека ако едниот играч добива, друиот автоматски мора да изгуби). Таа, исто така има добиено и квазирелигиски аспекти, со оглед на тоа што тековните дебати откриваат загриженост за чистотата и загаденоста на основните обвинувања во врска со лојалност и предавство
Во „Верни до смрт“ пишувам дека кон овие две групи извори се решив за алтернативен, субверзивен пристап. Без разлика дали индивидуалните баратели на пензии ги преувеличувале своите сопствени улоги или испуштале елементи од сеќавањата поради кои може да не добијат признание од државата, нивните стории се засновале врз нивните сопствени искуства и разбирања или, пак, врз искуствата и разбирањата на нивните врсници. Никој од нив не лажел за организациската структура на револуционерната организација, методите на регрутирање или за логистичките аспекти на набавка на оружје или дистрибуирање информации и залихи. Кој би бил нивниот личен интерес да лажат за тие работи? Така, тие обезбедуваат индивидуално, но уште повеќе како агрегат, една слика за споделеното секојдневно искуство од учеството во отпорот и бунтот.
Британските конзулски записи, кои често се читаат како да имаат неспорен авторитет, ги одразуваат биографиите, перспективите и пристапот до извори на нивните автори. На пример, Алфред Билиоти бил натурализиран британски државјанин, роден на островот Родос, кој влегол во службата како преведувач и напредувал до позиција на конзул, имајќи блиски врски со османлиските и грчките власти. Од друга страна, Џејмс Мекгрегор зборувал бугарски и искажувал гледиште дека Организацијата има силна поддршка од народот. Нивните извештаи се разликуваат или спротивставуваат меѓу себе.
Притоа, не велам дека сите извори или искази се еднакво валидни или еднакво сомнителни. Поточно, сакам да кажам дека мора да ги надминеме нашите сопствени културни предубедувања, без разлика дали во нив спаѓаат „селаните лажат“ или „дипломатите се цинични кариеристи“, и да бидеме на штрек за начините на кои тие може да нè изненадат.
ИСТОРИСКИТЕ ИЗВОРИ И НИВНАТА УПОТРЕБА СО ДЕНЕШЕН ДИОПТЕР При недостаток на функционален времеплов, односно машина за патување низ времето, тешко е прецизно да се определи „националната свест“ на историски личности, имајќи предвид дека оригиналните записи можеби не постојат, биле предмет на цензура, биле фабрикувани/фалсификувани или се противречни едни на други. Дополнително, како извори се користат нивни интерпретации, а има и случаи на промена на значењето на некои од термините што се користеле на времето. Кои вештини на критичко мислење треба да се негуваат во балканскиот регион за да бидат од помош при решавање на такви прашања?
Во „Минатото под прашање“ одбрав да го користам јазикот на британските конзуларни извори без да го осовременам или менувам, а и се обидов да ги преведам изворите од грчки или бугарски на англискиот јазик од тоа време, наместо англискиот од XXI век. Затоа користев термини како „Бугар“, „Арнаут“, „Мијак“ и „Егзархист“ со цел да ги потсетам читателите дека светот на доцниот деветнаесетти век бил многу различен од денешниот. Тоа е време кога „Грција“ се однесува на територија која отприлика опфаќа само половина од модерна Грција, кога само мал дел од луѓето што тогаш себеси би се нарекле „Бугари“ чувствувале лојалност кон „Бугарија“ со нејзиниот главен град Софија и која во тоа време била формално администрирана од Османлиите, кога султанот се обидувал да ја ограничи употребата на албанскиот јазик и терминот „Македонија“, како и кога постоела можноста за сојуз од интерес меѓу амбициозните нации-држави Бугарија, Србија и Грција со цел поделба и национализација на османлиската територија, сигурно би се чинел апсурден за денешното мнозинство.
ИДЕНТИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТИТЕ ОД ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД За мене, критичкото мислење парадоксално бара да го одучиме она што, всушност, се случило по периодот што се обидуваме да го разбереме. Или, во најмала мерка, да дозволиме да ги сфатиме последователните настани како изненадувачки или барем не-неминовни. Така, потоа може да го концентрираме вниманието на факторите поради кои се случуваат исходите. Тоа, исто така, нè ослободува од илузијата дека личностите од минатото, како ликовите од илинденскиот период – Гоце Делчев, Никола Карев, Дамјан Груев или Борис Сарафов го замислувале својот сопствен идентитет во рамките на национализмите од нивната иднина.
Сепак токму таквите прашања прераснуваат во централни точки на меѓународни спорови, од Гоце Делчев (Бугарија – Северна Македонија) до Никола Тесла (Србија – Хрватска). Има и низа други што може да послужат како изговор за конфликт во иднина: Скендербег (Грција – Албанија), Његош (Црна Гора – Србија), Крале Марко (Северна Македонија – Србија – Бугарија)… во зависност од релативното количество политичка моќ, вклучувајќи ја и можноста да се стави вето врз пристапувањето кон ЕУ во некој иден момент. Постои ли начин да се разрешат таквите прашања на некое повисоко, пообјективно ниво, наместо само меѓу засегнатите држави (и врз основа на нивните односи на моќ)?
Општествените научници, меѓу кои и историчарите (а и себеси би се вклучил во оваа проценка), не секогаш се во тек со развојот во други дисциплини и полиња. Ова се покажува преку пристапи што се вкоренети во конвенциите на науките од XIX век, устроени според пристапите на Њутн, со фокус на раздвојување на комплексната реалност на делови за кои може да се прават поединечни експерименти, при што, може да се тестира хипотеза по принцип „или/или“ за да определиме причина и последица, правилата за пренос и трансформација на енергијата итн. Современата теоретска и експериментална наука, од друга страна, се има придвижено далеку од оваа парадигма, во светот на кваркови, бозони и квантната механика, каде што неспецијалистите тешко може да ги сфатат работите. Прашајте просечен човек за мислење за корпускуларнo-бранов дуализам и веројатно разговорот нема да трае долго. Овој начин на мислење бара напор и неинтуитивно престројување на она што e длабоко вкоренето и се смета за здрав разум во насока на принципот „обете/и“. Но, овој недостаток на разбирање од јавноста не ги спречува физичарите да си ја работат работата и да генерираат нови сознанија за тоа како функционира универзумот.
ИСТОРИЈА ИЛИ ТЕРИТОРИЈАЛНИ АМБИЦИИ? Балканската историја е обликувана од територијалните амбиции и спорови од последните сто години, со што станала ситуација на нулта сума („zero sum game“ – поим од теоријата на игри што подразбира дека ако едниот играч добива, друиот автоматски мора да изгуби). Таа, исто така има добиено и квазирелигиски аспекти, со оглед на тоа што тековните дебати откриваат загриженост за чистотата и загаденоста на основните обвинувања во врска со лојалност и предавство. Незадоволствата и споровите ескалираат и (да продолжиме со метафората на игра) , во овој случај, нема механизам преку кој обете страни би се договориле да се потпрат на надворешен судија со авторитет фер да пресуди кој е во право – затоа што влоговите се превисоки.
Еден алтернативен пристап би можел, на пример, спорот во врска со „вистинскиот“ идентитет на Гоце Делчев, да се гледа како класичен случај на дилема на затворениците, игра во која обете страни се плашат дека ако се откажат од своето тврдење за сопственост, ќе изгубат, а другата страна ќе добие (право да се фали? Престиж? Имиџ на „вистинска“ нација?). Арно ама, последицaта на нивното одбивање да се прифати двозначноста е тоа што пошироката заедница на нациио бете страни ги гледа како непопустливи и еднонасочни.
(Kri tink)