Според Нетфликс, Клеопатра била со темна кожа. А според науката? Дали старите Египќани воопшто биле со темна боја?
Документарната драмска серија „Африкански кралици“ во продукција на Нетфликс започна овој февруари со приказната за кралицата Низинга, владетелот на народот Мбунду. Џејда Пинкет Смит,… Сопругата на Вил Смит, која беше наратор на првата приказна, истакна дека е неопходно да се популаризираат приказните за црните кралици, што е една од запоставените теми на денешната популарна култура. Никој не можеше да погоди на кого мислеше актерката, се до 12 април, кога на платформата беше објавен првиот трејлер за втората сезона на серијата на Нетфликс, за последната кралица на Египет, Клеопатра VII.
Покрај тоа што визуелниот приказ на самата кралица е шокантен за публиката, бидејќи египетскиот владетел го игра британската актерка со темна кожа Адел Џејмс, во трејлерот се појавува професорката по историја на колеџот Хамилтон, Шели Хејли, која тврди: „Клеопатра беше црна. ”
Жителите на Египет веднаш покренаа петиција за откажување на сезоната на Клеопатра, тврдејќи дека тоа не е ништо друго освен крадење на минатото на една нација и дека серијата промовира афроцентризам, чија цел е да ги лиши луѓето од Египет од нивното минато и идентитет. Меѓутоа, на денот кога серијата беше објавена на платформата за стриминг, петицијата имаше едвај десет илјади потписи, но затоа адвокатот Мохамед ал-Самари поднесе тужба против Нетфликс во име на незадоволниот народ на Египет.
Во светлината на актуелните настани, се поставува важно прашање: зошто Египќаните изразуваат толкав гнев, имајќи предвид дека Клеопатра VII, иако владетел, немала египетско потекло?
Клеопатра потекнува од македонската династија Птоломеј, која го добила името по еден од генералите на Александар Македонски, кој по ненадејната смрт на големиот освојувач, ја презел контролата над Египет. Иако династијата Птоломеј владеела со Египет три века, ниту еден фараон од таа династија не се оженил со домородци или со некој надвор од нивното потесно семејство. Затоа етничкото потекло на основачот на нејзината династија, е зачуван дури и со последната кралица.
За среќа на модерната наука, уметниците на древните Египќани посветиле големо внимание на атрибутите карактеристични за различни раси луѓе. Одличен пример е Рамзес II, кој е прикажан како ги покорува своите непријатели на релјеф во Мемфис. Карактеристиките на тогашните непријатели на Египет, т.е. Нубијците, Сиријците и Либијците, се јасно видливи на тие релјефи – тие се со темна кожа.
За жал, модерната наука не може да најде ништо повеќе од неколку монети од периодот на Клеопатра. Фигурата на кралицата е јасно моделирана по нив според стандардите што им се припишуваат на хеленистичките владетели, со закосен нос, високо чело и широки очи поставени длабоко во лицето. Интересно е што кралицата Клеопатра многу почесто била прикажана во уметнички дела по нејзината смрт отколку за време на нејзиниот живот. Првиот е познатиот портрет на кралицата Херкуланеум кој датира од првиот век од нашата ера, на кој авторката ги користела истите хеленистички мотиви како и на монетите од нејзиниот период.
Следните ликовни претстави на Клеопатра VII се појавиле дури во текот на 16 и 17 век, кога таа стана тема на француските сликари од тоа време, како Антоан Дуфор и Клод Вињон. За разлика од нивните постари колеги уметници, тие ја прикажуваат како средновековна владетелка на една од кралските држави во Европа.
Во културата на Египет, Клеопатра VII се појавила дури во 1874 година во делото на Жан-Андре Риксен, кој ја враќа сликата на кралицата во хеленистичкиот период, притоа презентирајќи ја нејзината придружба со класичните карактеристики на египетскиот народ.
Во 20 век, Клеопатра беше тема на филм. Повеќето неправедно ја доделуваат титулата за првата улога на Клеопатра на Елизабет Тејлор, која се истакна во истоимениот филм од 1963 година и можеби го поттикна високиот ранг на оаа владетел во популарната култура. Сепак, првата беше Тед Бара, во 1917 година, во времето на немите филмови.
Прашањето за бојата на кожата на старите Египќани е предмет на различни научни дебати од втората половина на минатиот век. Значи, што вели науката? Дали Египќаните имаат некаква врска со централна Африка?
Истражувањето објавено во научното списание „Nature Communications“ и предводено од Верена Шунеман од Универзитетот во Цирих, покажува дека геномот што им припаѓа на жителите на Централна Африка се појавува на помалку од три проценти од остатоците, во овој случај мумии, владетели на Египет. За споредба, денешните Египќани делат околу осум проценти од својот геном со своите соседи во централна Африка. И со тоа донекаде може да се заврши дискусијата и да се каже дека жителите на модерен Египет имаат право да го изразат своето незадоволство од изборот на главната актерка во документарната серија. Сепак, научните истражувања кои се занимаваат со историјата обезбедуваат различни докази.
Помеѓу 744 и 656 п.н.е., нубијските кралеви седеле на тронот на Египет. Тој период е познат во египтологијата како Трет среден период, а владетелите од тој период се класифицирани како владетели на дваесет и петтата династија. Во овој случај, Нубијците беа напаѓачите. Во 744 п.н.е., Кралството Куш го нападнало и го освоило Египет, што ги донело Нубијците на власт. Интересно е што, иако владееле речиси цел век, не се труделе да ги променат тогашните верувања туку продолжиле да ја почитуваат египетската религија и обичаи. Во сликите и релјефите од тој период, повеќето од ликовите имаат потемна боја на кожа и атрибути кои дотогаш ја прикажувале сликата на непријателот од Нубија. Во 656 п.н.е., последниот крал од оваа ера бил симнат од тронот, а Египќаните се вратиле на чело на Египет.
Ако Netflix навистина имаше желба да ги популаризира владетелите на африканскиот континент, што е за пофалба, се поставува неизбежното прашање: зошто Египет мораше да биде претставен со ликот на Клеопатра? Затоа што е невозможно да не се спомене името на кралицата Хатшепсут, која владеела со долината на Нил речиси 1500 години пред раѓањето на Клеопатра VII. Иако Египет и е познат на пошироката јавност, загрижувачки е што популарното знаење главно се потпира на владетелите како Клеопатра VII и Тутанкамон, притоа игнорирајќи ги многу важните личности кои ја претставувале културата на Египет.
Изгледа дека изборот на актерката Џејд Пинкет Смит, која се потпиша и како продуцент во втората сезона на „Африканските кралици“ не е најсреќен. Ако се земе предвид сè, ако одлучите да ја гледате втората сезона на „Африкански кралици“, можете да го направите тоа на два начина: можете критички да ја погледнете документарната содржина или можете да ја игнорирате бојата на кожата на актерката, игнорирајќи го документарниот аспект на серијата, фокусирајќи се на содржината како измислена акциона драма што Netflix традиционално ја прави многу добро.