Пчелите не одат на зимување, бидејќи температурите не им го дозволуваат тоа. Во исто време нема каде да се хранат….
ЕКИПА НА ГЛОБУС
Според податоците од Ветеринарниот информативен систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, објавени во медиумите бројот на пчелни семејства последните години час се зголемува, час се намалува. Ситуаицјата пред две-треи години покажа дека бројот на пчелини семејства изнесува некаде околу 30 илјади а бројот на регистрирани пчелари, кои активно се бават со дејноста која дава мед, е некаде околу 450 лица. Врвот на оиваа дејност сепак е некаде околу 2014 година од кога пчеларството, сепак, е напаѓано од болестите, особено американската чума ноземозата, вароозата и акарозата што ја менува ситуацијата со статистиката во оваа дејност.
Но, овие недели пчелните семејства се нападнати и од невообичаено високите температури. Лошо е секако и за земјоделствфото во целина – површинскиот слој на почвата нема доволно влага, сеидбата е отежната, а слабо е и поникнувањето. Агрометеорлозите велат дека топлото време кое во одредени региони достигнуваше 27 – 28 степени, е посебно лошо, дури и катастрофално за пчелите.
– Околу 75 – 90 литри на метар квадратен е дефицитот на влага во почвата поради невообичаено високите температури. Во септември и октомври просечно врнат по 80 до 105 литри на метар квадратен, а оваа година во Скопје наврнаа најмногу 16 литри, во Битола четири, а во Штип еден литар. Отстапувањата се големи. Влага во подлабоките слоеви на почвата има, но не и во површинските, а баш тука е потребна, истакнува агрометеорологот Ангелко Ангелески од УХМР за „Независен“. Според него, онаму каде што беа заорани стрништата има услови да влезе потешка механизација за сеидба, но тоа не е можно на површините каде не е заорано.
-На повеќето површини стрништата не се заорани поради што ваквите услови, топло време, високи температури, не се поволни за есенската сеидба. Дополнителен проблем направија натпросечните 27 – 28 степени кои допонително го дехидрираа површинскиот слој. Долгото задржување на семенскиот материјал во почвата, непоникнат и неизртен, е цел на инсекти, птици и животинки кои може да го соберат, нагласува Ангелески.
Она што е посеано во септември (маслодајна репка), слабо поникнува. Есенскиот јачмен исто, или тешко или воопшто, а оптималните рокови за сеидба, дополнува агрометеорлогот, поминаа. Роковите за сеидба на пченицата се уште течат. Препорака е земјоделците да влезат со механизација каде што можат, независно колку е почвата сушна.
-Добро е ако можат, да вршат седиба зашто кога ќе се начекаат првите есенски дождови, ако е посеано, може ќе има доволно влага за поникнување, објаснува Ангелески. Сушните услови се проблем и за овошките кои во периодот август – септември формираат родни папки. Онаму каде што не се наводнувало, се очекуваат пониски приноси догодина.
Инаку според агрометеоролозите високите температури се катастрофа за пчеларството. Замре вегатацијата, многу малку собираат полен, а без тоа не можат да се размножуваат. Проблем ќе биде и презимувањето. Очекуваме големи загуби на пчелни семејства, особено ако зимата биде просечна. Но, и потопла да биде не е гаранција дека ќе опстанат, вели Ангелески. Инцидентно процветување кај некои од овошките е забележано, главно долж Повардарието, а тоа значи изгубен род. Топлото време единствено поволно се одрази врз лозартсвото, зашто овозможи да се влезе во насадите и да се дособере преостанатиот род.
„Медот од малопродажбата ги исполнува пропишаните услови за квалитет, но сепак ќе следат засилени контроли и евентуално изготвување правилник за продажба на медот по пазарите. Секоја количина наменета за продажба ќе мора да има декларација со јасно наведено потекло, производител и содржина”, изјави во името на Агенцијата за храна и ветеринарство, Деан Рунтевски. Вкупната продукција на мед годишно изнесува околу 2.000 тони. Од нив 60 отсто се продаваат преку официјални канали, односно преку седумте регистрирани откупни капацитети, додека останатите 40 проценти преку пазарите. Македонија увезува мед од Кина или Србија, но во занемарливи количества, а извозот во просек достигнува 140 тони, количини кои главно се пласираат во регионот, БиХ, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора и Албанија.