По поплавите во Германија и кај други богати земји, вистината за тоа дека височината на БДП-то нема да биде ѕид кој ќе направи некоја земја заштитена стана реалност. Неминоивни се сеопфатни промени, на глобален план. Како што вели една македонска интелектуалка – времето на индивудуалните променина начинот на живот не се доволни!Ја имаме глобалната катастрофа со белите дробови на планетата – Амазонија, се топат половите и морето станува пожешко, со фантазморгични удари врз планетата, која засега нема „резервна гума“… Ќе се смени ли свеста или алчноста на современиот капитализам, како и кај оној „класичниот“ ќе ја јаде забрзано иднината?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Денес читав еден коментар на Дојче Веле, на Давид Ел, кој се осврнува на она што се случува деновиве во Германија. Тој заклучува по овој повод дека во 2021 година, многумина можат да се уверат дека климатските промени веќе одамна се всушност климатска криза. Важно е што сега многу се говори за заштитата на климата, но второто ниво често се заборава, смета Давид Ел.
Вакви природни катастрофи имало отсекогаш, долго пред почетокот на индустриската ера на фосилни горива. Но, бидејќи луѓето постепено двојно го зголемија количеството на СО2 во атмосферата и Земјата веќе се загреа за еден степен, нивниот број и размери се зголемија. „Истовремено, летово на северната хемисфера се претвора во слика на климатска криза: Додека големи делови од западна Германија се под вода, Северна Америка делумно се претвори во печка, со смртни случаи од горештини, рекордни температури и пожари до кои водата за гаснење дури ни не достигнува бидејќи претходно испарува“. Одново имаме доказ дека за заштита на климата се зборува, но сè уште не за заштита од климата. Факт кој го загрижува Западот (и претходно) беше дека климатските промени кај сиромасите ќе ја засилат миграцијата о праве од југ кон север офдносно од исток кон залезот на сонцето. Практично богатите се пред две поплави – оние од своите реки и мориња, но и од масата сииромаси кои бегаат кон земјите за кои се уште сметаат дека се нивното животно Елдорадо.
За ова второто западните влади сметаат дека имаат се уште слободни милијарди евра со кои ќе го поткупуваат Ердоган и ќе ги тешат жителите на грчките острови да издржат ушгте малку, без календарска одредница. Ќе ја тешат и Македонија , овој пат без временска одредница ама и без пари, дека треба да биде добар чувар на нивното азно.
За своијата прва опасност, како што може да се забалежи, Европската комисија овој месец го објави својот пакет „Фит за 55“, (Fitfor55) кој предвидува конкретни мерки за намалување на емисиите на гасови штетни за климата. На пример, забрана за нови мотори со внатрешно согорување во целата Европска унија од 2035 година. Кандидатот за германски канцелар од редовите на христијанските демократи, Армин Лашет, веднаш рече дека тој не смета „оти политиката мора да одреди датум“. Од друга страна, шведската климатска активистка, Грета Тунберг на Твитер објави: „Ако ЕУ не го искине својот пакет # Fitfor55, светот нема шанси да остане под 1,5 степени на глобално затоплување“.
Колегите кои ги следат климатските промени во основа се поблизу со своите ставови до Грета Тунберг отколку до политичарот Лашет. Оценката е дека лошите прогнози се остваруваат толку бргу што прашање е дали тие ќе ја доживеат староста на политичарот од погоре! Дали политиката воопшто може да предвиди што треба да се направи денес, што утре а што за некоја година? Дали има начин да се прилагодиме на условите за живот на прегреана планета? Нашиот Бранимир Јовановиќ, поранеешен советник во Министерството за економија а сега како научник кој борави во познатиот виернски Економски институт, смета дека актуелните полави во Средна и Западна Европа мора да нè направат свесни за сериозноста на климатските промени и глобалното затоплување. И дека ни најбогатите и најразвиените нема да бидат поштедени. И дека мора веднаш да преземеме нешто во врска со ова, пишува тој на Фејсбук, „На индивидуално ниво, треба да избегнуваме да користиме коли, а наместо тоа да пешачиме и користиме велосипед. Да не трошиме струја непотребно. Да не купуваме работи што не ни требаат. Да рециклираме и реупотребуваме колку што можеме. Да не фрламе храна и други работи непотребно“ – вели тој. На неговиот пост на Фејсбук му одговори професорката и политичка теоретичарка Катерина Колозова. Нејзина оценка е дека промената на животниот стил на поединецот беше „во мода“ во 90-тите години, ама тоа не го спречи уништувањето на океаните, половите, Амазонија…
Јовановиќ вели дека и државите имаат обврска. „На државно ниво, мора веднаш да почне да се инвестира во обновлива енергија, а јагленот и нафтените деривати да почнат да се напуштаат. Да се инвестира во јавен превоз кој не загадува. Да се инвестира во енергетска ефикасност на зградите. Да се зголеми рециклирањето. Да не се сечат дрвја, туку да се садат. Можеби веќе е предоцна за да се спречат поголеми катастрофи, но ако не почнеме да делуваме веднаш и одлучно, за многу кратко време сигурно ќе биде“ пишува Јовановиќ.
Но сликите за климатските промени не трпат многу дебати! Летово, Германија беше соочена со една недела горештини – и државниот завод за статистика веднаш регистрираше единаесет проценти повеќе смртни случаи во овој период. Тешко е да се замисли што би се случило во земјата ако температурите се искачат на 46, 47 или 49 Целзиусови степени, како неодамна во канадското место Литон. Тоа се наоѓа северно од 50-тата паралела – точно на висината на малите германски градови како Бопард или Кобург.
Во летото 2019 година се забележани топлински рекорди низ целиот европски континент. Во јули таа година, во Германија беше измерена највисоката температура досега од 42,6 Целзиусови степени. Франција го урна својот рекорд на горештина двапати во 2019 година, со највисока измерена температура од 46 Целзиусови степени во јули. Климатските промени ја зголемуваат фрекфенцијата на топлотните бранови. Ова значи подигнување на нивото на донесување на времени мерки заради климата на многу повиско ниво. Бидејќи, против екстремните горештини речиси и да нема мерки на прилагодување, но во тоа барем малку можат да помогнат концептите за урбанистичко планирање: коридори за свеж воздух преку кои може да се изврши размена на воздухот, зелените површини, кои придонесуваат за намалување на температурата, наместо бетон и асфалт, кои дополнително ја складираат топлината. Може ли тоа да се забелеѓи во еден посериозен обем во Скопје на приемр? Секако не. Урбаната мафија секој ден, под било која влада едноставно ни го јаде здравјето, упорно и практично непречено. Тешко е да се најде градоначалник кој лесно не потклекнува под нивните притисоци! Што е ова што се случува пред Холидеј ин?! Има ли било какво оправдување за такво нешто? Создаден е модел на живеење од кој не бега никој – се повеќе „наполитанки“, се помалку здрава животна околина… Море дури и наполитанкишта…
Колозова е секако во право, бидејќи, интензитетот на тропските невремиња е поврзан со површинската температура на океаните и морињата. Ураганите и тајфуните ќе траат се` подолго, во Северен Атлантик и Северен Пацифик ќе има повеќе урагани со уште поголема сила. Јасно, постојат многу мерки кои нудат регионална или градска заштита од повисок вид. На пример, во богатиот Мајами Бич, постепено се поставува повисоко ниво на кое се наоѓа градот и се опремува моќен систем на подземни цевки, базени и пумпи, со цел и при сѐ покатастрофалните урагани и растечкото ниво на морето градот на богатите пензионери да не биде целосно поплавен. Постојат и многу такви концепти – па дури и ако со нив сигурно не можат да се спречат сите штети, кои ги предизвикуваатт екстремните временски прилики на денешницата, тие можат барем малку да ги ублажат димензиите на штетите. Во борбата против климатската криза, најважно останува брзо да им се стави крај на натамошните емисии на CO2. Но, не треба да се самозалажуваме – нашата глобалистичка свест не може да продре ниту на градско ниво. Како само не уништува тајкунската потреба да ни ги одземаат животите за грст долари, што би рекол Серџо Леоне.