Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОАЛИЦИОНЕН ГАМБИТ СО ЕДЕН ЖРТВУВАН МИНИСТЕР

June 4, 2018 Filed Under: Македонија

Заев објективно го смени само Алаѓозовски а отвори нови работни места и така се приближи кон можта евентуално да има 70 гласови во Парламентот. Од потребните – 80

РОТАЦИЈА Портретот на Владата нема многу да се смени – главно има ротации и притеснувања

„Една од причините зошто толку се вознемирив или, всушност, се разлутив е безобразлукот со кој тоа беше соопштено во јавноста. Имено, по единаесетте години башибозук и градење извесен култ кон неотчетноста, се чинеше дека протестите и незадоволството што конечно му ставија крај на таквото владеење претпоставуваa и една работа што досега не сме ја виделе на македонската политичка сцена: одговорност. Во најмала рака, признавам дека би сакала да видам барем глумење на одговорност, барем да видам срам од пазарџискиот и произволен начин на кој се носат одлуките“ – ова го напиша во својата колумна писателката Бужаровска откако се дозна дека министерот за култураРоберт Алаѓозовски ќе биде единствената жртва на кадровските промени во Владата.

За премиерот станува збор кадровско зацврстување со министри и заменици од нови партии во владејачката коалиција, за ВМРО-ДПМНЕ е пазарџиски потег за окрупнување на мнозинството со нови пратеници – така помина расправата за мини-реконструкцијата на владиниот кабинет. Власта и опозицијата се конфронтираа за тоа зошто сега и со кои кадри се освежува владата на Заев точно една година по нејзиниот избор. Премиерот чекорот го образложува со потребата од зајакнување на капацитетите, заради тешките реформи и прашања што претстојат, а опозицијата не му верува, тврдејќи дека презема несуштински потег – наместо да ги смени министрите кои не покажале резултатите, тој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, прави само политичка „шминка“.

ПРОШИРУВАЊЕ За Заев ова е проширување на коалиицониот капацитет

„Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и посветено ќе ги извршуваат своите обврски согласно законот и определбите на владата за исполнување на стратешките интереси на РМ“, изјави премиерот Зоран Заев.

„Денешниот предлог за реконструкција на владата е пазарџиска реконструкција која нема политичка содржина и политичка порака освен со зголемување на мнозинството со неколку праетници од сегашната опозиција. Премиере, она што не го правите денес, а сите го очекуваат е реконструкција на владата во ресорите во кои нема резултатите или пофрлања – труд и социјала, економија“, подвлече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Резултатите се видливи во Македонија и ќе ги видите колку и да сакате да зборувате дека е тоа идно време, резултатите веќе ги има, сепак да не заборавиме од каде почнавме“, истакна Заев.

„Вие и вашата министерка кои најавивте реформи, најмногу потфрливте, се` што ветивте, ништо не исполнивте. Вие сте овде прв и најповикан денеска да даде оставка зашто тоа столче не го заслуживте. Реформа не е да се тргува со националните и државните интереси“, кажа Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ.

ШТО ПА НЕГО Писателката Бужаровска е против начинот на кој се извршија кадровските промени во културата

Во клучен момент, како од аспект на разговорите за името, така и од апсект на задачите што ЕУ очекува да се завршат, премиерот се реши на 4 министерски и 4 заменички смени во владата – местата испразнети со заминувањето на Алијансата за Албанците, Заев ќе ги пополнува со кадри од 3 нови партии – ДПА, Беса на Африм Гаши и Сојузот на Ромите на Амди Бајрам. Ресорот критичен за реформите во судството – правда го презема Рената Дескоска која се сели од образование каде пак за министер оди нејзиниот заменик Арбр Адеми. Местото на Роберт Алаѓозовски во култура му се отстапува на Асаф Адеми, а за министер без ресор е предложен Бардул Даути. На листата за заменици-министри во надворешни работи, здравство, труд и социјала и транспорт се Андреј Жерновски, Асим Муса, Ѓонул Бајрактар Садик Беќири.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet