Во последните 7 години благодарение на СДСМ ние станавме земја членка на НАТО и земја која што ги отвори преговорите со ЕУ, претседававме со ОБСЕ една година и бевме домаќин на преговори помеѓу други две држави кои што имаат нерешени прашања помеѓу себе
„Ние сме ги виделе ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ како функционираат 10 години заедно. Од тоа нивно функционирање 10 години заедно останаа жални врби, стиропор, споменици во центарот на Скопје и кавги и тепачки за тоа дали да има џамија или црква на Калето и тепачки по автобуси. ДУИ владеел со нас 7 години, меѓутоа во тие 7 години благодарение на нас СДСМ ние станавме земја членка на НАТО и земја која што ги отвори преговорите со ЕУ, претседававме со ОБСЕ една година и бевме домаќин на преговори помеѓу други две држави кои што имаат нерешени прашања помеѓу себе. Ние станавме за 7 години од заробена држава слободна демократска држава која што стана фактор на стабилност на Балканот. И тука е разликата во владеењето бидејќи стожерната партија на градењето на демократијата, на градењето на демократските процеси во државата е токму СДСМ“ рече во интервју на Сител, Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ.
Тој додаде дека не може да генерализира за сите, но дека може да кажам дека персонално со дел од министрите на ДУИ соработува одлично.
„Министерот за финансии човекот деноноќно работеше, врвен економист, на антикризни мерки на обезбедување на финансиски средства со ММФ, заедно со Битиќи, заедно со Филип Николовски кој е исто така од нашата партија заменик министер за финансии, но имаше и други кои што не беа на висина на задачата. И го осудив она што го направи Али Ахмети на градскиот плоштад во Скопје со извиците УЧК, тоа се анахрони извици кои што врска немаат со паролата која што ја прокламира на овие избори европски фронт, мислам како вие ќе прокламирате европски фронт без ниту едно знаме на митинг на плоштадот во главниот град и со извици од пред 24 години кои што всушност само будат духови од минатото кои што се закопани“, потенцираше Ковачевски.
Тој додаде дека на тоа му парираат и Мицкоски и Силјановска со нивната национална реторика.
„На крајот се потврдува дека единствена политичка опција која што е за градење на функционално мултиетничко општество во Македонија останува СДСМ“, заклучи Ковачевски.
Обраќајки се на присутните на митингоѕ во Македонски Брод, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, посочи дека не смееме да ја повториме грешката од минатото и да ѝ дадеме преголема моќ на десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи ги дека сѐ уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење.
„Денес сите ја видовте изјавата на претседателот на ЕС, Шарл Мишел, кој јасно порача и ЕУ и земјите кандидати да бидат спремни до 2030 година за прием. Не ги слушајте што зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ дека проширување нема да се случи. Така зборуваа и за НАТО и мораше СДСМ да дојде на власт, за да влеземе во НАТО. Така зборуваа и за отпочнување на преговорите со ЕУ, па мораше СДСМ да дојде за да отпочнат преговорите со ЕУ. Ако тие дојдат до власт, 2030 година ќе ги гледате Црна Гора и други држави како седнуваат на столчињата во Брисел, а нашето повторно со ВМРО ќе остане празно. Изборот е ваш, почитувани граѓани! Или ќе живееме во лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата екипа или сите заедно ќе изградиме слободна, просперитетна и европска иднина. “, изјави Ковачевски.
Ковачевски вели и дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власт, ќе стават рампа на патот кон Брисел и може да се збогуваме со Европската Унија.
„Слушнете ги само изјавите на Мицкоски и неговата кандидатка Силјановска и ќе ви стане јасно дека немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ. Напротив, ќе нè изолираат, ќе нè затворат, ќе нè скараат и со соседите и со меѓународната заедница“, вели Ковачевски и ги потсети граѓаните дека изборот на 8 мај е во нивни раце и само тие одлучуваат во каква Македонија сакаат да живеат.
„Јас можам цврсто да ви гарантирам дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европска Македонија и ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност“, порача Ковачевски.
Ковачевски ги повика граѓаните да гласаат за силен СДСМ во собранието и да не дозволат државата повторно да падне во изолација и да биде раскрчмена од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.
„Нашата мисија е Македонија да продолжи цврсто да гази по патот кон Европа и чекор по чекор да изградиме подобра иднина за сите“, заклучува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.
Лидерот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, неодамна им се заблагодари на Движењето ЗНАМ и на нејзиниот лидер Максим Димитриевски за тоа што застанале со ВМРО-ДПМНЕ давајќи поддршка за Гордана Сиљановска-Давкова.
Според Ковачевски, со тоа паднале маските и се разјасниле дилемите.
„На тој начин паднаа маските. Постојано говорев дека тој политички субјект е направен за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. На ист начин како што беа направени политичкиот субјект НСДП и Демократска алтернатива“, рече Ковачевски на вечерашниот митинг во Македонски Брод.
Претседателот на СДСМ додаде дека на крај нив и нивните поддржувачи ќе бидат отфрлени и заборавени, па ќе треба да се вратат во СДСМ која, вели тој, секогаш ќе биде стожерна, најсилна и најголема социјалдемократска партија во Македонија.
Пред Ковачевски вицепремиерот Бојан Маричиќ го нарече движењето на Димитриевски дериват-партија, која е создадена да ѝ помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт.