Четири и пол минимални плати биле потребни за една потрошувачка кошничка во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а сега се потребни 2,1 минимална плата. Дали ССМ прави превиди во своите пресметки на инфлацијата и на трошоците на живот?
![](http://globusmagazin.mk/wp-content/uploads/2023/03/da-naplatime.jpg)
„Јас сум човек којшто секогаш сака да ги унапредува работите, а со ова се потврдува дека е унапредено во однос на она што сме го имале пред шест години. Четири и пол минимални плати биле потребни за една потрошувачка кошничка во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а сега се потребни 2,1 минимална плата. Подобар показател од тоа – нема“, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на ТВ Сител
За една потрошувачка кошничка во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа потребни четири и пол минимални плати, а сега за една потрошувачка кошничка на граѓаните им се потребни 2,1 минимална плата.
Ова во вечерашното гостување на „Тема на денот“ на ТВ Сител го изјави премиерот Димитар Ковачевски кој порача дека стандардот на работниците кои работат за минималец е двојно зголемен.
„Јас сум човек којшто секогаш сака да ги унапредува работите, а со ова се потврдува дека е унапредено во однос на она што сме го имале пред шест години. Четири и пол минимални плати биле потребни за една потрошувачка кошничка во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а сега се потребни 2,1 минимална плата. Подобар показател од тоа – нема“,
рече Ковачевски и додаде дека од статистиката и од фактите не може да се побегне.
Ковачевски изрази задоволство што решенијата за усогласување на минималната плата даваат резултати и што со мартовската исплата минималецот ќе изнесува 20 175 денари.
Прашан како ги коментира пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), според кои, на едно четиричлено семејство само за храна и пијалаци му требаат 20 илјади месечно, но и дека за една година потрошувачката кошничка е зголемена за речиси 15 000 денари, премиерот нагласи дека во пресметките на ССМ е направен превид.
„Постои недоследност во пресметувањето бидејќи според последната пресметка, дали заради превид или заради одредена техничка грешка, постои двојно пресметување на инфлацијата“,
рече Ковачевски.
За ова претходно денеска говореше и министерот за економија Крешник Бектеши, кој кажа дека постои грешка во утврдувањето на висината на потрошувачката кошничка и таа не изнесува 50 000 денари како што покажуваат податоците на ССМ, туку, како што рече, не надминува 43 000 денари. Ова, како што рече Бектеши, го утврдиле неговите соработници и советници.
И министерот за економија Бектеши, но и премиерот Димитар Ковачевски најавија дека в понедлник во Министерството за економија ќе бидат повикани претставници на Синдикатот во однос на увидената недоследност во претсметката на висината на минималната потрошувачка кошничка.