Ова го подвлече потенцијалниот наследник на Заев во партијата Димитар Ковачевски, кој е инаку син на некогашен градоначалник на Куманово од редовите на социјал-демократите
Социјалдемократите ја започнаа внатрепартиската процедура за избор на нов лидер, по оставката којашто ја поднесе Зоран Заев, по изборниот дебакл на локалните избори во Северна Македонија. Прв во офанзива за освојување на партискиот трон тргна Димитар Ковачевски, заменик-министер за финансии и близок соработник на Заев. Иако се шпекулира дека на листата на кандидати во текот на неделава, веројатно, ќе се појават уште неколку имиња, коишто имаат амбиции да застанат на чело на партијата, засега само Ковачевски ја најави својата кандидатура. Тој во интервју за државната новинска агенција МИА тврди дека „не е ничиј човек“, но од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинија дека „е пион на Заев и човек на олигархијата“. Според нив, конгресот на СДСМ е само фарса.
Во понеделникот наутро Димитар Ковачевски беше гостин во „Утрински брифинг“. Беше пречекан со прашањето дали ја прочитал оценката што за него ја даде Христијан Мицковски
– Ги видов неговите коментари. Јас сум човек со високо ниво на интегритет и веќе 30 години сум во СДСМ. Имам голема почит кон Зоран Заев оти тој ги донесе најтешките одлуки. Секој човек со интегритет својата независност ја докажува преку делата, вели Ковачевски за Утрински брифинг.
Следното прашање беше дека Заев укажал дека има голема доверба во Ковачевски, иако досега не бил во висока и истакната позиција.
– Секогаш моите односи со луѓето ги градам врз основа на вредности, принципи и искреност. Кога приоѓам кон она што ми е работа не го правам тоа на наметлив начин, вели Ковачевски.
Дали Ковачевски се доживува како технократ или политичар? – беше слното прашање.
– Постојат два аспекта на политиката. СДСМ најголем дел од времето го помина на надврешна политика и сега сме членка на НАТО и сме на пат кон ЕУ, што зависи од разговорите со Бугарија. Сметам дека голем број процеси внатре во државата беа запоставени, како и ветувањата шт беа дадени пред граѓаните. Правната одговорност е дадена со закон, но постои и менаџерска одговорност за извршување на задачите – ако не се завршат задачите треба да има промени, вели Ковачевски.
Политичкиот популизам не му беше туѓ ни на Заев.
– Верувам дека треба да се слушне гласот на секој член на партијата. Но, не е доволно да се слуша, треба и да се применува. Во рамки на државата е да кажете што ќе направите, а кога ќе направите да сметате дека може и повеќе. Стратегиска цел на партијата е отворање на преговорите со ЕУ. Ние веќе соработуваме со меѓународни компании, кај нас се произведуваат сложени системи, на пример делови за „Мерцедес“. Ако воспоставиме систем највештите да се вклучат во системот, Македонија може да исчекори, вели Ковачевски за Утрински брифинг.
Дали Македонија е подготвена за скок од општа политика во технократско извршување?
-Треба да се привлечат експерти кои ќе се вклучат и во партијата но и во државата. За граѓаните се важни и општите политички теми, за што имаме како СДСМ добар напредок со решавањето на проблемите со соседите. Сега треба да се адресираат проблемите со корупцијата што треба да го страт институциите. Но, граѓаните ги интересира стандардот, вели Ковачевски.
Се вели дека СДСМ има добри идеи, но потешко ги реализира?
– СДСМ е најголема партија во државата и на партиските избори моѓат сите да гласаат, Ние имме најдобар кадровски потенцијал. Сметам дека треба да се направи нов тим со вклучување нови луѓе кои ќе придодадат со својата енергија, вели Ковачевски.
– Корупцијата е лоша за целото општество и од аспект на конкуренцијата и намалување на слободите. И тоа мора да се адресира. Судството и Обвинителството мора да бидат независни и мора да ја зголемат ефикасноста. Мојот став е нулта толеранција за корупцијата и сѐ да се работи по закон и процедура. Откриената корипција мора да се санкционира, вели Ковачевски.
Фаворит на Заев или „ничиј човек“ – беше појдовната основа за од МИА кон Ковачевски. Па се поаѓа од тоа дека Ковачевски не чекал долго по оставката на Зоран Заев, да ја обелодени веста дека ќе се кандидира за нов партиски лидер. По одлуката на Централниот одбор на партијата, во петокот на полноќ, да ја прифати оставката на Заев и со тоа да го отвори патот за кандидатури за нов лидер, Ковачевски викендов преку интервју за државната агенција ги промовираше своите ставови и визијата за иднината на партијата. Порача дека „не е ничиј човек, туку е човек со интегритет и големо професионално искуство соодветно за позицијата претседател на СДСМ“.
Актуелниот заменик министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, изјави дека не го загрижуваат коментарите дека е човек на актуелниот премиер Зоран Заев и „маша“ која треба да ги продолжи „погубните“ политики на СДСМ, како што го обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека е ослободен од внатрепартиски поделби и игри кои ги смета за непродуктивни.
Ковачевски наведува дека „многу брзо“ ќе ги демантира „етикетите“ кои му ги дава опозицијата со тоа што, како што вели, ќе постигне резултати со работа. „Мојот фокус е да донесам квалитетни промени кои граѓаните и нашите членови ги очекуваат, но и многу брзо ќе ги препознаат“, вели Ковачевски. Според него, државата освен решавањето на „историските проблеми со соседите“, треба да се фокусира и на клучните проблеми дома, на борбата со криминалот и корупцијата, реформи во судскиот систем, јакнење на економијата и подигнување на животниот стандард на граѓаните.
Шпекулациите дека Ковачевски е фаворитот на Заев за негов наследник беа подгреани уште минатата недела, кога тој се појави заедно со премиерот на средбата со лидерот на Алтернатива,
Во однос на кандидатурата, тој вели дека неговата цел ќе биде обединување на СДСМ и симпатизерите и тоа пред се поради резултатите на локалните избори.
Шпекулациите дека Ковачевски е фаворитот на Заев за негов наследник беа подгреани уште минатата недела, кога тој се појави заедно со премиерот на средбата со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на преговорите околу окрупнувањето на парламентарното мнозинство.
Внатрепартиски избори во СДСМ по пат на непосредно гласање ќе се одржат на 12 декември. Овој датум се совпаѓа и со внатрепартиските избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Ковачевски тврди дека има големо искуство за да биде лидер на СДСМ, од опозицијата тврдат дека со него нема ништо да се смени. „Димитар Ковачевски е син на Слободан Ковачевски, градоначалник на Куманово во времето на транзицијата. Таткото на Ковачевски бил и амбасадор на Македонија во Црна Гора, исто така поставен од СДСМ.