Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

КОВАЧКИ ГО ЛЕКТОРИРА ШОЛЦ – УШТЕ ЕДЕН БРУТАЛЕН МЕТОД НА ОВОЈ НАСИЛНИК КОН ЈАВНОСТА

July 4, 2023 Filed Under: Македонија

Шолц кажа дека стои зад тоа дека нема да има нови барања во пристапниот процес, само на ВМРО ДПМНЕ тоа не и се допаѓа исе обидува да го расипе впечатокот. Што ќе кажат сега и за изјавата на Борел за буигарското радио?

КРЕАТОР НА СКАНДАЛИ Пратеикот Ковачки е клучниот измислувач на афери и нивно „дување“ во редовите на ВМРО ДПМНЕ

Германскиот канцелар, Олаф Шолц на прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски кажа дека тој стои зад тоа дека нема да има нови билатерални барања и дека процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ ќе биде регуларен со сите постапки пропишани од ЕУ, потврди германист за „360 степени“, слушајќи го оригиналниот говор на Шолц.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обидувајќи се да креира проблем таму каде што нема, денеска на прес-конференција креираше конфузија дека канцеларот Шолц не го кажал зборот, гарантирам, како што се слушна на симултаниот превод од конференцијата. Според пратеникот Драган Ковачки од опозициската партија, Шолц не рекол дека гарантира, туку само дека не треба да има нови условувања.

Германистот со кој разговарале од „360 степени“ објаснил дека фразата што ја кажал Шолц, „dafur stehe ich“ се преведува како „јас стојам зад тоа“, но алтернативен превод на оваа фраза може да биде и „гарантирам“.

Слушајќи го оригиналот, германистот контактиран од „360 степени“ направил интегрален превод на изјавата на Шолц, која гласи:

„Тоа треба така да биде, да биде сосема регуларен пристапен процес, со сите постапки што Европската Унија ги управува и, се разбира, сите нешта за кои станува збор се запишани тука. Нема нови барања што се однесува до билатералната ситуација. И јас стојам зад тоа“.

Гледајќи го овој превод, јасно е дека и симултаниот превод доволно јасно и прецизно ја доловува поентата на Шолц, дека тој, како германски канцелар, гарантира дека нема да има дополнителни барања во пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ и дека тој ќе се одвива според европските прописи.

ГЕРМАНИЈА СТОИ ЗАД МАКЕДОНСКИТЕ АСПИРАЦИИ Треба ли толкувач за да се видат искрените зборови на Шулц – на средба со Ковачевски

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел смета дека за пристапувањето во ЕУ, за Северна Македонија нема пречки.Тој ова го изјавил за Бугарското национално радио, (БНР) одговарајќи на прашање кои ќе бидат следните чекори на Европската Унија ако земјава до ноември годинава не ги вклучи Бугарите во Уставот, како што е предвидено во т.н. француски предлог, за почеток на преговори за пристапување во ЕУ.

Според Борел, нема пречки за пристапот на С Македонија во Унијата.

„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиното пристапување во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди“,изјавил високиот преставник на Унијата за Бугарското национално радио.

Борел додал дека за спроведување на пристапниот процес, голема важност и улога играат добрата соработка, меѓу кои регионалната соработка и стабилизацијата, но:„Билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на пристапување“,вели Жозеп Борел.

БОРЕЛ За пристапувањето во ЕУ, за Северна Македонија нема пречки

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet