Ова го смета „папата на медицината“ – Рудолф Вирхоу, кој бара епидемиите да се третираат од повеќе агли. Тоа до сега не беше сторено иако се работи за пандемија која не може да се смири. Потребно е да не се чувствуваме како пасивни предмети пред катастрофа, туку како свесни субјекти пред предизвик.
Еуфоричниото зголемување на бројот на заболени од ковид, соодветно и бројот на починати од оваа болест често не води кон дилемата дали науката воопшто ја прочиала природата на оваа болест, со сите предзнаења за вирусите, но и дали општествата и поединечно и групно се подготвени да се борат со оваа ламја кој пред се е насочена кон цел лавиринт на сложени економски и социјални аспекти на кои почива модерното општество? Оваа дилема особено извира од фактот дека последниот брна на болеста просто ги заплисна најразвиените западноевропски земји, Русија и веќе „традиционално“ САД? Токму оние земји кои постојано се над амбисот – да воведат поцврст карантин и така да ги загрозат своите патеки на парите и да ги зарибаат своите мастодонтски механизми за нивно праваење, а со тоа и да сопрат пумпите од кои се храни социјалната интендатура? Или да се обидат, засега не многу успешно и едното и другото и така постојано да дозволат извирање на нови и нови кластери, ама, што е почесто да ги враќаат во живототкот и старите, каде еднаш заболените, п оздравени работници одново се соочуваат со кобната закана по нивното здравје?
Само накусо да се потсетиме – на 9 октомври се навршија девет месеци откако светските медиуми јавија за една мистериозна и опасна болест кој се заканува да стане светска епидемија. Новинасрите беа кионцентрирани на убиството на еден ирански генерал, за дивите пожари во Австралија и за хеликоптерската несреѓа во која загина кошаркарот Коби Брајант. Веста на Би-Би-Си, еден релеватен извор дека се појавила масовно вирално заболување во кинескиот град Вухан малку кого го врза за онаа љубопитност што болеста ја заслужува. На 11 јануари Кина призна дека во Вухан (каде болста опстојувала од дкемврив 2019 година) дека починала 61- годишна жителка на овој град. Кинеските научници пеоговорија дека се работи за тип на корона вирус и декае н ајслична болест на Сарсот.
На 28 јануари светот, Кина, Сингапур и Хонг Конг веќе бележеа 100 мртви.Три дена потоа Светската здравствена организација прогласи опасност од пандемија!
На 10 февруари светот бележеше 1.000 жртви. Во Кина имаѓше по 100 жртви дневно а болеста премина и во развиените земји на Западот.
Кога на календасрот го читавме датумот – 20 март светот ја доби 10.ппп -та жртва од кои само во Италија имаше над 4.000.
Не требаше да се чека многу за 100.000-та жртва. Тоа беше на 9 априол.
На 29. јуни билансот изнесуваше половина милион мртви.
Три месеци по ова сознание, на 29 септември СЗО објави дека светот веќе има еден милион жртви! Сето други е веќе тековно и затоа да се вратиме на почетното прашање – дали медицината е единствената која е одговорна за ситуација со ковид-19?
„Мостот“ „The bridge magazine,“ британско културно списание, посветува два последователни специјални броја на кризата со КОВИД-19. Ја нарекува оваа болест најголемиот предизвик на сегашноста, историски момент за земјите од регионот како и за целиот свет. Како такво, не може едноставно да не се анализира од гледна точка на здравјето и безбедноста, ниту како што тоа често се прави со контраст на овој пристап со неговото економско влијание. Наместо тоа, мора да се истражи целокупноста на неговото социјално влијание.
Разбирањето на овој феномен, вели магазинот, бара интердисциплинарен пристап: преглед на неговите различни димензии: социјални, политички, психолошки, антрополошки, културни и филозофски… Рудолф Вирхоу, кој се смета за основач на модерната патологија или, според неговите колеги, „папата на медицината “, рече дека„ секоја епидемија е социјален феномен што има некои медицински аспекти “.
Магазинот во последните два броја настојува да ја расветли оваа појава од што повеќе агли. Така, целта на овие две посебни прашања е да се стимулира размислување за пандемиската криза COVID-19 во целата нејзина сложеност и подобро да се разбере ситуацијата, создадена од оваа криза во регионот и во светот. „Мостот“ тргнува од убедувањето дека разбирањето на ситуацијата во која се наоѓаме е потребно за да не се чувствуваме како пасивни предмети пред катастрофа, но свесни субјекти пред предизвик.
Уредникот на последниот број наведе дека оваа пандемија е природна катастрофа. Сега сме надополнување и рафинирање на оваа изјава: самиот вирус е природен феномен, но неговото ширење и стапка на смртност се социјални, економски и, следствено, политички феномени.
Земјите кои најдобро се справуваат со пандемијата се токму оние кои имаат соодветни социјални услуги, т.е. до.соодветна јавна здравствена услуга, исто така, и тие се исто така места каде граѓаните имаат доверба во државата и обратно. Овој вид доверба постои кога граѓаните ќе видат што прави државата за нив, кога им обезбедува добар пристап до соодветни социјални услуги, вклучително и санитарни услови, така што довербата не е резултат само на просперитетна економија, туку и прашање на политичка волја. Понатаму, начинот на кој владите се справуваат со пандемиската криза, мерките што ги преземаат, се разбира, вонредните мерки, кои, пак, зависат од довербата на државата кон нејзините граѓани, влијаат на сите аспекти на човечкиот живот и еволуцијата на општеството и на политиката во иднина.
Магазинот смета дека оваа криза е повеќеслојна појава за која е потребна широка јавна дискусија, вклучително не само медицински експерти, туку и специјалисти од други области, особено хуманистичките науки, а исто така вклучително и граѓански организации и активисти. (Љ.К.)